Карловиќу, ја сум на твоја страна!
Ја брливи работи не подносам. Имав една другарица на времето (еј, немој да мислиш дека сум толку стара

), напињаше уште пред четириесет дена да излегува на кафе-пошто, нели и се смачило по цел ден дома и бла, бла, бла...не веруела као у суеверја дека морала да седи дома и да не гледа бел ден (по цел ден, пошто нели, многу била модерна)...и така, ја со разбирање, не ти смета тебе-мене па ич. Арно ама, после првото искачање (нали, пред 40-те дена) детево добива некој гаден осип и температура. Ја дома и појма неам што и се дешава, мирно и расположено си пиФкам кафе дента, коа ми ѕвони телефон и оваа распаметено ми вика дека детево има осип, и со цел (модерен памет) ме прашува, нали, дали дента коа сме излегле сум имала (знаеш кое-она еднаш у месецот што иде, она гадното?-е, тоа!)...бидејќи она ЗНАЕЛА дека ако некоја ваква тетка ти го види бебето пред 40-дена-оно аУтомаЦки се исипува...Така мисли модерната, современа мама, а ја простата си останав без зборови! Ја испаднав крива, бе???
И ова, навидум нема веза со цицка у кафич, но поентата е дека младиве мами ко да идат на курс за глупавост. Детето им е како моден додаток. Модерно е да да се шеташ со гол стомак во осми месец од бременоста. Модерно е уште втората недела од породувањето да си го донесеш бебето на работа. Модерно е да доиш у сепаре у кафич. Модерно е да возиш скутер на охридско во петти месец. Модерно е да се стегнеш на далеки пут (ил бар до Солун) при крај на деветти месец. Све као некој нешто знае. У секој случај, модерно е да се покажеш попаметна од мајка ти, на пример.
Финатава е што некој упорно се глупира, и коа нешто ќе заебе, има резервен кривец за тоа. Еве, ако некој фрли поглед кон доилка на клупа у парк-тој е психо-манијачен-перверт-со колосална изопаченост-и-дркач! (не знам како сме дефинирани женскиве). Абе, нека си седат и дојат домче, на мирно и сигурно место. И дете сито и цицка невидена!