Кој филм/серијал е подобар и зошто? A Quiet Place v. Bird Box

  • Креатор на темата Креатор на темата џимеј
  • Време на започнување Време на започнување
Полека сеа, у поглед на филм како филм сценарио,фотографија,приказна па и избор на глумци Shawshank е едно 200 години пред Escape From Alcatraz. Eдинсвено што ми се допадна повеќе кај вториот е што ја имаше онаа права затвореничка-напната атмосфера мрачен беше некако...подобар сетап-место на одвивање, нели прав затвор. Беше по морбиден - суров поточно реален делуваше како да си на лице место одлично завршена работи во поглед на атмосфера и автентичност. Иако се работи за интересен и добар филм, мислам дека споредбата не е на место од поглед на квалитет. По добра споредба е The green Mile vs Shawshank Redemption, e ова е веќе компарација на место :)

Баш поради ова што го наведе повеќе ми се допаѓа Алкатраз.Далеку од тоа дека е којзнае што подобар ама ете има некои работи(сам ги наведе) што повеќе ми се свиѓаат. Онаа морбидна и сурова слика на затворот како што викаш го доловува моментот.
Фанатик сум за вакви филмови со затвори,бегства,ограбување и сл.
 
Mал офтопик, ако сакаш филмови со затвoри и слично тогаш гледај ја серијава најдобра во историјата од тој тип.

Има избрано многу добри глумци за улогите во неа и е на некој начин отскочна даска за истите во нивната кариера понатака :)

Се извинувам за офтопик.
 
Далеку сте од темава. Нека се исцрпи дискусијата за овие два филма, за некој ден ќе добиете нова споредба на „затворски“ филмови па ќе можете да се искажете.
 
Една од темите која често ја запоставуваме па ја ваѓаме од дното: Кој филм е подобар, и зошто?

Watch-Buried-Movie.jpg Vs 127-Hours-movie-poster-James-Franco-stars.jpg

И запамтете, користете троа спојлери кога се зборува за крајот!
 
Единствено нешто што Закопаниот може да го понуди повеќе од 127 е глумата на Рејнолдс во филмот и сценариото, во се останато е далеку послаб филм од 127.

Гласам за 127
 
Зошто да не можат бе да се споредат? Имаат иста тематика не е битно дали едниот е според вистинска приказна или не овде збориме за филмови. Кога ќе го оставиме фактот на страна дека 127 часа е според вистинска приказна е ептен за никаде. Нема никаква напрантост и драма, ептен хепи беше овој и така со сите боички ич не ме бендиса, можеш комотно да прескокнеш пола филм и ништо да не испуштиш нема никаква скрипта. Закопаниов ми е далеку подобар, од секој аспект, од глума од сценарио, од скрипта, има и наппнатост и драма баш вистинска агонија, нема ништо поинакво во тие моменти без разлика на филмовите дали раката ти е заглавена или си закопан...Чесно мојот глас оди за Buried :)

ПС. Срдечно се надевам дека кај и да е ќе се исцрпи дискусијата :nesvest:
 
Не може да се споредат овие два филма за да оцениме кој е подобар.
Ај не туркајте со главата во ѕид: и двата се филмови во кои целото дејство се врти околу еден лик, кој се наоѓа во живот-или-смрт ситуација, заробен во мал простор. И тоа како се слични.
 
Ае вака. Burried е океј филм, како идеја. Меѓутоа е нереално да се споредува со филм кој ги има суштинските особености на филм нели. Она што го гледаме во Burried е монодрама, филм пренесен не преку филмски, туку преку церебрален пат, т.е го доживуваме филмот со самото тоа што се осеќаме клаустрофобично, без воздух и сл. Неможе да се каже дека е реално филмско доживување, уште помалку споредено со Бојл, бидејќи не е потполно логично-мрежа под земја, воздух после толку време дерење и палење оган, мислам втф. Плус и финтата со киднаперите не е доволно јасна.
Од друга страна пак 127 часа е филм во комплетната смисла на зборот, и ни нуди нормални филмски особености, како фотографија, актерска игра, развој на ликови бла бла. Башка тоа што Франко е феноменален во филмот, иако малце претераа со тоа хепито. Гласам за 127.
 
Кои ликови се развивале во 127?
 
главниот лик?
ОК :)

Немам многу време да се вклучам во дискусијава а осеќам дека ќе биде интересна, само ќе кажам дека за мене Buried беше многу по напнат, тензичен филм, иако се слагам дека е фикција во смисла дека некои сцени се нереални. Она што ми се допадна е што Buried е мрачен филм, каков што треба да биде за една таква ситуација, а 127 е премногу хепи за приказната. Тоа е веројатно единствената причина зошто 127 не ми се допадна колку Buried, мислам дека не е прикажан на начин кој го заслужува приказната и главниот јунак.

И не гледам што тоа Франко одглуми подобро од Рејнолдс, освен што поубаво можевте да го видите :)
 
И двата се нискобуџетни, а особено закопаниот. Добра идеја, а и реализација. +1 за 127ч заради убавите пејсажи на почетокот,а и двете типки не беа за потценување.Посебно Kate Mara, сестра и на Rooney Mara, наспрпоти саат и пол клаустрофобија.
 
Токму затоа :toe:

Токму за кое?

127 е досаден филм, ужасен...Не зборам за искуството што навистина го имал човекот според кој е направен филмот туку за филмот. Флешбаковите се бесмислени и досадни, не откриваат ништо за човекот, кој е, што е, како е, беа збунувачки и немаа никаква улога во приказната воопшто не ја направија поинтересна и возбудлива. Општо целата приказна и тоа како е претставен НЕ ми предизвика никаква симпатија кон главниот лик, јас навистина не разбирам што толку маестрално во филмот и глумата. Уан мен шоу без никакви емоции, епа како да ми биде интересен? Без да добиеш чувство на страв, копнеж по најблиските по семејството, без и некоја поголема волја за преживување, шо чоек ќе беше?
И Buried бил нереален, па да фиктивна приказна е како што кажа Исоно, ама за затоа 127 ви е реален 5 дена без циркулација е научна фантастика раката да не му стане црна :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom