Кој филм/серијал е подобар и зошто? A Quiet Place v. Bird Box

  • Креатор на темата Креатор на темата џимеј
  • Време на започнување Време на започнување
Неспоредливи се овие два филма, не е твоја грешка, грешка е на филмскиве модератори (морав да ве боцнам малце, шала :)).

Ја сам увреѓен и изненаѓен :pos:

Мене искрено и двата филма не ме бендисаа, затоа и не пишував споредба. Ставени се зошто се со слично дејство. Почесто би ставал споредба меѓу оригинал и римејк, ама приметувам дека на форумов нема многу луѓе што ги гледале оригиналите, и воопшто што гледаат постари филмови. Затоа одиме со нешто поново.

Оушн овде објективно тепа. Џимеј спомна дека ќе стави нова споредба, па оставам на него да го постави следниот „дуел“.
 
Не дека се нешто ремек дела, но за убивање време се ОК.
Општо, не преферирам ваков жанр, но кога би морал да бирам и да напишам зошто тој избор би одил Ocean's Eleven само ради актерската екипа. Познати фаци, то је. Не е првпат да оценуваме малце повисоко некоја пропадната инвестиција од филм само за нечие легендарно лице, па и цицка, газе. Се дешава.
:back:
 
Не дека се нешто ремек дела, но за убивање време се ОК.
Општо, не преферирам ваков жанр, но кога би морал да бирам и да напишам зошто тој избор би одил Ocean's Eleven само ради актерската екипа. Познати фаци, то је. Не е првпат да оценуваме малце повисоко некоја пропадната инвестиција од филм само за нечие легендарно лице, па и цицка, газе. Се дешава.
:back:

Сега, или не се добри зашто не го преферираш жанрот, или се пропадната инвестиција.

Кое е од двете?
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Филмот Italian Job може сам по себе да му биде на некого прекрасен, но кога ќе го споредиме со оригиналната верзија - филмот едноставно е "тиње".
Како може филм со Волберг да е блиску до добар, едноставно тој актер нема харизма за такви акционо-забавни филмови. Како второ, овој филм ми оди на нерви едноставно, бидејќи Нортон во него е потпросечен глумец.
А и што да очекуваме, кога бил приморан да го направи овој филм - договор со Warner или Universal, па овие му рекле "Мора да глумиш во овој филм".

И крајот...наспроти тој од оригиналниот филм? :devil3:

А од друга страна, ги имаме Клуни, Пит, Дејмон, Чидл и Гарсија во нивните најдобри изданија, под палка на Содерберг.
Неспоредливи се овие два филма, не е твоја грешка, грешка е на филмскиве модератори (морав да ве боцнам малце, шала :)).

Абе фала Богу, јас за себе си реков - го обо жавам. Не толку колку Оушн, ама доволно. Ја немам гледано оригиналната верзија, па најверојатно ради тоа немам замерки.
 
Ocean`s Eleven поради подобро собраната актерска екипа и незнам некако повеќе ми се беднсиа од Italian Job. И Италијанска работа е супер филм, не викам не, ама ќе го одберам Оушн само поради актерската екипа.
 
Ајде малку да ја оживееме темава, нова споредба:

I, Robot (2004) Vs Surrogates (2009)

images
images



Заеднички работи: и двата се Sci - Fi, и двата даваат визија за едно поинакво време во кое луѓето добиваат помош од машините за подобрување на животот (барем таква е идејата). Во едниот филм луѓето имаат Роботи кои им помагаат во секојдневните обврски, се додека еден ден тоа не отиде по ѓаволите. Во вториот филм луѓето се излежуваат и дебелеат приклучени на фотеља а за животот надвор се грижи нивна копија (или надградба so to speak...), т.е. Сурогат... додека и ова не отиде по ѓаволите.

И во двата филма има по еден централен лик (Вил Смит, Брус Вилис), кој е максимално присутен, скоро во сите цени, и преку кој е прикажано целото дејство на филмот. И во двата филма, научникот кој ги измислил Роботите/Сурогатите е истиот тип.

Трејлери:




Ќе се потрудиме во иднина да споредуваме еден нов (актуелен) филм и еден постар, така да и темава да биде посвежа па како ќе го гледате новиот филм (во случајов Surrogates), ќе можете и да пишете.
 
Сурогати е подобар.
Тоа е филм со визија за сегашноста и иднината на човештвото и е доста пореален од Јас робот, затоа што роботите никогаш ама баш никогаш нема да развијат своја сопствена свест, туку секогаш ќе бидат потчинети на нашата воља и ќе бидат наши алатки.
Во Сурогати се опишува зависноста на човештвото од технологијата, од компјутерите и компјутерските игри и во него е мазно опишано како го живееме нашиот живот како компјутерска игра. Се додека реалноста не не удри од глава па конечно разбереме дека нашите животи се скршени и сме робови на сопствената технологија.
Се сеќавам пред многу години кога си дојдоа Вујко ми, вујна ми и братучеда ми од Белгија, мојата братучеда до тогаш немаше видено жива кокошка и бегаше од нив кога ги виде кај баба ми во село. Или не знам дали ја знаете анегдотата за девојчето на час по ликовно наместо селска кокошка нацртала бројлер пиле кое што го купиле од Веро. Денес поголемиот дел од човештвото живее во огромни бетонски џунгли, храната ја купува од Мегамаркети, мислат дека храната доаѓа од таму поим немаат како се одгледува и од каде доаѓа таа храна. Самите не се свесни колку се хендикепирани со тоа што не знаат да си ја одгледуваат сопствената храна, па го живеат животот како во филмот Сурогати јадат вештачка храна живеат вештачки живот и се забавуваат на вештачки забави, на крај краева остануваат скршени и зависни од антидепресиви.
Способноста да се одгледува и набави сопствената храна денес е на многу ниско скалило, денес се ценат компјутерските инжинери кои што креираат вештачки свет, каде што фармата на фејсбук е поважна од реалната фарма.......
 
Bump!

Апдејтирајте наслов. :)
 
И двата ми се тапа неможам оценка да дадам : /
 
Ќе се потрудиме во иднина да споредуваме еден нов (актуелен) филм и еден постар, така да и темава да биде посвежа па како ќе го гледате новиот филм (во случајов Surrogates), ќе можете и да пишете.

10 месеци подоцна,постов ми изгледа како неисполнето предизборно ветување карактеристично за нашите простори :( . Да бев опозиција сега би барал самораспуштање од страна на модераторите :)
*не сфаќајте ме сериозно али ако може живнете ја темата :)
 
10 месеци подоцна,постов ми изгледа како неисполнето предизборно ветување карактеристично за нашите простори :( . Да бев опозиција сега би барал самораспуштање од страна на модераторите :)
*не сфаќајте ме сериозно али ако може живнете ја темата :)

хаха, баш така :) Ја отворивме темава со многу ентузијазам, зошто ни изгледаше одлична идејата, а згора на тоа, теми како оваа правеа парче на некои странски форуми. Ама овде едвај мрдаше, иако ја имавме ставено во Важни, ретко кој се потруди да пишува. Во секој случај, чекам предлози за два филма па одма менуваме наслов. Мора и вие гласачите активно да се вклучите во проектот, за вас е темата :pos: (колку е лесно да си политичар, а?)

П.С. само гледајте, под нов филм не се подразбира некој што е во моментов на кино, затоа што многу малку луѓе го имаат гледано (неможност да се направи споредба) а и ќе си имаме работа со спојлери. Нека биде стар барем неколку месеци и до сега изгледан од мнозинството на форумов.
 
Requiem for a dream vs Trainspotting ???

Премногу тешко, Requiem го немаат гледано пола, Trainspotting ни 10%, + и многу тешки филмови. Дај нешто за пошироките народни маси. И да не е Twilight :)
 
^
Понестанав од идеи, Gladiator и Bravehearth можеби? :)(ако има поназад слична споредба се извинувам од напред)


--- надополнето ---

или пак Walk the line vs Ray (ма да сумњам дека се гледани филмовиве од 5%од форумџииве )
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom