ALL STAR 2009

  • Креатор на темата Креатор на темата Cayman
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Фернандез со ново забивање, микс од фудбал и кошарка...... искрено не ме бендисува најмногу на свет
 
добра замисла има типов само да не му се зафркне нешто и 1 ке биде:vozbud::vozbud::vozbud:
 
Го гледав забивањето што сака да го направи Фернандез. Ако успее од максимум 2 пати сигурно ке добие чисти 10ки од комисијата зашто е ептен ново до сега видено.
 
Мој фаворит за куцање натпреварувањето ми е Руди Геј,по мене моментално најатрактивно забива човекот.
 
Го гледав забивањето што сака да го направи Фернандез. Ако успее од максимум 2 пати сигурно ке добие чисти 10ки од комисијата зашто е ептен ново до сега видено.
каде го гледаше ај ако сакаш најди го да го гледам и јас:smir:
 
Одредени составите за НБА Ол Стар мечот

30.01.2009
nba-olstar09.jpg
Откако навивачите ги одредија стартерите за НБА Ол Стар мечот, тренерите на Западната и Источната конференција ги одредија уште седумте кошаркари кои ќе учествуваат на натпреварот кој е закажан на 15. февруари во Феникс.

Кошаркарот на Феникс Шекил О'Нил ќе учествува по 15. пат, а покрај него за Западот ќе играат уште:
  • Чонси Билапс (Денвер)
  • Пау Гасол (Лос Анџелес Лејкерс)
  • Дирк Новицки (Далас)
  • Тони Паркер (Сан Антонио)
  • Брендон Рој (Портланд)
  • Дејвид Вест (Њу Орлеанс)
Стартната петорка ја сочинуваат:
  • Бековска позиција - Коби Брајант (Лос Анџелес Лејкерс)
  • Крилен центар - Тим Данкан (Сан Антонио)
  • Центар - Јао Минг (Хјустон)
  • Плејмејкер - Крис Пол (Њу Орлеанс)
  • Крило - Амари Стадемаер (Феникс)
Тренерите на Истокот доверба им дадоа на:
  • Крис Бош (Торонто)
  • Дени Гренџер (Индијана)
  • Девин Херис (Њу Џерси)
  • Џо Џонсон (Атланта)
  • Рашард Луис (Орландо)
  • Џамир Нелсон (Орландо)
  • Пол Пирс (Бостон)
Додека натпреварот ќе го почнат:
  • Бековска позиција - Ален Ајверсон (Детроит)
  • Крилен центар - Кевин Гарнет (Бостон)
  • Центар - Двајт Хауард (Орландо)
  • Плејмејкер - Двејн Вејд (Мајами).
  • Крило - Леброн Џејмс (Кливленд)

Западот имаат подобра клупа, а стартните петорки се изедначени (овде ќе решаваат нијанси, нормално)
Се надевам на шоу на Коби Брајант :vozbud:
 
Ајде се ближи и тој момент кога ќе гледаме атракција, возбуда, забава, лудории и што ли уште не на едно место. Во Сабота према Недела во 2:00 h на Алфа ТВ (куцање, тројки и.т.н) а натпреварот е Недела према Понеделник исто во 2:00 h.
:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
 
Еве ви го забивањето на Фернандез што го планира. :)
http://sportdenes.com/index.php?option=com_content&task=view&id=2443&Itemid=41


ако лани хауард победи како супермен оваа година руди ќе победи со оваа 100%
знаеме дека натпреарот во забивање последните неколку години е во тоа кој повеќе е досетлив и ќе ја насмее побликата оваа година веројатно сите ќе носат костими кој на бетмен кој на спајдермен :toe:
 
Западот имаат подобра клупа, а стартните петорки се изедначени (овде ќе решаваат нијанси, нормално)
Се надевам на шоу на Коби Брајант :vozbud:
Kармело не игра годинава??? ? ? ?
 
Kармело не игра годинава??? ? ? ?

Не мислам не добил доволно гласови.

Инаку не ми е интересно да глеам забивања уште од сеа повозбудливо ќе е ако не глеаш.
Инаку од секад сум глал куцање,тројки... а никад ол старот натпреварот.За жал така ќе е и оваа година.
Иначе на алфа ќе даваат 100%?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom