Сеизмолошката опсерваторија за земјотресот
Скопје /08/01/ 14:18
Земјотрес со јачина од 5,0 степени по Рихтер е почувствуван денеска во 13 часот и 04 минути, е почувствуван во Гостивар, Дебар, Скопје, Тетово и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ во Скопје.
Епицентарот на земјотресот се наоѓа на 60 км. западно од Скопје, во гостиварското епицентрално подрачје.
Земјотресот најмногу е почувствуван
во Гостивар и околината, со интензитет од VI и VII степени според Европската макросеизмичка скала.
Во Скопје и околината, земјотресот бил со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала.
Извор