Нормално дека самосвесна и независна жена не е исто што и феминистка.
Феминистки знаеме дека постојат, но сеуште не е дефинирано дали постојат независни жени.
Има примери од такви?
Ај сеа и ти.
Што подразбираш под „независна“? Финансиски? Има, секако, секоја жена што е вработена и живее од својот џеб. Емотивно? Да, секоја што е сингл/невљубена. Општествено? Не, погоре Сатори објасни, во таа смисла сите сме меѓусебно зависни. Автокефална? Прави и` се много мерак у авто?
Затоа, подобро да не почнеме уопште да го дискутираме ова, зошто нема крај.
Примери ќе ти најдам, ама сто контексти има зборот, па настанува проблем
И ова, страшен оф-топик, ама морам:
Односно, потсвесно доаѓаат до израз твоите стравови дека мажите во тебе гледаат само како на сексуален објект.
А како треба да ја гледаат мажите? И зошто сите си го сфаќаат како навредливо тоа да бидеш посматран како сексуален објект?
Маж што има спрема тебе намери од љубовно-сексуална природа секако дека ќе те гледа како сексуален објект. За разлика од некој друг што те смета за другарка, па ќе те гледа како објект за социјално општење.
Партнерот е прво сексуален објект (објект за услишување на сексуалните нагони, објект за репродукција) па после се` останато (објект за емоционална блискост, објект за социјални односи итн.).
Така од секогаш биле поставени работите и не знам зошто би било навредливо или шовинистички нешто што е природно.
Дали девојка која е самосвесна и независна, која знае колку вреди и сама се пробива низ животот е исто што и феминистка?
Не знам каде си го чула ова, ама мене не ми е познато, а ни логично да ги поврзам дефиницијата со поимот.
Самосвесна, независна и жена што знае колку вреди, како што и претходно заклучивме, се крајно релативни карактеристики, што не е лесно да се одредат, препознаат, дефинираат и проценат.
Жена која сама се пробива низ животот може да е феминистка по игра на случајот, но никако по дефиниција, зошто способноста да успееш и да се погрижиш сам за сопствената егзистенција е се` само не феминизам.