Најкратко и најдецидно што можам.
Сигурно дваесет пати до сега сум спомнувал за една бела книга на активности кои што мора да бидат национална доктрина на луѓето во оваа земја.
Притоа,после усвојувањето,ниедна од партиите не би смеела ни за макац да се тргне од тој усогласен курс.
Меѓутоа,како ги подразбирувам работите по длабина и ширина,ми станува јасно дека тоа е прилично неможна мисија во Македонија едно затоа што ингиренциите,ставовите и суетите не дозволуваат да се најде особа (или институција) кој што ќе ги собере коџобашиите и ќе им понуди платформа која што ќе ги обедини, а второ затоа што самите политички лидери во Македонија се се друго ама не и себемислечки и самостални фактори.
Третата работа произлегува од тоа што дел од нив ги плаќаат и контролираат непријатели на Македонија.
При едни вакви услови,неможно е да се направи и утврди национална доктрина.
За жал !
Колку и да сакам,не можам да поминам на директните увреди кои што ги добивам од вујче од Америка и Трн у Око.

И едниот и другиот се пример за тоа како не смее да се размислува и каков човек не смее да биде дел од политичката сцена.
Викање,јаучење,па и пцуење се дел од политичкиот декор и вокабулар. :wink

кога имаш таква цел,т.е. да изнервираш,извадиш од кожа некого !!! )
Ама пред се и најважно од се...
успешниот политичар мора да биде добар проценител на можностите и таков кој што не затвара ниедна врата.
И во исто време,НЕ НАЈАВУВА удар `со труби еден месец` порано.

Поготово во делокруг на општење во кој што се наоѓа Македонија.
Соодветно,личните фрустрации и неуспеси на било кое поле никако не смеат да бидат дел или пак да имаат удел врз МЕНАЏЕРСКАТА работа на лидерот.
Фашизмот е за исфрустрирани ликови кои што не веруваат во самите себе.Такви кои што се кријат зад толпата и платените овации од нивните пулени.Меѓутоа,токму поради неразмената на материјал,мисли и разбирање фашизмот однапред е осуден на пропаст.
Притоа,во контекст на фашистите спомнавте двајца реформатори и луѓе кои што и ден денес стојат помеѓу 100-те највлијателни у светот на сите времиња,а имено Мустафа Кемал и Јосип Броз.
Ниеден од нив не бил класичен диктатор,и двајцата имале и те како сериозен тим на луѓе (внимателно и низ три реда на селекција одбран) кој што ги спроведува реформите.
Впрочем,ниеден од нив двајца (Трн и Гарфилд) не би бил жив во моментов кога тоа не би било така,т.е кога во нашиов случај еден од нив би бил класичен диктатор.
Се на се,кога сериозно дискутираме,прво и основно правило за лидер и реформатор мора да биде човек кој што има солиден бекграунд од менаџерско УСПЕШНО работење во фирми,таков кој што изградил сериозна листа на лични пријатели и познаници и таков кој што е вољен во интерес на државата на ЗАЛЕЗОТ од својата професионална кариера (сакам да кажам ИСКУСЕН) истите тие квалитети да и ги отстапи во одреден временски период на својата држава.
Дур ние добиваме... аматери со хај хоп`с.