Каде е националната доктрина?

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Локација
Дома
Веб-сајт
www.trn.blog.mk
Ќе дојде ли ден на обединување на граѓаните на Р. Македонија во едно одлучувачко тело некогаш, за конечно да се одлучи по кој пат ќе оди државата која ја градиме? Да одлучи како ќе ја градиме својата економија и стопански просперитет? Ќе постават ли граѓаните на Р. Македонија некогаш рокви пред себе за изградба на својата држава и својот менталитет според современите начини на работа и стремежи за развој, или ќе молиме ЕУ да не прими за да им се закачиме како крлеш повторно створувајќи од самите нас паразити? Ќе има ли некогаш национално помирување?

Скоро да имаме полнолетна држава која ги има сите карактеристики на терминот „банана држава“, која најболна точка и е скршениот `рбет. Наместо македонска национална доктрина имаме партиски програми и поделба според нив, а воедно мешање на истите фигури и бои во секаква ситуација, па колку и да е таа аполитичка.

Имаме дијаспора од која немаме сеуште видено ништо конкретно, а за тоа кој е кривецот? Јас го гледам во матичната земја. А не во нив.

Сеуште виреат носталгии и национални митови, а секогаш кривиците се на некој наш сосед или на некоја поголема сила која „не натерала“ на нешто.

Решете се веќе еднаш, ќе имаме наша држава, или да капитулираме?!
 
Види...обединување национално...па земи само пример со ставот во врка со името. Македонците се поделени по ова "прашање" во зависност од ставот на партијата на која се членови или симпатизери, а не затоа што тие така "мислат". И што очекуваш после за друго...

Имаш партии кои се во власт или опозиција кои никогаш нема да се поддржат меѓу себе за прашање од национален интерес, затоа што ако едниот кажал некоја добра идеја, другиот мора да биде контра него - затоа што му е политички ривал, нели.

Ќе се обединат кога ќе стигнат на некое ниво кога политиката ќе ја гледаат на друг начин, преку остварување на други, а не партиските интереси.
 
Дур се водиме од тоа на комшијата да му цркне козата, па и комшијата да умре ништо не правиме. А бидејќи секој си гледа за себе и ретко кој не е себичен и лаком, ќе си трпиме уште некое време - не ми изгледа на бргу обединувањето.
 
Види...обединување национално...па земи само пример со ставот во врка со името. Македонците се поделени по ова "прашање" во зависност од ставот на партијата на која се членови или симпатизери, а не затоа што тие така "мислат". И што очекуваш после за друго...

Имаш партии кои се во власт или опозиција кои никогаш нема да се поддржат меѓу себе за прашање од национален интерес, затоа што ако едниот кажал некоја добра идеја, другиот мора да биде контра него - затоа што му е политички ривал, нели.

Ќе се обединат кога ќе стигнат на некое ниво кога политиката ќе ја гледаат на друг начин, преку остварување на други, а не партиските интереси.
Државните интереси се секогаш во последната нишка, колку влади досега се сменија и е секогаш исто. Секогаш кој и да е на власт, или странците се криви а најчесто опозицијата е крива, што само дополнително се дели народот.

Пример ќе го земам и форумов како влијателен медиум. Главните дискусии се сведуваат на тоа дали некој политичар бил „фил“ или „ман“, наместо тоа каква економскан политика води во име на сите граѓани, и дали нешто се сменило на подобро и ако не, зошто не.

Почнав често да ги следам и странските форуми, поготово политика, никаде немаше полемика како што се води во Македонија, не само на интернет туку и официјално. Секаде налетав на критики кои одат на сметка на подигање или намалување на даноци, закони за работнички права итн. и сето тоа БЕЗ да се спомене политичката партија од која припаѓа политичарот.

Прво треба да се почне од политичката етика, за да се продолжи на работата. Ако воопшто има волја да се продолжи...бидејќи и капитулација е избор...
 
Treba da ucime od kletite ni sosedi koi ne mrazat!

Грција ја има националната идеја и план создадени уште од Метаксас, каде е речено дека Грција е онаа од антиката, дека сета древна историја е нивна, од кај нив започнува цивилизацијата и дека никој, ама баш никој нема право на неа освен тие самите, како и дека освен грк на овие територии никој друг не живеел поради што, тие се хомоген, чист народ, останатото е доселена багра.

Е, ако гледате примери низ историјата, се менуваат и кај нив влади и власт. Крал, генералите, крал, социјалисти, социјалдемократи, левици, десници, вакви-онакви, се карале и тепале меѓусебе, ама секоагш кога ќе дошле до оние, поставени граници вон кои не смеат да излезат оти ќе јас повредат националната идеја за самосвест, успевале да се потсмират и да намалат страсти, дури понекогаш и да напуштат власт ако било потребно.

Затоа се мезимче на западот, а се националшовинистичка вештачка творба со фашизоидни елементи, создадена од Англија и Франција како противтежа на Турција, а поради што трпи цел свет, посебно Европа, а ние сме кутрите виновници одбрани како такви, бидејќи само ние не успеавме да погледнеме подалеку од носот и да се обединиме за клучните, долгорочни нешта расправајќи се за краткорочните.

Национален план е минимум стогодишен, националната идеја е минимум двовековна. Ако се формира, создаде, таа не смее од никого да биде видоизменета додека не е исполнета потполно и во целост.

Кај албанците го имате идеалот вештачки создаден од Франицја, преку Призренската лига, која е формирана само за да се заобиколи Виа Игнација и дуригте транспортни рути кои оделе низ Кралството Југославија, а кои не им одговарале бидејќи завршувале во проблематичната Македонија пред да продолжат кон егејското Море.

Кај србите ја имате Стефановата доктрина дека србите се големи, на три мориња и на три мориња мораат да останат, формирана поради потребата да се себепознаат како подруги од оние чии слуги биле претходно и под чие влијание живееле. Дури и името им е такво. Слуги.

Кај бугарите, такуѓере, преземаат туѓа историја, се преименуваат во волгари, булгари и на крај бугари, под Калојан, за да можат да се разликуваат од оние чија култура и традиција ја преземале, а бидејќи под дејство на таа култура и традиција (наша впрочем) започнале да се претопуваат со што почнала да се губи довербата во своите велможи и да се превртува кон другите, оние претходните, писмените, со традиција.

Кај нас е започнат процес на формриање национален план и идеја, ама како и секогаш, недовршен и поради тоа веќе век и кусур се трвиме кому му епоголем не гледајќи дека од мерење кур не бива држава, а не ебат оние сите наоколу, малокурефци.

Кому му е јасно, јасно, кому не, нема да му цртам туку нека оди во играчница.
 
Национална доктрина не се прави со земјоделци и приучени економисти.
Со експерти како оној Гањо у македонскиот архив па ич.

Моментално национална доктрина број 1. е да се симне ДПБНЕ од власт.
Тек после тоа може да збориме за било што друго.
 
Најпрвин треба да се создаде простор за цивилно општество, кое што нема да биде привидно, каде што сите ќе бидат граѓани, кои ќе ги почитуваат законите и уставот на Република Македонија. Кога тоа цивилно општество ќе се тргне од канџите на државата, Македонија ќе може да ја крене главата и да погледне понапред.
Второ, кога би имало реално цивилно општество, би имало и поголем соживот,кој реално е потребен ако сакаме државата да оди напред.
Трето, МОРА ама МОРА да има смена на генерации. Верувајте најголемата штета се случува затоа што оние генерации кои го имаат главниот збор во Македонија се уште тажат по минатото, загубени се, навикнати се ЦК да им дава наредби што да прават, затоа и денес имаме таков проблем, односно чекаме да дојде Солана, Буш, Нимиц... за да ни каже што да правиме.

Ако размислиме малку подобро, ние сакаме од една федерација да рипнеме во друга без да размислиме како било до вчера. Народот е се уште навикнат да ја наведнува главата и да го применува методот - ќути си, трај си. Значи доколку во овој момент дојде до смена на генерациите и се внесе свежина во македонскиот политички систем, многу поинаку ќе се одвиваат работите.

Инаку на политичарите им одговара оваа поделеност и оваа омраза, затоа народот треба самиот да покаже подготвеност и сплотеност и кога тој народ ќе го притисне владејачкото тело, тогаш ќе видите како е можно да се има и национална доктрина и слично. Додека народот е инертен , додека нема цивилно општество, додека медиумите се во служба на државата и политичарите - заборавете на национални доктрини, заборавете на излегување од транзиција и заборавете на кревање на националната свест.
 
Ај уште едно интересно прашање. Кој треба да ја создаде националната доктрина и да им го покаже патот на граѓаните по кој треба да одат? Постои ли некој кој има таков кредибилитет и авторитет?
 
Не е проблемот во националната доктрина, ние си имаме проблем со авторските права на таа доктрина, чиј ќе биде копирајтот: на бране, на грујо, на......
 
Ај уште едно интересно прашање. Кој треба да ја создаде националната доктрина и да им го покаже патот на граѓаните по кој треба да одат? Постои ли некој кој има таков кредибилитет и авторитет?
По принцип МАНУ.
Али таква како што е,со тие уметници у неа...
тешко.
 
Ај уште едно интересно прашање. Кој треба да ја создаде националната доктрина и да им го покаже патот на граѓаните по кој треба да одат? Постои ли некој кој има таков кредибилитет и авторитет?

Нема, дефинитивно нема. Затоа што самите политичари немаат политичка самосвест, а не па граѓаните. Башка ниеден политичар го нема тој авторитет, таа харизма за да може да создаде таква доктрина. Најпрвин затоа што самиот народ е поделен и гледа само во партии. Претераната политизираност на самиот народ е можеби и преголема пречка, затоа што и да се појави таков човек и ако биде од партија тие што се за таа парија ќе го сакаат, тие што се против таа партија нема да го сакаат.

Да додам само: Демократијата почнува од доле, па оди нагоре во општеството.
 
По принцип МАНУ.
Али таква како што е,со тие уметници у неа...
тешко.
Тоа сакав да кажам.

Ама како што стојат работите сега, МАНУ постои само фиктивно. Таа зграда подобро да се преадаптира во нешто корисно, вака како што "работи" - само жив зијан прави и џабе струја троши.
 
По принцип МАНУ.
Али таква како што е,со тие уметници у неа...
тешко.

Не се согласувам со тебе. МАНУ треба да постои во друга форма, вака таа се уште ги влече квазисоцијалистичките корени и нема никава корист. Таму се уште поелитистички поставени работите, не може ни таму да има напредок. Не може да биде МАНУ, кога 98 посто од таму се крстат во пропаднат систем.
 
Таквите се обично лица кои за времето на нивното постоење и владеење, владееле со челична рака, народот скоро секојпат страдал, а потоа се запаметени во историјата како негативни личности кои сториле многу за своите држави.

Тоа треба да биде човек/лица, кои ќе ја земат власта, ќе наметнат на целата територија страв, терор и покорност, кои ќе имаат разуларени следбеници кои ќе чинат зулуми и прават ршуми, за на крај да ја етаблираат својата држава под сонцето, подготвени да бидат жигосани за навек како диктатори и нелуѓе, а сепак и како оние кои го дале конечниот правец за иднините кои допрва следат.

Треба да бидат лица кои ќе имаат толкава способност за саможивост, но и жртва (несвесни дека се жртвуваат). Не самосвест, саможивост, оти само саможив деспот може да гази по своите за да ги сочини јаки, цврсти, самобитни и непоколебливи, а истовремено да им влее страв во коска на туѓите и другите.

Звучи контроверзно, знам, ама така е.
 
Не се согласувам со тебе. МАНУ треба да постои во друга форма, вака таа сеуште ги влече квази социјалистичките корени и нема никава корист. Таму се уште поелитистички поставени работите, не може ни таму да има напредок. Не може да биде МАНУ, кога 98 посто од таму се крстат во пропаднат систем.
Не е проблемот во што се крстат.

Проблемот е што академиците ништо не академизираат. Тоа е проблемот.

Не може да се очекува од партија да поставува национална доктрина или стратегија, затоа што тоа ќе биде партиска програма, а не национална. Ете национална институција со академици, која би требало да измозга нешто кое ќе биде прифатено од народот, па и од политичките елити. Ама...слабо нешто такви проекти.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom