Го вртевме лепчето и паричката се падна кај ...?

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.516
Поени од реакции
8.226
овој празник, некако најкеф ми праи од сите, не до друго, има многу јака трпеза...
омг зелник... :vozbud:...
не е битно каде ке се падне парата, битно е тоа што цела фамилија се собираме заедно и вечераме... у тоа е финтата на бадник и божиќ, нели?
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
Кај мене во мало традиција е сите комши ( и пола струга ) се собираме покрај оган .... музика , јадење, пиење и се врти тоа лепчето кај што ќе падне тој е кум и организира за наредната година
 

Тикви4ка

Нарцис со сина крв
Член од
1 март 2007
Мислења
3.134
Поени од реакции
273
Обожавам празници ...
Кај нас вечер се оди во црква каде се пали бадниковото дрвце а потоа дома на вечера каде што вртиме лепче со паричка.. две години за ред ми паѓаше мене и стварно ми беа среќни тие две години ... глобално земено... лани ме утна за малку пош го местеа за кај сестра ми... А за годинава ке видиме

одох да се спремам јас
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.060
Кај нас на Василица е.Обичајот е ист како сегде.Паричката којзнае од кога ми се нема паднато...како мал секогаш беше кај мене, имаше 2 парички лепчето :pos:
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
не ми преставува радост пари4ката , туку што така целото семејство сме собрани заедно на вечера.. сите весели..
Само оваа година жал ми е што баба ми и дедо ми нема да дојдат, дека баба ми е болна и поубаво да остане дома.
 

Martin_GSM

бившиот torrent
Член од
13 април 2006
Мислења
2.076
Поени од реакции
68
кај мене па за бадник правиме питулици и вечерта ги јадиме со макало со лук а паричка вртиме на василица во мазник кој го делиме на 8 дела 7 сме во фамилијата и еден дел за куќата па така едни добри 2-3 години се паѓа кај куќата (и менваме ќерамиди, реновираме нешто...)
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.983
и ние вечер заедно најблиските на богата трпеза ќе бидеме
е сеа тоа паричката никогаш ми се нема паднато мене така да не се надевам многу
 

kapetan

Не сум дебел. Стомакот ми е 3D!
Член од
4 октомври 2008
Мислења
966
Поени од реакции
535
кај нас на овај ден нема леб со паричка мислам не се слави толку...само за Василица пита со паричка прат...и не знам не памтам дали ми се има паричка...лани мислам беше ама не се сеќавам многу...
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Лани се падна кај мене, оваа година кај куќата. Да сме живи и здрави! Инаку честитки до сите за празников! За многу години!:back:
 

the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Мразам празници и не празнувам со овие обичаи ништо...Не праиме дома кај мене пита со паричка а не ни намеравам некад да праам пошо останувам на тоа дека нема господ , нема севишна сила, па така нема ни потреба да му ги праам адетите...
 

Фокси

Talk nerdy to me
Член од
11 октомври 2007
Мислења
2.358
Поени од реакции
1.390
Кај нас се падна кај мајка ми...
Честито празник:pipi:
 

[zEUs]

Go England!! GO!!
Член од
1 јули 2008
Мислења
4.398
Поени од реакции
535
Kaj мајками, ние праемо дома и за бадник и за василица а и за уште еден празник...:)
 
Член од
20 август 2007
Мислења
2.252
Поени од реакции
312
Кај нас се в'ти лепче/мазник на Василица :smir:
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Луѓе, вие бадниковата вечера ја сервирате на маса или на под?

Кај мене традиционално на под.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom