Споредба на мобилните оператори и нивните цени

  • Креатор на темата Креатор на темата Dzish
  • Време на започнување Време на започнување

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Возраст
38
Локација
најчесто дома, освен ко ќе сум излезен...
Има ваква тема за фиксните оператори, па ајде да направиме и за мобилните. Т-Мобиле, Космофон или ВИП?

Конкретно мене ме интересира што се добива за претплата до 500 денари, пошто толку трошам месечно. Не користам фиксен, и активирам 200 за 200 што сметката доаѓа околку 500-550 денари.

Врска немам како се цените на останатите провајдери, имав договор на 24 месеци во постпедј со Т-Мобиле кој помина во Декември и се мислам дали да го продолжам уште толку? Ми одговара Релакс 250 тарифата, горе долу таман ми е, единствено што ме нервира е 3 денари надомест за секој остварен повик (не важи за повиците кон броевите во кругот ако имате активирано 200 за 200, или 200 за 400 зависи од промотивниот период) и активирањето 200 за 200.

Значи за релакс 250, цените се следни:

скапа тарифа 6.9 денари
евтина тарифа 3 денари
попуст 25% кон мојот круг (4 броја)

СМС порака 4 денари (кон мојот круг 3 денари)

Тарифирањето е по секунда.
И за сите релакс понуди, цената за минута разговор е горе долу иста + што се наплаќаат ПЕДЕРСКИТЕ 3 денари за остварување на повик. Додатна заебанција е што ако активирате 200 за 200 тоа додатно се наплаќа и не влегува во ПРЕТПЛАТАТА, иако сте потрошиле само 50 денари од неа.

За флекс 250 муабетот е

Една тарифа дење-ноќе од 6 денари минута,

Не важи мојот круг
не важи 200 за 200
смс порака е 4 денари

Тарифирањето се прави по секунда ОТКАКО ке помине првата минута, во превод наплаќаат за 1 минута иако си зборувал 5 секунди


Ме интересира што понуди имаат останатите? Вип, Космофон.... исплатливо е да се префрлам на друга мрежа?
 
Поради тоа што јас сум на Смарт 500 на ВИП ке ти го кажам следното:

5.5 денари ти е кон сите мрежи дење и ноќе
0 денари ти е кон сите ВИП броеви (и тоа двете години од договорот, имаш 1000 бесплатни минути мецечно)

Нема воспоставување на повик, тарифира исто како Флексот на Т-Мобиле - 1 минута, па по секунда.

http://www.vip.mk/cm/offer/postpaid/tariffmodels/smart/index.php

Моментно е далеку нај евтин Постпејд. Кој мисли дека не сум во право слободно нека пиши во темава :)

п.с. ПЕДЕРСКИ се тие пари за воспоставување повик дефинитивно... Исто како и ПЕДЕРСКИТЕ ситни букви во скоро секоја реклама. Затоа барајте продавачот да ви објасни убаво за продуктот што го купувате.

Друже....

Врска немам како се цените на останатите провајдери, имав договор на 24 месеци во постпедј со Т-Мобиле кој помина во Декември и се мислам дали да го продолжам уште толку? Ми одговара Релакс 250 тарифата, горе долу таман ми е, единствено што ме нервира е 3 денари надомест за секој остварен повик (не важи за повиците кон броевите во кругот ако имате активирано 200 за 200, или 200 за 400 зависи од промотивниот период) и активирањето 200 за 200.

На Смарт 200 кон ЕДЕН број на ВИП разговараш безплатно, а кон сите други ти е 6.6 нон-стоп, и не се наплака воспоставување на повик. Бегај од Релакс 250 што можеш по брзо.
 
Чек, а за овие цени во ВИП треба договор на 24 месеци, или може и без него? Пошто сега да речеме дека не земам апарат, и не ми треба договор. Така потпишав за релаксот, зедов сони ериксон к750и.

Патем, релакс ми одговараше пред 2 години кога потпишав, затоа сега се думам малку.
 
Да,да, треба да е договорот на 24 месеци за да ги земеш тие цени. А бизнис корисниците можат и со едногодишен договор.
 
OD RELAX na T-shit nema poloso na SVETOV.....po idiotski ponudi vo EVROPA NEMA od ovie ! ~VIP SMART 500 e za zamisluvajne malce......no po 1 godina da receme posto VIP imaat male pretplatnici site se na T-Shit i Cosmofon koj naskoro ke ima nov gazda so novi pomudi i + uslugi :))):vozbud:
 
Да, ама 200 за 400 е активно во викенди кон сите т-мобајл корисници. Тоа е голема предност, зборам колку сакам, за денар минутата. Незнам, ВИП имаат добра понуда, само слабо луѓево што го користат тој оператор.
 
relax? krazba :)
i ednas da go kazea toa vospostavuvanje na povik, da ne mi bese maka.

Fala bogu ako stvarno VIPovci go izbacile.
 
Им плаќам 1800 ден претплата на Relax...и пак ме дерат со воспоставување на повик!
А до пред некое време и наплаќаа 0,9 ден +ддв за минута во кругот на семејството!!!!
Сега е демек бе пари...ама пак 3ден + ддв за повик да ти воспостават...ама ако, ќе заврши договорот еднаш, а после, очи не ми гледаат!
 
И јас бев на Релакс Фамили 1000 за мене
и моите имаа уште една претплата 1000рка..
сеа како што ми доаѓа ги раскинувам броевиве од Тмобиле моментално сум стигнат на 1000 релакс и усте 500 друга претплата, таа илјадарката ја користат моите засега а овие петсто им ги плаќам а ич не ги користам нивните броеви наскоро треба да ми заврши договорот па да го раскинам.

Од неодамна зедов ВИП смарт петсто.. ем убаво бројче, ем пет и пол денари мин ем сите во Ресен сме на смарт и меѓусебно си правиме муабет... навистина топ.

А Т-мобиле и Т-хоме никогаш повеќе
 

Поевтина е минутата,ама истата цена е и кон Т-мобиле,а во ВИП спрема ВИП е бесплатно,или 17.5 сати кон сите броеви на вип(ова 17.5 сати е демек во рамките на фер користење)
А ова 500 денари претплатава,фактички ти е за на мобимак и космофон да звониш...
п.с Јас сум на Космофон БизнисМакс,800 денари претплата со ддв,не се жалам,ама вероватно ќе одам на ВИП...
Цени еве:
http://cosmofon.com.mk/webcontent/document_library/2009/cenovnici/PL_BUSINESS_MAX_16_FEB_09_MAK.pdf
 
Ме интересира што понуди имаат останатите? Вип, Космофон.... исплатливо е да се префрлам на друга мрежа?

Не прај таква фатална грешка! :tv:

Имам едно бројче на ВИП и едно на космофон. за космофон плаќам пенали оти изгор се.
поим немам како е вип со минута... оти и не разговарам многу на моб. имам активирано 1000 мин бесплатни со 1 број (што не се наплаќа плус) ама сите луѓе со кои контактирам ми се на т мобил така да исто ми се фаќа.
Не мењај оператор! Катастрофа се! :toe:
 
Абе работата е што најмногу зборувам со женската. Мене договорот ми помина, а нејзиниот ке помини наскоро и се думав двата да се префрлиме на Вип... ама никој неам на вип, ке скратам од меѓусебната сметка, ке кренам на останатата и исти курац... Нема некоја асолна и примамлива понуда за да го сменам т-мобајл.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom