Кич телевизии за кич народ. Тука малку ќе генерализирам. На телевизиите, да не откривам топла вода, им е најбитно да имаат гледаност и да земат паричка. Мислите гајле им е нив дали се кич или не дури луѓе ги гледаат? Yeah, sure. Сигурно не ја прават програмата на жими мајка, ваљда прво истражуваат што ги интересира луѓето.
Апропо тоа, без љутиш, ама додека нас (важи за населението во целост) не интересира тоа што они го емитуваат, истото ќе продолжи да се емитува. На пример, Ексклузив. На форумов и наоколу со полн гас се плука по него и по сличните на него емисии, ама да се запрашаме. Ако е толку срање, и ако никој не го гледа, како тоа срање опстоило на ТВ-екраните© толку време? Одговорот е едноставен. Луѓето ги интересира тоа. Едвај чекаат да слушнат кој кого истепал, кој е шема во моментот и кој со кој се смувал на Операција Триумф. Ако барем 60% од луѓето ги угасат телевизорите во време на емитување на таквите емисии, или уште подобро, ги фрлат/продадат/друго, јас сум сигурна дека нема повеќе да видиме ни к од кич на телевизиите.
©copyright гласот од рекламите на МТМ.