Дали јадете путер од кикирики?

  • Креатор на темата Креатор на темата goodman_91
  • Време на започнување Време на започнување

goodman_91

Бубалица
Член од
2 јануари 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
30
jpbc.jpg
290px-PeanutButter.jpg

Искрено јас го обожавам.
Првпат го пробав како мал, ми го донесоа од Америка, иако малце е чуден вкусот, но генерално е добар. Путерот од кикирики е еден од главните состојки во јадењата на американците. Се користи во 75% од домакинствата таму. Тие обично го мачкаат на леб, па потоа додаваат и џем, но мене така не ми се допаѓа, што знам. Потоа може да се додава на некои колачи, торти итн...
Во Македонија исто така се прави путер од кикирики. Го прави Агроплод од Ресен. Иако не е добар како американскиот, но врши работа. :)

http://en.wikipedia.org/wiki/Peanut_butter
 
Знам по филмовиве дека американците душа даваат за путер од кикирики:)
Eднаш во некој наш супермаркет случајно видов путер од кикирики ама не беше од Агроплод мислам дека и купив мало паковање како мало еурокремче што има:). Го купив за да видам што толку американците го спомнуваат и ништо посебно не беше. Мене не ми се допаѓаше. Не дека беше невкусен ама очекував многу многу повеќе и многу повкусно да е :icon_lol:
 
немам пробано! уствари имам пробано едни гризини шо се полни со путер ваков од кикиритки и многу ги бендисав!:):)
ако најдам негде одма ке купам да пробам...:wink:
 
Немам пробано...ако најдам некаде ке купам па ке видам каков е вкусот...;)
 
И јас немам пробано.
 
немам пробано а би сакала да пробам.
 
Незнаев дека има и кај нас!!!:vozbud:

Мора да купам едно паковање да видам што чудо е.
 
Го има во повеќето подобро снабдени маркети, дали на Агроплод или српски/хрватски увозен. Имам купено тегла путер од кикиритки 2-3 пати и многу ми се свиѓа, ептен е заразен, јас не можев да престанам да јадам. Затоа и не го купувам веќе. Не сакам да изгледам како Американка. :icon_lol:
Вкусот му е баш таков: како кикиритка, само многу помрсен, и нешто поблаг. Малку потсетува на Стоби Флипсот. И да, се мачка на леб! :Р
 
Сум јадела ама многу одамна сега не ми текнало , а многу е вкусен кога ке почне да се јаде немое да се престане
 
Само еднаш и никогаш повеке ..ај што не ми се допадна ама и никој нејкеше да го јаде и така остана подолго време за на крај да се фрли...
 
Имам пробано ама не го јадам често. Пробав од тој на Агроплод ама некако беше сув, недоволно мрсен (oбјаснувањево:nesvest:), инаку вкусен е. Ептен ги сакам соленките со фил од путер од кикиритки, најубави се. :vozbud:
 
еднаш пред повеќе од 8 годин имам купено кога агроплод почнаа да го прават, една тегла за мачкање на леб ама без млеко не идешеш никако, па таа тегла ја изедов и од тогаш во уста немам ставено. Не е лош ама пре би јадеч стоби флипс и ќе го добијам сличниот вкус само солен.
 
Аии многу ми се свиѓа, има чуден вкус ама мене ми е убав :) Од радозналост купив и уживам кога го јадам, но тоа е во мали количини зашто доста ми е благо.
 
Пробав од тој на Агроплод ама некако беше сув...
Да, беше порано сув. Тогаш не ставаа фолија под капачето и маслото се оделуваше од смесата, но сега е подобар (барем за мене). Ставија и фолија под капачето, а маслото не се оделува од смесата, при што е подобрен и вкусот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom