Владава премногу се саморекламира?! СДСМ љути.

  • Креатор на темата Креатор на темата bitushanec
  • Време на започнување Време на започнување
Можда има и посоодветна тема али нема врска, за владиното рекламирање станува збор и тука - колумна од ohridnews.com

Колумна: “Ферари те газит“

“Мене Фиат, мене Форд, мене Ферари, мене Шкода, мене Пежо,мене Југо,...Порше.........., а каква кола имате вие. И вие не сте исклучок......ова е реклама за...бла бла бла .....“

Така некако подолго време оди една реклама баш за .....за крастајци криви. Да баш за крастајци криви. Во ова реклама на почетокот дечиња кажвет каква кола ги згазила. Ете разбравме од нив која кола ги згазила ама незнам како блосов да му мавнам на тикварот кој ја смислил оваа реклама за него да го згазит. Комбајн? Катерпилар? Од Фикри машинана за дрва сечење? Шо било. Само парче да го напрајт. Мислел ли со црпката тој шо ова го смислил како делуват на дечињата кога ке ја слушет ова реклама и какви се нивните коментари? Думал ли тој со расолот дека ова нешто се движи од границата на морбидност до границата на бизарност?
ferrari.jpg

Ги слушам едни дечиња пред некој ден на улица си се прашвет меѓу себе која кола била поуба да ги згазит?????!!!! И да виш сите сакаа Ферари да ги згазит. Зато шо Шкода била никаква кола, а Ферари најмногу “шишкала“. Јадно па она детенце, кое после поделбата не колите шо би сакале да ги згазат му остана Југо???!!! Се искина од плачење зашо....“ како менееееееее југо да ме згазиииитт, а вас све модерни колииии, југовците се скапани стари колииии...од чичо не ни палииииитт....“.

Страшна работа. Не за дечињата. Ами за зелкарот шо ја смислил. Мислел бре тој каков е ефектот од ова реклама. Не вервам. Со слама не се мислит. А ефектот.....ефектот е секаков само не каков помислил дека требит да е овај некој наш рекламосоздаваетел. Создавател. Никој. Некој Петко петкосан. Нека шетнит по улици да ги чует реакциите и на возрасните посебно на родителите, како се се згрозвет и како коментирет за ваква глупост, повраќајнца, болваница, ваква ......све ваква само не реклама за кампања за безбедност на....дрн дрн јарина.
Коа ги слушнав дечињата како си ги поделија колите шо треба да згазет се наежив и таман се прибрав и одма се штрецнав кога она сиротото шо му остана Југо да го мачит во газењето му рече на најважното ( идната жртва на Ферариот ) : .....“ нееее мореееееееее прост еден. Навистина се згазени и сега како духој дојдоа од кај дедо Господ само да ни кажат шо кола ги згазила......„“ Морбиден ефект. Грозен ефект. Страшен ефект. Бизарен ефект. Никаков ефект.
Уште ова на крај: “.....а каква кола возите вие? И вие не сте исклучок...“. Ми коби тикварот. Се наежив. Мачнина ми дојде. Ми се притотоли. Форд бе зелкаааааар. Форд возам алооооо. И веке не го сакам. Кое дете ке сака Форд да го згазит покрај Ферарито од повракајнцата од реклама? Абре чоек не сакам да ме мразат децата зашо неам Ферари за да ме одберат да ги згазам. Ц..ц...ц...ц
Апелирам до сите надлежни да се тргнит ова реклама од целиот етер во државава. Апелирам и до вас медиумите да ги баталите придобивките ( ако ги имате ) од оваа кавази реклама и вие да извршите притисок, нарачателот да ја повлечит оваа повраќајнца, а ако не:
ГОСПОД на сите да ни даде
СИЛА да го издржиме она што неможеме да го промениме
ПАМЕТ да го промениме она што можеме
и
РАЗУМ да направиме разлика помеѓу едното и другото
Џими
jimmy@t-home.mk
 
Точно е тоа ама планираната цел е друга цел а не како што сакаш да ја прикажеш.

Планираната цел е постигната:
-Перење пари
-Перење мозок
-Контрола на медиумите

Ќе ми посочиш некоја друга цел ?

Или можеби мислеше на "цел", слична ко ова погоре што стои во колумната која Јован ја постираше.
 
Колумна: “Ферари те газит“

Коа ги слушнав дечињата како си ги поделија колите шо треба да згазет се наежив и таман се прибрав и одма се штрецнав

И мене не ми се свиѓа таа реклама. Мислам дека нема повеќе да ја даваат. (хехе, мислам после изборите - кога пак ќе почнат со реклами, оваа реклама нема да ја има).

gwujo so leva raka dava denar, a so desna bara da mu vratis dva denari
kapiras tesko a...:nenene:

Тешко капирам.
Уште потешко капирам зошто не ти чини Грујо кога тој ти давал со една еден денар, а со другата ти земал два, во споредба со СДСх (Б.Ц., Хари или Бучко) кои ти земаа 3, а ти даваа половина денар колку да преживуваш?
Капираш ти? Уште потешко, а ... :raz:
 
Абе убавина,просто да посакаш да бидеш прегазен од ваљак.:smir:
 
Тешко капирам.
Уште потешко капирам зошто не ти чини Грујо кога тој ти давал со една еден денар, а со другата ти земал два, во споредба со СДСх (Б.Ц., Хари или Бучко) кои ти земаа 3, а ти даваа половина денар колку да преживуваш?
Капираш ти? Уште потешко, а ... :raz:
И нема да укапираш.
Да плаќаше давачки (даноци) пред 4/5 години, можеби и ќе можеше некако да го споредиш нивото на плаќањето со денес, па ќе укапираше.......а не само да млатиш празна слама.

Капиши ?
или пак тешко :)
 
Аман со тие реклами досадни се веќе. :music5:
 
Аман со тие реклами досадни се веќе. :music5:

Тоа не се реклами бе,тоа се само недостатоци на вистинска реалност по медиумите,што би рекол малиот Ајнштајн:
-Клипчињата на Македонската влада се само потполнување на времето кога треба да се продолжи со продажба на бубрези за мадиња кај гледачите,за да немаат време и да размислат дека некој ги дупи на здрав мозок.:toe:
 
dobro be vie doma dalechinsko nemate li? ako tolku ve nerviraat reklamite, zemete smenete go programot a?
 
dobro be vie doma dalechinsko nemate li? ako tolku ve nerviraat reklamite, zemete smenete go programot a?

Па ги расипавме од менување за овие 2-3 години,јас веќе користам 4то далечинско,а за батерии и да не ти кажувам.Проблемот е што секогаш кога ќе смениш,веднаш и таму се појавува речиси синхронизирано,некој спот за “самоспознавање“ или Владино ЕПП замислено од фабриката на владата.:toe:
 
Abre gerasim ti nishto neznaesh,ti shtom ne gleash reklami mora da si od Predavnicite ili Srbokomunjarite...da beshe patriot kako Dame kje gleashe deset pati dnevno reklami od vladata.
mnogu zalam sto sum gi propustil reklamite... zalno e sto nesum niti predavnik uste pomalku srbokomunjar!a poraka do dame neka ne trga pogled od reklamite da ne ispusti nekoj kadar taka mozebi ke stane poglem patriot.
da go citiram Bora corba: za ideale ginu budale.:tv:
 
Планираната цел е постигната:
-Перење пари
-Перење мозок
-Контрола на медиумите

Ќе ми посочиш некоја друга цел ?

Или можеби мислеше на "цел", слична ко ова погоре што стои во колумната која Јован ја постираше.

Види вака.Со големо внимание ги читам твоите постови и коментари.Еднаш веќе ти спомнав дека имаш несомнено јак и разновиден речник.Ајде би рекол речник на образован човек.Но ти твојот речник воопшто не го користиш за тоа некому да му докажеш дека рекламите се она што велиш дека се.Мислам дека тебе баш те заболе за 5 или6 реклами што се вртат по телевизиите.Кај тебе се работи за друго.За тебе сето ова е само натпревар на зборови,натпревар на речник и трпение.Во одредени моменти дури сето ова те забавува.И така веќе во следниот момент човек можи да те види како задоволен триеш раце и си горд на тоа што некого си го "Демаскирал" или како некого си го направил попара или како оној нама мадина да полемизира со тебе.Еднаш ти реков како си "оглдедало" на владеењето на тие што ги браниш и веднаш се покајав дека можеби сум погрешил за тоа што сум го рекол, но не било грешка ти и си токму тоа.Своевремено и Бучко се фалеше како Ѓочев го направил попара со тоа докажуваќи дека самиот се направи попара.И самиот добро знаеш дека секоја реклама е на место со мали исклучоци и дека го постигнуваат бараниот ефект.Зошто?Па види го форумов.Или се правиш слеп па неможеш да видиш на што личиме?Целиот форум го преплавивме со "комуњари,бугарофили,србомани ,вемеровци" и што уште не.Епа тие реклами биле за тоа.За да се разбуди малце Македончето затоа што ќе се сложиш со мене некако споро се буди.Ја спомнуваш Хрватска но во хрватска не се занимаваат со тоа кој е поголем Хрват.Немаат таму словеномани италомани и србомани.Јас би рекол дека рекламите се потребни токму заради вакви како нас на форумов.За луѓе кај кои се уште не се пробудила националната свест.Не ти држат нити коментарите дека смртно си заинтересиран каде се твоите пари каде се трошат затоа што добро знаеш ти каде се а добро знам и јас.Не знам од кое место си но нема везе на секој излез на поголемите места во Македонија во т.н.индустриски зони ќе ги видиш твоите пари во вид на мали фабрики и погони,авто салони и што уште не кои се збираа во периодот од 1990-1998г.кога капиталот кој го поседуваа работниците се префрли во рацете на нивните директори кои беа оружјето на нивните партиски шефови.Сега можи ќе те погоди ова пошто на власт беа твоите пулени но ти добро знаеш што тогаш се случуваше и што се работеше.Тоа што после го продолжи ВОЈВОДАТА е само шлагот на тортата која ја замеси СДСМ.Не ти држат нити забелешките за сегашниве во владата.Ти велиш демек сето било селјак до селјак тек тук по некој образован.Зошто не се замислиш пред нешто да напишеш.Што вредеше кога се беа експерт до експерт.Еве на кое дереџе не дотераја.Би било добро кога со речникот со кој располагаш ни докажеш дека посраните реклами не се твојот проблем.Твојот проблем погоре ти го кажав.Нека не те храни тоа што некого си го надзборувал затоа што тука ја откриваш и твојата слаба страна оти кога ќе забележиш дека некој те втерал в ќош распалуваш со најотровните зборови што може една уста да ги изговори и тогаш самиот се демаскираш мислеќи дека некого си демаскирал.И самиот гледаш дека и ти се вртиш во круг враќајќи се секогаш на перењето на мозокот.Биди доблесен и признај без разлика на кого припаѓаш дека и противникот има убави работи кој заслужуваат респект.Некој некогаш рекол дека"Ниеден противник не се потценува"тоа би требало вие најдобро да го знаете.Многу се распишував нека биде толку од мене.Поздрав и без увреди.
 
... И така веќе во следниот момент човек можи да те види како задоволен триеш раце и си горд на тоа што некого си го "Демаскирал" или како некого си го направил попара или како оној нама мадина да полемизира со тебе. ...

Се препознав во погорната твоја реченица што му ја упатуваш на реален_07.

Поздрав до тебе пријателе. Можеби во многу работи ќе се поклопиме во размислувањата, а и во многу работи ќе се разидуваме - паметниот збор вреди да се чуе од секого (и истомисленик и неистомисленик).

Јас малку поинаку размислувам за него - Ставив едно “ИГНОРЕ“ - и нема него да му одговарам. Ама пораката што вака јавно си му ја упатил е многу одмерена и има интелектуална тежина. Ако има некоја вредност кај него - ќе се замисли што си му напишал.

Поздрав, damemakedonski@gmail.com
 
Види вака.Со големо внимание ги читам твоите постови и коментари.Еднаш веќе ти спомнав дека имаш несомнено јак и разновиден речник.Ајде би рекол речник на образован човек.Но ти твојот речник воопшто не го користиш за тоа некому да му докажеш дека рекламите се она што велиш дека се.Мислам дека тебе баш те заболе за 5 или6 реклами што се вртат по телевизиите.Кај тебе се работи за друго.За тебе сето ова е само натпревар на зборови,натпревар на речник и трпение.Во одредени моменти дури сето ова те забавува.
Види Karlos.
Уште на почеток да ти напоменам дека си ја утнал суштината на дискусијата. Овде, на ова тема, не се полемизира за Реален_07, туку за владините реклами.
Но бидејки го ценам твојот труд кој си го вложил во репликата, од чиста култура ќе се обидам да ти одговорам.

Како прво, велиш дека ме заболе мене за 5/6 реклами.
Значи вака:
Да земеме дека еден спот од околу три минути, оди најмалку по три пати дневно во ударни термини на една телевизија.
Значи тоа се 540 секунди дневно за еден спот на една телевизија.
Е сеа.
540 секунди по 100 евра (пазарна цена) од секунда, ти иде некаде околу 54 000 евра дневно по спот на една телевизија.
54 000 евра по 30 дена во месецот = 1, 62 милиони евра месечно за една телевизија.
1,62 милиони евра месечно по најмалку 4 телевизии каде што се вртат спотовите = на 6,48 милиони евра, месечно за реклами.
6,48 милиони евра, по 12 месеци во годината = 77,76 милиони евра годишно.
Да кажеме дека Газдите на телевизиите каде што одат спотовите, и дават дисконт на владата (што е дискутабилно) од 50 %.
Значи да заокружиме на 40 милиони евра годишно само за емитување на рекламите.
Стави го тука и трошокот на продуцентските куќи кои ги прават спотовите.
Стави го тука рекламирањето по радио станиците и печатените медиуми, па ќе дојдеш до бројка која е приближна на 50 милиони евра годишно потрошени народни пари, или приближно 2% од годишниот буџет на република Македонија, што би морал да признаеш дека е енормно висока цифра.

Сеуште мислиш дека не ме интересира каде одат моите (нашите) пари ?
Сеуште мислиш дека му верувам на Груевски кога ќе каже дека по овој основ годишно се трошат само 6 милиони евра.
Сеуште мислиш дека нема никаков криминал ?

Треба ли да почнам да образложувам и за контролата на искажаниот збор која се воспоставува во медиумите со овој добро осмислен систем.
Треба ли да напоменам дека владата најмалку 10 пати до сега е опомената од сите релевантни меѓународни институции, за овој начин на рекламирање ?
И така веќе во следниот момент човек можи да те види како задоволен триеш раце и си горд на тоа што некого си го "Демаскирал" или како некого си го направил попара или како оној нама мадина да полемизира со тебе
Ете јавно земам за обврска да се извинам за моите тврди ставови по ова проблематика, доколку некој (било кој) ме убеди дека постои и некоја друга држава во транзиција, која троши 2% од својот годишен буџет за реклами.
Токму тука е основата на мојата понекогашна арогантност.
ДамеМк ме убедува дека истото го правеле и во Хрватска, а притоа како доказ ми понуди некоја дискусија на некој Хрватски сајт, за реклама на некој автопат!
Откоа виде дека тоа не му пали, се обиде со некакви примери, пази, од Германија, Италија, Холандија.....
Ти личи тоа на сериозна дискусија ?
Што треба сега јас да правам.
Во секој пост на Даме да му цртам дека не е така, за да на крај ми каже ; абе народот го бираше и има да ќутиш.
Дискусија се води со аргументи, а не со инат.
Ете ги моите аргументи на маса.
Аргументирано побиј ги, и ќе го заслужиш моето полно внимание.
Еднаш ти реков како си "оглдедало" на владеењето на тие што ги браниш и веднаш се покајав дека можеби сум погрешил за тоа што сум го рекол, но не било грешка ти и си токму тоа.Своевремено и Бучко се фалеше како Ѓочев го направил попара со тоа докажуваќи дека самиот се направи попара.
Пак ќе повторам. Аргументи и само аргументи. На овој начин може до сабајле да си правиме беспредметен муабет.
И самиот добро знаеш дека секоја реклама е на место со мали исклучоци и дека го постигнуваат бараниот ефект.
Напротив. Упорно го тврдам спротивното.
Зошто?Па види го форумов.Или се правиш слеп па неможеш да видиш на што личиме?Целиот форум го преплавивме со "комуњари,бугарофили,србомани ,вемеровци" и што уште не.Епа тие реклами биле за тоа.За да се разбуди малце Македончето затоа што ќе се сложиш со мене некако споро се буди.
Токму тоа го направија оние чиви ставови ги застапуваш на форумов. Го поделиа народот на патриоти и предавници.
А зошто ?
Некој се сомнева во сопствениот народ ?
Некој мисли дека на народот му фали македонштина па со реклами ќе му ја всадува ?
Некој мисли дека народот му е предавник па ќе го враќа на вистинскиот пат.
Не бе пријателе.
Единствено нешто што на народот му фали, е перспектива и повисок стандард. Друго се има.
И затоа се бунтува кога некој го потценува на еден толку брутален начин.

И ете ја разликата која е резултат на ова наметнато мислење.
Ти мислиш дека форумов е преполн со бугарофили, србофили, гркофили.....
А јас мислам дека 95% од оние кои дискутираат овде, сакат Македонија да ја видат како една просперитетна и перспективна држава во иднина.
Значи без разлика на политичките ставови или определби. Целта на сите им е иста.

Разликата е и во тоа што "некои" (пак ќе напоменам, како резултат на владината политика), мислат дека ексклузивното право да си Македонец во Македонија и да си ја сакаш државата во која живееш, е само нивно......само поради тоа што они и аплаудираат на владата и бескомпромисно ја подржуваат во секој чекор и секоја одлука.
Епа не бива така драг мој Karlos.
Ја спомнуваш Хрватска но во хрватска не се занимаваат со тоа кој е поголем Хрват.Немаат таму словеномани италомани и србомани
Но заборави да кажеш дека имаат три пати поголем стандард од нас.
Не ти се чини дека се се врти околу безперспективноста и сиромаштијата ?
Аха. Заборави и да кажеш дека национализмот Хрватите го прележаа уште пред десетина години.
Јас би рекол дека рекламите се потребни токму заради вакви како нас на форумов.За луѓе кај кои се уште не се пробудила националната свест.
А јас па викам дека некој половина од енергијата и парите да ги трошеше на реални, економски проблеми, наместо преокупираноста од својот рејтинг, ќе решеше голем дел од проблемите, а со тоа уште повеќе ќе ја разбудеше националната свест кај граѓаните.
Оди дигни му ја ти националната свест на оние 130 луѓе од Кочани, кои пред некој ден ги отпуштија од работа.
Оди разбуди му ја националната свест на оној кој зема 6000 денари плата, а имаат 15 илјади давачки месечно.
Оди разбуди им ја националната свест на оние 15 000 кои последните два/три месеци останаа без работа.

мислиш дека ќе можеш ?

И тука ќе застанам бидејќи доколку толку детално ти одговорам на цела реплика, ќе мора да испишам уште цела една страна :)

Се надевам дека задоволив дел од твојата љубопитност.
 
[/QUOTEquot][e=realen_07;2085799]Види Karlos.
Уште на почеток да ти напоменам дека си ја утнал суштината на дискусијата. Овде, на ова тема, не се полемизира за Реален_07, туку за владините реклами.
Но бидејки го ценам твојот труд кој си го вложил во репликата, од чиста култура ќе се обидам да ти одговорам.

Како прво, велиш дека ме заболе мене за 5/6 реклами.
Значи вака:
Да земеме дека еден спот од околу три минути, оди најмалку по три пати дневно во ударни термини на една телевизија.
Значи тоа се 540 секунди дневно за еден спот на една телевизија.
Е сеа.
540 секунди по 100 евра (пазарна цена) од секунда, ти иде некаде околу 54 000 евра дневно по спот на една телевизија.
54 000 евра по 30 дена во месецот = 1, 62 милиони евра месечно за една телевизија.
1,62 милиони евра месечно по најмалку 4 телевизии каде што се вртат спотовите = на 6,48 милиони евра, месечно за реклами.
6,48 милиони евра, по 12 месеци во годината = 77,76 милиони евра годишно.
Да кажеме дека Газдите на телевизиите каде што одат спотовите, и дават дисконт на владата (што е дискутабилно) од 50 %.
Значи да заокружиме на 40 милиони евра годишно само за емитување на рекламите.
Стави го тука и трошокот на продуцентските куќи кои ги прават спотовите.
Стави го тука рекламирањето по радио станиците и печатените медиуми, па ќе дојдеш до бројка која е приближна на 50 милиони евра годишно потрошени народни пари, или приближно 2% од годишниот буџет на република Македонија, што би морал да признаеш дека е енормно висока цифра.

Сеуште мислиш дека не ме интересира каде одат моите (нашите) пари ?
Сеуште мислиш дека му верувам на Груевски кога ќе каже дека по овој основ годишно се трошат само 6 милиони евра.
Сеуште мислиш дека нема никаков криминал ?

Треба ли да почнам да образложувам и за контролата на искажаниот збор која се воспоставува во медиумите со овој добро осмислен систем.
Треба ли да напоменам дека владата најмалку 10 пати до сега е опомената од сите релевантни меѓународни институции, за овој начин на рекламирање ?
Ете јавно земам за обврска да се извинам за моите тврди ставови по ова проблематика, доколку некој (било кој) ме убеди дека постои и некоја друга држава во транзиција, која троши 2% од својот годишен буџет за реклами.
Токму тука е основата на мојата понекогашна арогантност.
ДамеМк ме убедува дека истото го правеле и во Хрватска, а притоа како доказ ми понуди некоја дискусија на некој Хрватски сајт, за реклама на некој автопат!
Откоа виде дека тоа не му пали, се обиде со некакви примери, пази, од Германија, Италија, Холандија.....
Ти личи тоа на сериозна дискусија ?
Што треба сега јас да правам.
Во секој пост на Даме да му цртам дека не е така, за да на крај ми каже ; абе народот го бираше и има да ќутиш.
Дискусија се води со аргументи, а не со инат.
Ете ги моите аргументи на маса.
Аргументирано побиј ги, и ќе го заслужиш моето полно внимание.
Пак ќе повторам. Аргументи и само аргументи. На овој начин може до сабајле да си правиме беспредметен муабет.
Напротив. Упорно го тврдам спротивното.
Токму тоа го направија оние чиви ставови ги застапуваш на форумов. Го поделиа народот на патриоти и предавници.
А зошто ?
Некој се сомнева во сопствениот народ ?
Некој мисли дека на народот му фали македонштина па со реклами ќе му ја всадува ?
Некој мисли дека народот му е предавник па ќе го враќа на вистинскиот пат.
Не бе пријателе.
Единствено нешто што на народот му фали, е перспектива и повисок стандард. Друго се има.
И затоа се бунтува кога некој го потценува на еден толку брутален начин.

И ете ја разликата која е резултат на ова наметнато мислење.
Ти мислиш дека форумов е преполн со бугарофили, србофили, гркофили.....
А јас мислам дека 95% од оние кои дискутираат овде, сакат Македонија да ја видат како една просперитетна и перспективна држава во иднина.
Значи без разлика на политичките ставови или определби. Целта на сите им е иста.

Разликата е и во тоа што "некои" (пак ќе напоменам, како резултат на владината политика), мислат дека ексклузивното право да си Македонец во Македонија и да си ја сакаш државата во која живееш, е само нивно......само поради тоа што они и аплаудираат на владата и бескомпромисно ја подржуваат во секој чекор и секоја одлука.
Епа не бива така драг мој Karlos.
Но заборави да кажеш дека имаат три пати поголем стандард од нас.
Не ти се чини дека се се врти околу безперспективноста и сиромаштијата ?
Аха. Заборави и да кажеш дека национализмот Хрватите го прележаа уште пред десетина години.
А јас па викам дека некој половина од енергијата и парите да ги трошеше на реални, економски проблеми, наместо преокупираноста од својот рејтинг, ќе решеше голем дел од проблемите, а со тоа уште повеќе ќе ја разбудеше националната свест кај граѓаните.
Оди дигни му ја ти националната свест на оние 130 луѓе од Кочани, кои пред некој ден ги отпуштија од работа.
Оди разбуди му ја националната свест на оној кој зема 6000 денари плата, а имаат 15 илјади давачки месечно.
Оди разбуди им ја националната свест на оние 15 000 кои последните два/три месеци останаа без работа.

мислиш дека ќе можеш ?

И тука ќе застанам бидејќи доколку толку детално ти одговорам на цела реплика, ќе мора да испишам уште цела една страна :)

Се надевам дека задоволив дел од твојата љубопитност.
Не не мислам дека сум ја утнал суштината на дискусијава затоа што мислам дека токму погодив каде што треба.Темава е претерано експлоатирана за други глупости.Изнесе некои податоци кои ги нарекуваш факти.Изворот на тие податоци бил "Транспарентност".Дали се тоа истите оние организации што го испитуваат пулсот на народот и рејтингот на партиите.Не не држи ни тоа.Кој верува денес во нив.А доколку се тие податоци точни јас дури сега гледам колку ефтино се продало ЕСМ.Јас не знам кој се тие меѓународни институции кои ја опоменале владата но ако навистина сме веќе опоменати јас на тоа би рекол "Му рекло магарето на зајакот ушло" или "Си заметиле тие во својот двор пагледаат кај комшијата".Што мислиш ти колку имаат тие потрошено за,еве на пример кампањата за бојкот на кинеските играчки кој биле отровни?Дали во тоа успеаја?Дабоме.И нее цел на моите постови како би го заслужил твоето внимание.Јас само ти го кажав моето мислење околу рекламите и твојот однос кон тие кои ги бранат,не ме интересира твоето внимание и аргументите кои си ги ставил на маса.Тие аргументи ги има на маса кај тие што ја почнаа оваа кампања.Тебе ти го пратив моето мислење затоа што сепак мислам дека ќе имаш доблест да признаеш некои работи што другиве не би ги признале затоа што мислам дека откако ќе ги изгледаат вестите седнуваат на комп.и почнуваат:Вие бугарите вака,вие комуњарите онака.Ете жив пример тие Мессиах кој си го ставил во потесниот круг на пријатели.Велам доблест како кога ми призна дека дебаклот на СДСМ беше по заслуга.Нее фер кога ми велиш дека дискутантиве на форумов ги нарекувам бугарофили србомани.Каде го прочита тоа?Јас ти напомнав зошто се рекламите и ти реков да го погледнеш форумот да видиш на што личиме сите ние.Да видиш до каде стаса нашава поделеност.Еден ист народ како се вреѓа и напаѓа.Тука не се работи за предавници или дека нешто му фали па сега ќе го враќаме на правиот пат.Се работи за една реакција на владата која со помош на некоја реклама сака да ја подигне нашата свест.а доказ дека нашата свест е на ниско ниво е токму овој форум каде се вреѓаме и се означуваме на бугари срби комуњари шлакнати и што уште не.Да ги почнеше овие реклами СДСМ сигурен сум 100% ти ќе беше тој што уште пожилаво ќе ги бранеше.Па си набројал некои фирми каде луѓето останале без работа.Ете за ова ти го напишав тоа каде да ги бараш твоите пари.Не ги спомнав залудно малите фабрики погони и авто салони.Ако сега останале 150 или колку беа работници во тоа време кога беа испланирани м.фабрики останаја 1 500 000 работници на улица .Ете ушѓте тогаш беше убиена националната свест на Македонецот.А партијата СДСМ добро знаеше дека со народ кој нема свое ја најдобро се владее.Гледај требаа 19-20г.да почне да се буди и бунтува како што велиш.Вистина е тоа народот се бунтува ама тој бунт најмногу го погоди токму СДСМ на последните парламентарни избори.И тоа е факт нели.Твоето арогантно однесување понекогаш како што велиш нее ништо друго туку тоа тие наследно.Во се и во целост си ја наследил причината која најмногу придонесе рејтингот на луѓето што ги браниш да е онаму каде што е.Но како што рече да не стане дискусијава безпредметна и да пишуваме цела ноќ овде ке прекинам а ти можеш и понатаму да разбиваш,да демаскираш и да правиш попара се и сешто па ете и мене пошто ти признав дека јазикот на кој се справуваш со нас селјациве пари ти вреди.Пријателе поздрав и ако сум те навредил сигурно било во склоп на партијата која јазастапуваш никако поинаку.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom