realen_07
Опозиционер
- Член од
- 12 април 2008
- Мислења
- 3.636
- Поени од реакции
- 134
Туф туф, што финта научиле нашите. А да научеа како до просечна плата од околу 800 евра од Хрватите ? Или пак можеби како до 4 милијарди евра странски инвестиции. Или би можеле да поднаучат од нив, како да ја донесат невработеноста на пристојни 10/15%.Хрватска троши и прави поголем број реклами за владини проекти од Македонија. Нашиве всушност од нив ја научија финтата.
Како од таму не почнаа да учат бе пријателе, туку од рекламите ?
А плус и дискутабилен ти е овој твој таканаречен аргумент.
Јас веќе 2 години најголем дел од времето кога сум пред ТВ, го поминувам на Nova.
И види чудо!
Немам забележано ниту една владина реклама.
Ете и по интернет прочачкав, ама не можев да дојдам до информација за Хрватското владино рекламирање.
А тоа значи дека или воопште нема таков вид на рекламирање.
Или пак има, но се со далеку далеку помал интензитет од тука.
Ова овде одамна веќе ја помина границата на безобразлукот.
Ова овде ти е класично полулегално перење на пари и мозок.
Па нели гледаш дека владава се рекламира повеќе од Кока Кола, повеќе од мобилните оператори, повеќе од десетте најуспешни компании во светот.
И ова расфрлање на државни пари, нема никаква врска со никакви проекти. Успешно завршениот проект (било кој) е најдобра реклама самиот за себе, а не млатењето празна слама на секој пола час.
А доколку навлезеш малку во психолошкиот момент од секоја реклама, кој треба да стигне до крајниот конзумент (граѓанинот), ќе воочиш дека пораката од сите е една и единствена, и гласи: Никола Груевски и неговиот рејтинг.
Значи ќе се повторам по којзнае кој пат.
Единствената и најголема полза од ова дебилно рекламирање, ја имаа самата влада и самиот премиер на влада. Никако граѓаните.
Народски кажано, со еден испукан куршум, три погодени цели.
1. Перење пари.
2. Перење мозок.
3. Медиумска наклонетост.
Идила за една популистичка влада, која на овој начин ја контролира секоја излезна информација, ја замолчува интелигенцијата и создава нереална слика за состојбите во државава.
Само да знаеш дека порано или подоцна, сево ова еден ден ќе и се удри од глава.
Е сега.Ахх - си ме оценил погрешно. Не сум јас глуп и партиски испран и да не ги видам криминалите што СЕКОЈА власт ги прави, па и оваа. ЈАС СУМ ЕГОИСТИЧНО ЗАИНТЕРЕСИРАН од било која влада да видам корист за народот (па на тој начин индиректно и за мене). Сега за сега - овие се најдобрите кои работат за народот. А перењето на парите - тоа било и ќе биде. Лоповот Камчев беше со Б.Ц., па се прешалта со лоповот-бугарин-предавник, па после пак се прешалта со Бучко, и после пак се прешалта со Мијалкови. Ама е како чума - до кого се закачил, несреќа му донесол. Ако Грујо продолжи со него - нема на арно да му излезе.
Ако перењето на пари било и ќе биде.
Ако Камчев и остала криминална банда се преструктуира и секогаш е со власта.
Со што го поткрепуваш тврдењето дека сега за сега овие се најдобрите кои работат за народот ?
Доколку е така (а не е така), нека се издвои една ставка во буџетот за рекламирање на сите политички чинители во државава, нека фанат партиите по една продуцентска куќа , и нека сите 4 години (до следните избори), шибаат реклами по сите медиуми. А ние наместо да ги оценуваме по тоа кој колку проблеми решил или кој колку сработил, ќе ги оценуваме по тоа кој подобра и похоливудска реклама направил.Нашата демократија е прилично млада. Во постарите демократии владее синтагмата дека изборната кампања започнува веднаш штом завршат изборите.
Имав неодамна предлог за избирање на реклама на неделата, па на месецот....
А при крајот на секој Декември, би можело да се организира една гала вечер, на која ние би можеле преку СМС да избираме реклама на годината.
Тогаш не би имало потреба ниту од дебатни емисии во кои политичарите би ги прекрстиле своите аргументи, ниту од глумење парламент, ниту од кохабитации, ниту пак од предизборни кампањи.
Едноставно нека победи оној со подобра реклама



odeka za vreme na sdsm BESE TOTALEN MRAK nepoznanica , narodot vrska neznaese sto se slucuvase sogolen do gola koza unisten izbrkan od rabot,.fabriki ispokradeni i unisteni.:toe: