Ти си Македонија! Дали?

Дали ги поддржувате кампањите "Ти си македонија"

  • Вкупно гласачи
    121
Напишано од makedonka1985Државните пари како што си пишал,се пари на НАРОДОТ.Значи доколку нема вработени во државна администрација и приватен сектор,тогаш нашите политичари нема ни газот да можат да си го рекламираат,а богами и нема да постојат,затоа што нема кој да работи за НИВНАТА ПЛАТА.
Абе иди бегај само глупости пишувате со Реалниот и Марсовка и нон-стоп само за перење на мозок зборувате а уствари вие се понашате ко вас да вие испран мозокот.Излезе Макрадули или кој беше и кАжа дека сакал да знае каде му се трошат неговите пари и толку требаше да си го врзите вие вкрпче и да лаете за тоа 2 месеци.Веќе реков ако нее Никола ќе биде Бранко или Станко Или секој на кој ќе му се пружи шанса.Па и подобро да знаеш дека некој ги потрошил на некакви реклами и кампањи од колку да ти ги укради на начин како што знае само сдс.
Треба да се плаќаат реклами од типот ТИ СИ МАКЕДОНИЈА?Кој на кого да му каже,покаже и докаже што е???Владата да ми каже дека ЈАС СУМ МАКЕДОНИЈА???:tapp::tapp:Па јас знам дека сум Македонка и дека живеам во МАКЕДОНИЈА.Или пак да ми го подигнат националното чувство?Ма дај.Дај да не се лажеме.
Ова е точно но дај ти тогаш кажи зошто ни се случува ова што ни се случува.Зошто се расправаме дури на моменти преминуваме на навреди.Зошто ти на пример знаеш дека си Македонка а се инатиш со некого дека тој божем не и мисли добро на Македонија.На форумот можат да се прочитаат постови каде некој како тебе и Марсовка велат дека кога би се отвориле границите веднаш би заминале без да се свртат назад.Се земаат БГ државјанства и сега некој со нив мафта како имало 100 000 татари овде.Можи се осеќаш како Македонка но тоа неверувам дека го чуствуваш во тебе.А ако веќе толку те интересира каде се твоите пари прашај го тој што прв го покрена ова прашање.И ако толку добро работите со бројки, со пријателот Реален дај направете го чатипот кога пропаѓаа фабриките од 1990 до 1998 па да видите тогаш кај ви отидоја вашите пари.Но и покрај се, ти јас па и сите кои се расправаме овде сме МАКЕДОНИЈА нели?:pos2:
 
Убава кампања и со многу добар пример на рекламата - дечко како седи и јаде гомна на мобилен додека се свири химната.
Одам на спортски натпревари и не можам да се начудам како тоа уште кај нас постојат копиљаци и идиоти што не ја почитуваат македонската химна, свират кога се интонира туѓа химна, свират кога се претставува гостинска екипа итн.
Целта на кампањата е да се укаже дека со нашето однесување го градиме имиџот на Македонија.
Жално е што постои голем простотилук кај некои луѓе, па мора преку јавна кампања да се едуцираат.

Замислете кај нас да се оржуваат олимписки игри. Па додека продефилираат 100тина држави ќе се утепаме од свирење и урлање :pos2:

Мора некој да укаже на грешките за да го промениме нашето однесување. На една од рекламите убаво се укажува на една од нашите грешки.
Ако и оваа тема ја вртите на политика, за тоа дали треба или не треба некоја кампања, дали се џабе фрлени пари, дали ДМПНЕ има повеќе едукативни кампањи од СДСМ .... тогаш НЕМА СПАС ЗА ВАС.
 
Цела бургија е во тоа кој прв почнал.Само да не дојде Маме му е.. кој прв почна.Да беа СДС тие со реклами и кампањи овие загрижениве за своите пари со петни жили ќе го бранеа тоа.Вака ДПБНЕ било криво.И да во прави си околу едукативните кампањи.СДС немаше време за вакви работи.Премногу беа зафатени како да се распредели државниот капитал во нивни раце.
 
Мислам дека се многу идиотски рекламите. Не сум член на ниту една партија ама ми ја навредува интелигенцијата дел од рекламните спотови. Ти си Македонија! Абе ајде! Јас многу им ја почитувам општо кампањата на ВМРО-ДМНЕ и тие што им ја прават, ја погодиле и структурата и менталитетот: се обраќаат со „обичен и јасен“ јазик внимавајќи да ги разберат сите гласачи (од кои 50% се неписмени и сигурно нема да го разберат Фрчко или Бучко). Тоа е во ред, алал да им е, ја сватиле поентата (ова зборувам без сарказам и цинизам) ама спотовите не им поминуваат ниту кај таа категорија на луѓе.
Мое мислење е дека се претерува со „испирање“ на мозок.
Ако треба да станеме како дебели американци и некој да ни вика: оди полево или подесно (или да те учи што си?!?!), отидовме јабана...
 
Пак ја свртевте на партии и политика !!!

Кажи ми ти, дали си бил на некој спортски натпревар и дали си видел како некој не ја почитува националната химна, дали си видел како некој свири на гостинската химна како некој пцуе и навредува гостински играчи додека тие се претставуваат на публиката .... Ако не си го доживеал ова, тогаш појма немаш што си напишал во постот и зборуваш на памет.
Ако си го доживеал ова, тогаш кажи начин како да го промениме однесувањето на друг начин освен преку јавна капмања за која мислиш дека не е во ред.

АКО РЕКЛАМАТА Е ИДИОТСКА ТОА Е ЗАТОА ШТО Е НАМЕНЕТА ЗА ТАА КАТЕГОРИЈА НА ЛУЃЕ.
 
Супер си се рекламите, баш за потикнување на свеста на Македонските грагани!!!

Е сега колку тоа ке вроди со плод ке видиме, мада и во тоа сум сигурен дека ке има резултати. Треба сите да ние да се научиме како се цени и брани своето парче земја а не по цел ден да се кукало -е нема работа, еба*е Македонија еба*е! ко да тие самите живеат во Јапонија.
Треба , треба вакви работи за нас и тоа уште повеке ова е и премалку за нас, се додека и последниот Македонец не се свести каде живее!!!
 
Зборуваш за кампања направена од актуелна Влада и коментираш дека се врти на политика?!?!?!!?
На што да завртам, на песна?
Ако некој не стои на химна или звижди проблемот е можеби во домашно востпитување и сигурно спотот „Ти си Македонија!“ нема да го смени.
Ова е форум за изнесување на мислења а моето е дека е комплетно идиотско, без идеја некого да навредам.
Можеби до некого допрела идеја на креаторот, јас не сум во таа категорија, ама можеби е до мене...:smir:
 
Цела бургија е во тоа кој прв почнал.Само да не дојде Маме му е.. кој прв почна.Да беа СДС тие со реклами и кампањи овие загрижениве за своите пари со петни жили ќе го бранеа тоа.Вака ДПБНЕ било криво.И да во прави си околу едукативните кампањи.СДС немаше време за вакви работи.Премногу беа зафатени како да се распредели државниот капитал во нивни раце.

Ова е вртење на политика. Не се коментира темата на кампањата или нејзините ефекти туку партиски препукувања.
 
прво Груевски на неколку пати ... не ... на многу пати кажа референдум пред се (кој НЕМА да успее)
ако го прекрши тој збор НАРОДОТ оние 500 000 кои го гласаа ... а ќе се приклучат и другите верувам од кеиф ќе му суди пред влада ...:toe:

Пази која дебилност од гвујчето ....Ти мава реклама ``Ти си Македонија`` а утре ќе ти збутка референдум за истото тоа име за кое он те освестувал национално.Чуму реклама кога се спрема за референдум за ``ти си Македонија``? :pos2:

За да биде пожалосно ,довчерашните противници(патриоти од краток калибар) за секаква промена на името и преговори со гејците сега полека полека легнуваат на брашното за референдум, убедувајќи не дека сето тоа е нормално бидејќи референдумот е во рацете на народот.

п.с огледалце огледалце пази ман што болдираш во постовите ,оти тоа што сега си го болдирал а е предавничко за тебе ,за брзо време ќе стане патриотско и безизлезно :smir:
 
Ова е вртење на политика. Не се коментира темата на кампањата или нејзините ефекти туку партиски препукувања.
E па добро утро.Зар нема во секој ебан пост политика?Зар секој не брани нечија политика?
 
Ова е вртење на политика. Не се коментира темата на кампањата или нејзините ефекти туку партиски препукувања.

За да коментираме ефекти треба да се јави некој и да каже вака нешто - мене кампањата ми помогна бидејќи пред кампањата бев таков а сега сум ваков и да објасни што е тоа таков и ваков.
Или на пр да каже вака на пр - јас пред кампањата бев национално неосвестен а после кампањата се освестив.

Има ли такви? Или сите ќе се вадат на други демек кампањата мене не ми треба ама им треба на други. Е па ај тогаш да го видиме ефектот кај целната група т.е. кај другите.

Ај други пишете нешто.
 
Зборуваш за кампања направена од актуелна Влада и коментираш дека се врти на политика?!?!?!!?
На што да завртам, на песна?
Ако некој не стои на химна или звижди проблемот е можеби во домашно востпитување и сигурно спотот „Ти си Македонија!“ нема да го смени.
Ова е форум за изнесување на мислења а моето е дека е комплетно идиотско, без идеја некого да навредам.
Можеби до некого допрела идеја на креаторот, јас не сум во таа категорија, ама можеби е до мене...:smir:

Не треба да вртиш ниту на песна ниту на политика. Темата на кампањата е сосема друга.
Исвиркувањето е проблем на домашно воспитување, но кога си на јавна манифестација (особено меѓународна) ТИ не ја претставуваш само твојата фамилија туку ТИ ја претставуваш Македонија. Тоа е поентата на кампањата „Ти си Македонија!“.
Не може да се дозволи некој со домашно невоспитание да го руши имиџот кој го градат поголемиот дел од граѓаните.
Твоето милење е во ред. Не ти се допаѓа кампањата затоа што не допрела до тебе.
Ретко која кампања допира до сите граѓани.

За да коментираме ефекти треба да се јави некој и да каже вака нешто - мене кампањата ми помогна бидејќи пред кампањата бев таков а сега сум ваков и да објасни што е тоа таков и ваков.
Или на пр да каже вака на пр - јас пред кампањата бев национално неосвестен а после кампањата се освестив.

Има ли такви? Или сите ќе се вадат на други демек кампањата мене не ми треба ама им треба на други. Е па ај тогаш да го видиме ефектот кај целната група т.е. кај другите.

Ај други пишете нешто.

ХЕХЕ, ова не е кампања за борба против алкохолизам, па да каже некој „јас бев алкохоличар, а сега не сум“.
Национлано освестување не се прави преку ноќ ниту се прави со една, две или три кампањи. Многу време треба да помине за човек да стане национално освестен (ако не бил), па за тоа време тој постепено ќе заборави дека некогаш бил неосвестен. Не е ова состојба на црно и бело. Денес не сум, утре сум. Голема градација има во националната свест, некој е помалку свесен некој е повеќе свесен. Со овие кампањи треба да се подигне свеста, а не да се вреже кај оној што ја нема. Тешко дека ќе се најде човек кој ќе каже дека кампањата му помогнала. Таа неосетно влијае на нас.
Ефектот од кампањата лесно може да го видиме.
Ќе дадам пример од Хрватска. Во јануари на СП во ракомет, на отварањето играа домаќинот Хрватска против Ј.Кореа. Имаше преку 15000 публика и „жешка“ атмосфера. Кога се појавија на терен ракометарите на Ј.Кореа цела публика беше на нозе и аплаудираше !!! Кога почна наптреварот, нормално дека имаше свирежи тоа е веќе спортскиот дел.
Кога слично нешто ќе се случи и кај нас тогаш може да зборуваме дека има ефект од кампањата.
 
имаме ваква реалност

во Македонија тешко се живее, над нас се надвиснати структури внатрешни и надворешни кои го разнебитуваат националното чувство на Македонецот.

едноставно кампањата доколку има ефект врз целна група, младината во никој случај нема да е промашена. се што го потикнува и разгорува патритизмот и националното воздигнување е само на корист на државата.

претходните власти додека Македонија беше уште млада држава беа оперирани од национална свест и затоа на некои луѓе им се чудни овие кампањи кои требаше уште во раните 90 да се направат. Неводењето грижа за националниот код на Македонецот од властите во 90-те придонесе формирање на аморфна маса на ``растенија`` оперирани од национални чувства.
младината која иди е далеку попатриотска и таа ќе е двигател на нашиот развој како Нација. После ова никогаш нема да е исто, цел код на вредности се врежани во главите на младите кои допрва доаѓаат, политиките и дејанијата кои националните белези ги ставаат намерно или немнамерно настрана во иднината се осудени на неуспех во Македонија...затоа

ТИ СИ МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНИЈА Е ДЕЛ ОД ТЕБЕ!
 
БРАВО
 
Подобро не си можел да го доловиш.
Браво и од мене.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom