Во кои кругови се движиш жити се?
Балкан е ова, како тоа никој не викал?
А за тетоважи, замисли си ти одиш на доктор или па недај боже треба да те оперира некој и му загледаш на хирургот трајбл од врат до зглоб. Нема да ти оддаде малку непријатно чувство?
Не сум јас против тетоважи ама да бидат подзатскриени малку и да не се форсира со нивно прикажување. Еден другар има на рамо тетоважа веќе две години ама дечкото за него си ја ставил тетоважата и скоро никој не знае дека ја има, не носи маици без ракави само да се исчалами. И пред да се стави тетоважа добро се размислува, како прво дали телото е се` уште во фаза на растење и од кога ќе се ставо треба да се припази на дебелеење - слабеење, да не испадне дека тетоважата е ставена на варени чварки а не на кожа. Пота треба да се мисли на нејзино повторување со боја на година или две, тоа е плус трошок. И кога тогаш таа ќе треба да се извади, замисли баба на 60 години со тетовирано рамо, тетоважата до средниот прст ќе се развлече. А отстранување на тетоважа пишав сто пати дека е скапо, 1000 денари од цм2.
Убаво треба да се размисли зошто како и што кажав погоре, не живееме на такво поднебје каде што тетоважи и пирсови поминуваат лесно.