Семејно насилство

Сталин

Висарионович
Член од
24 декември 2008
Мислења
239
Поени од реакции
11
Дали сте биле досега сведок на семејно насилство?
Што треба да се превземе според Вас доколку постои семејно насилство во една фамилија?
Кои се причините најчесто според Вас за да дојде до семејно насилство во една фамилија?
 
.:TINA:.PINK

.:oksimoronka:.
Член од
17 август 2008
Мислења
354
Поени од реакции
16
Семејно насилство?
лелее имам да зборувам со години и пак нема све што сакам да кажам..
сум била сведок..многу ми било тешко...али др пат за тоа ке пишам
 
M

marsovka

Гостин
Не сум била сум го доживеала.
Цајкани еднаш на врата да им викнеш на родителите или да се информираат децата.
Причини стрес,некој од родителите страда од психоза или некое друго нарушување психичко.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
1.852
Поени од реакции
1.382
Не сум била сум го доживеала.
Цајкани еднаш на врата да им викнеш на родителите или да се информираат децата.
Причини стрес,некој од родителите страда од психоза или некое друго нарушување психичко.

се , ама во нашата земја како врв на истиве ја посочувам Финансиската состојба ...:jaj:
 
Член од
23 декември 2007
Мислења
55
Поени од реакции
3
Zalosno sto nasite instituciii se mn bavniiiiiiiiii vo resavanje na semejnoto nasilstvo, sto ke go povikaat u CSR pa ONIIIIIIIIIII ke procenat dali i kolku treba pa ke prosledat do.... da mu se odredi merka zabrana za doblizuvanjet.e. oddalecuvanje od semejstvoto, ako veke zenata ne go prijavi ako toa bide po anonimna prijava na nekoj dr, no se dodeka zenata ne podnese prijava oni nemozat da postapat.Svesta e na mn nisko nivo, ima slaba socijalna politika drzavata da gi zastiti onie na koi im e potrebna takva pomos.Nema ili jas ne sum informirana prifaten centar za zeni so deca ko
i se zrtvi na semejno nasilstvo
.I uste nesto nasilstvoto ne e samo fizicko, mislam deka spored mene potesko e psihickoto maltretiranje (vreganje, omalovazuvanje ismejuvanje) koga se gubi samodoverbata a taa e mn bitna koga stanuva zbor za smelo cekorenje vo zivot na bilo koe pole.
 
Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Поодамна истражував за семејно насилство во РМ и дојдов до застрашувачки бројки. Обично настанува поради стрес, нервози и финансиска криза во семејството. Многу молчат и никој не се осмелува да признае, малку се информирани дека можат да се обратат кај адвокат кој е задолжен за такви случаи. Сите страдаат во ваков случај. Пијанство, агресија, гени и секојдневни проблеми проследено со слаб карактер и незрелост. Има да се пишува многу на оваа тема. Најмногу патат децата кои различно го доживуваат насилството. Некои ќе се сокријат и молчат и цел живот ќе патат, некои ќе излезат и ќе почнат на друг начин да го искажуваат стравот и тагата.
 
АМБРОЗИЈА

случајна минувачка
Член од
22 декември 2008
Мислења
351
Поени од реакции
74
Дали сте биле досега сведок на семејно насилство?
Што треба да се превземе според Вас доколку постои семејно насилство во една фамилија?
Кои се причините најчесто според Вас за да дојде до семејно насилство во една фамилија?
Не сум била сведок , ама прилично знам за овој социјален ризик кој секој ден се повеќе пројавува знаци на прогресија, за жал центрите за социјална работа( кои ги има во сите општини) не можат да ја контролираат целосно ситуацијата( не се ни доволно опремени ) , затоа што за да се уништи коренот на овој проблем потребна е стручна помош не само од социјалните работници туку и од психолог/психијатар и правни лица. Најчести причини за појава на семејно насилство се немањето на материјални т.е. егзистенцијални средства кои водат до појава на фрустрации, таложење на истите , а потоа и манифестирање преку изразување на гнев и агресија.Потоа друга и честа причина во МКД е и алкохолизмот, а во одредени ситуации и психичката состојба на членовите на нуклеарната единка т.е. семејството ( но најчесто за вакви вонредни состојби причина е причината што ја иницирала психичката лоша состојба)
Инаку постојат Центри за згрижување на жртвите од семејно насилство и за помош на жртвите, но како резултат на зголемената децентрализација и деинституционализација, тоа згрижување трае не повеќе од 3 месеци, а за останатите работи постојат кривични пријави ( за решавање на случајот со помош на власта и согласно законот за семејство и прекршочна постапка)
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Семејно насилство од страна на мајка имам видено, и тоа не од било каква мајка, туку ситуирана, навидум"угледна,просперитетна, добра мајка, успешна, амбициозна". Не, не е тоа моја мајка. Тоа е мајката на мојата другарка. Секојндевно кај неа дома, паѓаат лустери, летаат телефони и чинии... Причината е здравствена за конкретниот случај. Како и да е, најчестиот вид на семејно насилство е од страна на маж алкохоличар. Пропаднатите социјално маргинализирани семејства, се гнезда на семејно насилство. Жената е тука нееманципирана, партнерите необразовани, детето најголема жртва. Затоа, сите кои се жртви, треба да знаат дека според законот им следува заштита и да се обратат на сос линиите за семејно насилство. На Опра дури имаше и цела една емисија, во која една жена објаснуваше како може да се избега од семејството со децата, ако еден од партнерите насилнички се однесува, било психички, било физички.
 
Член од
27 октомври 2008
Мислења
1.680
Поени од реакции
266
Sekoja treta zena vo Makedonija e zrtva na semejno, a sekoja cetvrta na oruzeno nasilstvo. Poseduvanjeto oruzje doma e pricina za recisi 50 otsto od slucaite na ubistvo izvrseni vo semejstvoto. Najgolema pricina za oruzeno nasilstvo vrz zenata se labavite semejni odnosi, ljubomorata ,alkoholot i ekonomskata sostojba.lani imalo 23 saubostva potiknati od semejno nasilstvo koi mozele da se sprecat ako policijata reagirala na vreme sodvetno......nesto e trulo vo drzavava
 
Сталин

Висарионович
Член од
24 декември 2008
Мислења
239
Поени од реакции
11
Многу семејства страдаат поради семејното насилство, тоа е факт. Најчесто е поради финаниската криза, алкохолизам, психичко пореметување. Поради сите овие појави кај семејствата психата на децата се оптеретува, тие не треба на нивни години да гледаат такви работи и да доживуваат стресови, тоа влијае на нивната комуникативност со другите деца, влијае на нивното однесување, значи се однесуваат по зрело од другите иако е зачудувачки, повеќе повлечено. На нивните години треба да се ужива, игра, учи и дружи, а не да се оптеретуваат со сериозни проблеми на возрасни, во кавги па и во тепачки. Децата страдаат најмногу. Кога дојде до семејно насилство, значи не еден шамар туку тепање и тоа често, треба да се превземе нешто. Има полиција, има тужби има социјални служби што може да помогнат. Најдобро е тужба во полиција и развод, со тоа ќе видат мир и родителите и децата. Подобро е детето да живее со еден нормален родител од колку со двајца ненормални.
Сведок сум бил за ова во многу случаи и навистина е стресно.
 
Член од
7 јануари 2009
Мислења
391
Поени од реакции
20
Mene mi se desilo da bidam svedok na nekoj nacin na semejno nasilstvo.Do mene ziveese eden bracen par i mazot non stop ja tepase zenata po dva tri pati vo denot.Mnogu mi bese zal ,se potresuvav ponekogas koga slusav kako ja mlati.Se mislev vo mnogu momenti sto da storam,kako da pomognam?Ako viknev milicija taa od sram mozese da go odbrani i da ne posvedoci deka e maltretirana.D se javev kaj nejzinite roditeli isto ne igrase nekoja uloga posto tie kako i da e znaea deka kerkata im jade kotek pa ne prijavuvaa.I sto da pravi covek od stana tuka ne znam?Za sreka po nekolku godini se razvedoa pa zenava dusicka se spasi od kotek fala bogu.
 
igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113

Па си можела да викнеш полиција и да оставиш они да го решаваат проблемот. А натаму што ќе прави девојката е нејзино право.
Најголем проблем кај нас е што сите знаат за домашното насилство но сите молчат за тоа.
 
B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
263
Па си можела да викнеш полиција и да оставиш они да го решаваат проблемот. А натаму што ќе прави девојката е нејзино право.
Најголем проблем кај нас е што сите знаат за домашното насилство но сите молчат за тоа.
Според тебе, која е причината што молчат? :)
 
Член од
7 јануари 2009
Мислења
391
Поени од реакции
20
Па си можела да викнеш полиција и да оставиш они да го решаваат проблемот. А натаму што ќе прави девојката е нејзино право.
Најголем проблем кај нас е што сите знаат за домашното насилство но сите молчат за тоа.
Ne mozev ja da vikam policija koga zenata sekogas go kriese nasilstvoto na nejziniot maz.Pa da mi dojdat posle mene na vrata da ispadnam kriva za lazna prijava,kako mislis ti?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom