Промовиран новиот спот на Милчо Манчевски Macedonia-timeless

Дебатата за спотот почна вака:
Спотот е одличен. Браво за Милчо

Видеово на почеток е парче! Браво! Го симнувам одма.

и сајтот..за прв пат сите работи на едно место...одличен архив

Колку е само МОЌНО видеово! :vozbud:

Браво!Вакви работи ни требаат а не бистрење политики.:oeoeoe:

Го ставив видеото на Јутуб, може да го погледнете тука:

Ми се допаѓа :vozbud::vozbud::vozbud:
И видеото и сајтот за почеток е одличен :pipi:

Милчо Манчевски се покажа како вистински професионалец и одлично си ја заврши работата. Се надевам и следните видеа ќе се одлични.:smir:

Од утре ќе се прикажува на CNN видеово а потоа и на други познати телевизии низ светот :pipi:

Ова е тоа што требаше од секогаш да биде. Засекогаш.:wink:

ау ми се насолзиа очите и целиот сум наежен

браво за Милчо, не се ни сомневав дека ќе биде добро
прекасно

Macedonia-timeless

спичлес сум. преубаво склопено!

Ете пример на професионализам а не на партиски протекционизам.

Прекрасно видео, браво за целиот тим.

Екстра баш ми се допадна многу убаво скоцкано .

Ауф... прекраснооо :vozbud:

Линков и документите и податоците кои ги има ќе ги заболат јужните педери :zlo:

Се најде некој само да подбуцне и потоа следува катастрофа. Секогаш Македонија ќе има изроди кои ќе плукаат на се што е македонско или произлезено од Македонија. Ме интересира само дали и во другите земји вакви работи се случуваат или само во Македонија. Јас се гордеам бре што сум Македонец и што во спотот е прикажана Македонија и тоа MACEDONIA!!!! Уживајте бре во тоа што е македонско па макар и да не е добро направено, сепак е МАКЕДОНСКО. Самото името МАCEDONIA да го напишале на бела позадина со црвени букви е доволно!!!

Спотот „Македонија - вечна“ на Си-Ен-Ен

Извор МИА
prazno.gif
prazno.gif
24.12.2008 11:04
macedonia-timeless.jpg
За спотот се потрошени 190 илјади евра
„Македонија - вечна“ е насловот на спотот за светска туристичка промоција на Македонија во режија на Милчо Манчевски што Министерството за култура денеска го промовираше во Музејот на современа уметност.
„Најважно ни беше да направиме проект по највисоки стандарди, без извинување и без оправдување оти татковината се брани со квалитет. Спотот ќе почне да се емитува утре нa католички и протестантски Божиќ кога сите седат дома, на Си-Ен-Ен и на уште пет други канали“, рече на промоцијата режисерот Манчевски.
Приказната на спотот е за едно девојче кое преку една волшебна сликовница патува во една земја на чудата - Македонија, што според Манчевски, ќе биде привлечно за туристот или добронамерникот да се запознае со македонското културно и природно богатство.
Премиерот Никола Груевски истакна дека спотот е одличен почеток од одличен мајстор како дел од еден поширок проект кој покрај претставувањето како туристичка дестинација има за цел брендирање на Република Македонија.
milco-mancevski.jpg
Манчевски: Татковината се брани со квалитет
„Со овој спот на почеток сме на една нова ера во презентацијата на Република Македонија. Треба да бидеме горди со природните убавини и културното наследство. Навистина Македонија заслужува тоа да го види и светот. Ако не го покажуваме на ваков начин нема да има сознанија дека тоа постои. Како и многу други земји во светот Владата на РМ се одлучи за ваков чекор во кој што ќе инвестираме за да потоа да добиеме многу повеќе“, рече премиерот Груевски.
Тој информира дека веќе е започната законската процедура за изработка на уште пет спота од кои еден ќе биде од општ карактер како и денеска промовираниот, а останатите ќе бидат тематски и посветени на брендирање на македонското вино, за македонската археологија, за убавините на македонските цркви, манастири и џамии, а еден спот ќе биде посветен на Охрид, како туристи најпосетено место во државата.
За поддршка на кампањата изработена е и веб-страница www.macedonia-timeless.com , преку која ќе може да се влезе во стотици други сајтови за Македонија и градовите, вклучувајќи ја и практичната цел туристот да може директно да букира авионски билети, престој во хотели и друго.
Емитувањето на „Македонија - вечна“ ќе почне утре на Си-Ен-Ен и на Си-Ен-Ен Интернешнл, а ќе продолжи во други десетина земји на уште осум јазици.
Материјалот за едноминутниот спот почна да се снима во октомври, на локации во Преспа, Велес, Прилеп, Крушево, Охрид, манастирот Св. Јован Бигорски, Кокино, Стоби, Курбиново, Конопиште, Скопје.
Спотот е во продукција на „Сенка филм“, финансиран од Владата и Министерството за култура со буџет од 190 илјади евра.




Што мислите за спотот?
Дали мислите дека ова е вистинскиот начин за представување на Македонија како туристичка дестинација?
Поради технички причини уште не сум го видел спотот па би ве замолил малце и за квалитетот да прозборите, за содржините и за пораката која со овој свет се праќа во светот...

 
Dejan];2027662 напиша:
Дебатата за спотот почна вака:

ФАЛБИ ФАЛБИ, ...


Се најде некој само да подбуцне и потоа следува катастрофа.


Дејане - во модерни времиња живееме. Си слушнал за PR и за Creating Public Opinion Techniques? (Овие техники се присутни и кога се промовираат филмови, песни, книги и се друго). Според тоа нормално беше што на почеток се јавуваа само БРАВО мислења. И мене како на Македонец ми се бендисува спотчето. АРНО АМААААА - ЦЕЛТА Е УТНАТА. И од тој аспект поарно ќе биде Милчо да ги прочита критикиве и да проба нешто да смени во следните спотови.
 
Се што е Македонско го поштувам и признавам, но сепак додека го гледав спотот се осетив како да гледам Евровизија за најавување на некоја песна. :toe:
 
Прееска ја утнав малце темата, оваа не ја имав видено =] Еве, видете го ова


Не ве потсеќа на спотот на Милчо? Да, знам , машко ја врти книгата.. Big deal..А спотов на Грузија е постар неколку години...

До кога вака??

Не ми се допаѓа спотот, а уште помалку фактот дека идеата е украдена. Вака, никогаш нема да бидеме свои, колку и да имаме богата историја..

Браво Милчо!:tapp::tapp::tapp:
 
Dejan]: не мислам дека ти е фер коментарот. Не е работата до буцкање и до непринципиелно критикување. Се јавија многумина, меѓу кои и јас, кои го критикуваа спотот управо заради тоа што сме засегнати како Македонија е претставена во него.

Не завлегувам дали во критиките имало вмешано партиска политика, кај мене сигурно не. Меѓутоа, има моменти кои мораат да бидат подобро обработени. Впрочем и прашањето беше дали спотот воопшто ја задоволува основната задача/намена за презентација во странство. Ти очигледно мислиш да, јас мислам дека е воглавном утка. Затоа навистина сакам да видам подобрување.
 
Му посакувам да се обиде на направи НАЈОБИЧЕН спот, а не да се коцка на картата „уметнички спот“ зашто кога таа карта ќе се утне - наместо уметнички - спотот станува УТКА.

Со поинакви зборови: Ако Милчо направи ОБИЧНО ДЕЛО - неговиот уметнички талент ќе го направи делото УМЕТНИЧКО. Ако Милчо почне да се напрега да направи уметничко дело (како со Прашина, Сенки и спотов) - напрегајќи се - само ќе се посере.

Koмунизмот умре како термин, се друго си останало.

Ако сакаш обичен спот, еве Јован Јованов почна да режира, него да би го ангажирале од влада, ќе направи нешто верувам по твој вкус.

А луѓе како Милчо Манчевски кои го гледаат светот во неколку милиони повеќе нијанси него шо може окото на обичниот чоек да перцепира, ни би критикувал. Посебно не после 7 гледања.

Барем 77 би ми требале.
 
Во ред Serpico, но искрено, дали конкретниов спот е хеј-ОК?
 
Во ред Serpico, но искрено, дали конкретниов спот е хеј-ОК?
Дали конкретново око е хеј-ок?

32995708vl5.jpg



Ни треба The whole picture.
Артистички, креативно, е.
А за поентата, јас би да причекам...бидејќи немам априори дефетизам во себе за успешните признати Македонци.
Не велам дека некој има...онака, коментирам.
 
А луѓе како Милчо Манчевски кои го гледаат светот во неколку милиони повеќе нијанси него шо може окото на обичниот чоек да перцепира

да но спотот не е наменет за луге што гледаат во неколку милиони нијанси туку токму за просечниот џо од америка...

дури потоа иде делот...што ке прави џо когха ке се искраца на петровец....кадфе после?
 
да но спотот не е наменет за луге што гледаат во неколку милиони нијанси туку токму за просечниот џо од америка...

дури потоа иде делот...што ке прави џо когха ке се искраца на петровец....кадфе после?

Македонцки, тогаш така гледано, владата е популистичка и према целиот свет бидејќи нит имаме солидни инфраструктурни инсталации за масовен туризам, нит имаме ред други работи - а се рекламираме, пре него ги средуваме нив.

А регулар Џоу веројатно би требало да се збуни и импресионира од спотот на брзака, посебно од бабата (има нешо меѓу Манчевски и стари баби, можда бил омилен внук на баба си :) ) па да просурфа и да открие се шо го интересира.

Видете, ако во еден спот сакаме да ставиме се, ќе се изгуби фокусот на сите работи и ништо нема да се истакне. Како што цртањето на портрет подобро дефинира едно лице, а цртањето на фудбалска трибина не доловува ничив израз. Јас велам дека играл на карта soft-teaser кој ќе треба поопшто да заинтригира, после што посистематски би се одело на презентација на конкретни работи (кои супер ќе изгледаат на ТВ :) ).
 
Друга работа е многу поважна: интересно е како може толку многу негативна енергија да се троши, а да не се гледа вредното и да не се ужива во убавото. Спотов добива исклучителни пофалби од цел свет, ама кај нас луѓето бараат мани дури и кога ги нема. Ова е одличен пример како негативно се занимаваме со самите себе. Лошото не' интересира и просто го бараме и го предизвикуваме. Очекував бурни и злобни реакции, ама ги очекував од грчки националисти, а не и од нашинци - вели Манчевски.


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=304C1082620D284B8FD96FEB3FE405D2
 
Македонцки, тогаш така гледано, владата е популистичка и према целиот свет бидејќи нит имаме солидни инфраструктурни инсталации за масовен туризам, нит имаме ред други работи - а се рекламираме, пре него ги средуваме нив.
ТАЧНО..мај френд...кај ке дојдат бре...та не знам каков бил спотот

имаме проблеми со аеродромот..еве уште не можат под концесија да го дадат.треба модернизирање и проширување на пистата, вака се лета само до Будимпешта..на петровец не ги збира...башка музеите, жицата во стоби и калта на хераклеа...



Видете, ако во еден спот сакаме да ставиме се, ќе се изгуби фокусот на сите работи и ништо нема да се истакне.
пак тачно......спотовите на кипар, грција па и црна гора...просто, конкретно, убаво
 
Ќе го искоментирам само спотов без да навлегувам во анализи и барање влакна во јајцето како што тоа многумина го прават...

Спотов е прекрасен. Милчо, секоја чест:pipi:
 
Спотов е ОК, ама само ок. Милчо многу заебано гледа на работите, некако е многу мрачен.
Го гледав и грузискиот спот и ама ни малку не ми личи на нашиов односно обратно.
Ама вредноста за квалитетот дефинитивно не иде, за вакво нешто многу е 190000евра.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom