Родендени

каде го славите вашиот роденден

  • Дома

    Гласови: 4 44,4%
  • Во кафуле

    Гласови: 5 55,6%

  • Вкупно гласачи
    9
  • Гласањето е завршено на .
И јас сум славела родендени и по кафичи,паланчинкарници и незнам што,ама дома си е дома.Најубаво сум си поминувала баш дома,мој простор,јас си знам што и како...:)
 
Дома дефинитивно. Последнито го славев дома пред десетина дома и било стварно ненормално. Незаборавен роденден дефинитивно ќе го памтам цел живот.
 
Лошо е кога се има роденден во сред летна сезона :lut:
Или сум славела родендени кои биле половично успешни, зашто сите се на одмор или пак јас сум си ги славела на плажа, ама се со моите на одмор сум се погодувала :cry:
Сега не се замарам и не ни славам посебно.
 
Бидејки роденден ми е на 31 декември,секогаш роденденот го чекам таму кај што чекам нова година:(
 
Во друштвото имаме обичај да изнајмнуваме еден кафич, местото е ептен убаво, не е многу големо, таман за 60-70 луѓе. Последно го правев таму роденденот, имав околку 50 гости и ептен убаво си поминавме.
Убаво ми е кога правам роденден дома, ама пошо има некои неизживеани во друштвото што ќе ми направат партал низ куќа мора да го правам во кафич.
 
Па роденден ми е на Стара Нова Година, така да сакал-нејќел мора да го “славам’’.
Родендени со изнајмување кафичи, кафани, домашни забави и слично никад не се практикувале кај мене во друшто, на тие што ти се при рака вечерта ако имаш кеш фазла им пуштатш по пијачка-две и чао пријатно.
:) Поклони па никој на никого не дал у историја на родендените.
 
Denes mi e rodenden :D ke go slavam pokasno posho sum na odmor ali neznam kaj...
nejkam kafich, nejkam doma. neznam kade...
 
Дефинитивно е подобро да се слави надвор, и тоа според мене со што помалку луѓе, оние нај VIP-гости што би се рекло. :)

Порано кога славев дома имав по едно 20 гости, и таман што седнеш да поправиш муабет на некој му текнало дека му се пие уште Кока-Кола, а претходното шише завршило, а кога ќе се вратиш со истата некој случајно истурил нешто на подот...
И никогаш така не стигав да направам асален муабет на своите родендени... И не само кај мене... Така беше кај повеќето славеници што славеа дома.

Лани славев по пицерија со 3-4 души и ептен убаво си поминав.
Седнати на пристојно место, една пица, по неколку пијачки... Потоа се шетавме низ населбата, па кај мене дома на торта.

Дома во догледно време не планирам веќе да славам... а освен тоа веќе ми спласна и еуфоријата за големи родендени.
 
а освен тоа веќе ми спласна и еуфоријата за големи родендени.
уф па дали....не е ни роденденот тоа што беше.Сега со мало друштво колку да се одбележи.Иначе интересно си поминав на еден роденден во парк.Имаше пиење во доволни количини,друштво,гитара и супер помин.
 
На плажа! Лани на плажа си го славев и најубаво си поминав, оваа година во Селект...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom