Последен гледан филм со кратка рецензија

.:MadMan:.

Ретардиран
Член од
20 август 2010
Мислења
843
Поени од реакции
1.781
Inside Man



Се работи за грабеж на банка во ЊуЈорк кој искача од контрола и се останува во рацете на детективот Кит Фрејзер(Дензел Вашингтон) да игра улога на преговарач за да ги ослободи вработените и другите заложници. Навидум филмот на прв поглед има се добра актерска екипа, добар концепт, добар режисер, но на крај искача дека е само една бледа копија на Dog Day Afrernoon. И откако болно ја догледав и последната минута од 2часа и 8 минути, си реков да проверам на IMDb што оцена има филмов....7.7?Њтф?
Филмот има проблем со скриптата и дијалогот, нема никаква тензија едноставно е досаден. А за саундтракот од кај ја нашле песната? Кога почнуваше имав чувство дека гледам некој ефтин Боливуд Продакшн Муви...

4.5/10 и тоа е многу

Insomnia



Во филмот се рабори за двајца детективи Дормер(АлПачино) и Екард (Мартин Донован) кои одат во мало градче на Алјаска да го разрешат убиството на една млада девојка, заедно со локалната полициска службеничка Ели Бур (Хилари Свонк) која е голем обожавател на Дорман. Она што најмногу ми се допадна е како сценаристите карактерно го прикажале Дорман, кој можеби е еден од подобрите психолошко оформени и комплексни карактери досега во филм. Дорман е човек кој го изградил своето име и кариера, знаејки како да разреши комплексни убиства и секогаш да е чекор напред пред убиецот, но...
Добра актерска екипа, добра скрипта и добар концепт е она што секогаш се очекува од Нолан. Можеби и не е најдобриот филм но сепак го задржа целосното мое внимание од почеток до крај.

8/10 интересно да се погледне...
 

Anne.

~ Happiness In Slavery.
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.628
Поени од реакции
10.284
Black Swan 2010



Не сум свесна уште што гледав сега. Ова е најдоброто нешто што воопшто го имам гледано. Мајндфак мастерпис. Совршена приказна, одлична актерска екипа, перфектен саундтрак.
Аронофски:cuc: Секоја чест и за Натали, заслужува пофалба за посветеноста и трудот кој го вложила за подготовката за оваа улога.
Нина е балерина која живее во некој си свој розев свет креиран од мајка и, третирана како девојче од 10тина годинки. Ја добива главната улога во Лебедово езеро, да ја портретира девојката претворена во Белиот лебед, но истовремено и злата девојка Црниот лебед. Постојано е под притисок совршено да го претстави Црниот лебед, кој е вистинска спротивност на она што таа е вистински. Во студиото кога доаѓа Лили, идеалниот Црн лебед, Нина почнува да попушта, гледајќи ја Лили како конкуренија...
На крај Нина го достигна совршенството и за неа приказната имаше среќен крај, го достигна долгопосакуваното.
100че/10

Let the right one in (2008)
Филм со вампири во кој немаме Лестат, немаме ни Куленовци. Единствен и неповторлив. Љубовна приказна меѓу вампир и човек, овојпат поинаква, романтична на некој поинаков начин. Оскар е 12годишно момче кого постојано го измачуваат на училиште. Почнува да се менува откако ке се запознае една зимска ноќ со чудната Ели.
Особено ме бендиса крајот.

Pan's Labyrinth (2006)
Офелија е младо девојче која што верува во вили и разни натприродни суштества. Живее во фашистичка Шпанија и мајка и, која е бремена, се мажи за немилосрден генерал. Наскоро во драмава почнуваат да се вметнуваат натприродни елементи. Како само на моменти е реален, а во други иде во некој друг свет. Визуелните ефекти се одлични и совршено ни ја доловуваат сликата. Не ми текнува дека имам гледано нешто слично.
Фала за препораката друже. :)
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.335
Поени од реакции
2.224
Closer (2004)

Интересно филмче, како да речам љубов на прв погглед. Пред се беше интересно што беше неизвесно што ке биде, за тие што обожаваат вакви драми препорачливо да го изгледат. Да не го опшурувам ке се види што се дешава во филмот.
8/10

Takers (2010)


Добра акција, една мафија прават кражби на банки, се сплеткаат со една мафија од Русија, заедно ке соработуваат, а на крај ке се сплеткат заедно и меѓусебно ке дојде до немир, а целата работа ке ја направи еден член по надимак "'дух'' што ке излезе од затвор а бил поранешен мафијаш со оваа мафија, па на крајот ке бидат заебани тие од тој човек.
Кој е љубител на вакви филмови макар нов е, се надевам дека повеќето го имат гледено а кој го нема, вреди да се погледне.
8.5/10


The Hangover (2009)


хах. Интересно филмче, се наоѓаат 4рица пријатели кои заминуваат во Вегас на луда забава ли како да кажам. Изнајмуваат соба во хотел пресреќни и прават една бурна вечер што потоа незнаат како се викаат, ке изгубат еден пријател па ке го тераат низ секаде, интересни работи се случуваат. Може да се погледне онака за тепање време.
8/10
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
The Tourist

Милион лоши препораки чув за филмов, и од гледачи и од критика. Сепак како голем фан на двајцата актери морав да го гледам филмов. И мојава рецензија нема да биде од типот, ау везе нема, или ау јак филм, пошто скоро секој коментар на форумов за филмов беше ставен во една речница.

Оригиналниот филм врз кој е базиран овој го немам гледано, а голема е веројатноста дека оригиналот е подобар од овој филм, не викам не. Слушајќи колку филмов е катастрофа пред да го погледнам, баш се прашував, како е можно еден Џони Деп кој не прифаќа било каква улога и мрази мејнстрим филмови се нафатил да работи на блокбастерски филм. Анџелина не ме чуди со изборов, она ги сака овие улоги на шпиони, жени со пиштоли итн. Сепак после филмов време е да се врати на добрите стари патеки и да го изнесе својот талент. Ако се реализира филмот за Клеопатра, тоа мислам ќе биде добра шанса да ја видиме нејзината актерска умешност.

Е сега малку за филмов. Искрено после таков усогласен став на критика и публика, мислев ќе ја видам најголемата филмска катастрофа. Грешка. Не го видов најголемото уметничко филмско дело, ама не гледав ниту филм кој е катастрофален. Да беше така ќе го исклучев. За разлика од мнозинството, јас ќе го препорачам филмов. Мене барем ме извозе филмов до крај, и тек на крајот сфатив зошто Џони Деп прифатил да глуми во филмов. Следејќи ја неговата кариера, тврдам дека е заради тоа. Оние што го гледале филмов ќе сфатат што зборувам, оние што ќе го гледаат ќе видат тогаш. Во секој случај ова не е улога која бара премногу, но дека Џони бил лош во улогава е срамота да се рече. Џони Деп никогаш не бил подпросечен во една улога.

Анџелина е фатална жена која намерно го попречува патот на еден професор по математика ( Џони Деп), за да ја измами полицијата и човекот од кого нејзиниот љубовник украл огромна сума на пари и да ги наведе дека тој е виновникот.
Локациите на кои е сниман филмот се прекрасни тоа мора да се спомене.

Филмов не е ниту катастрофа ниту филм за Оскар. Ова не е култен филм, тоа сигурно. Ама ќе го повторам ставот кој го имав кога излезе и SALT и следеа некои слични коментари од типот дека не го бива. Од вакви филмови не треба премногу да се очекува, тоа сигурно, но дека се здодевни не се. Бар од еден Takers кој го гледав пред некое време филмов е каде каде подобар.
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.144
Поени од реакции
893
After Life

MV5BMTk0NDUzNTU5NV5BMl5BanBnXkFtZTcwNDE4ODIzMw@@._V1._SX214_CR0,0,214,314_.jpg

Улоги : Christina Ricci, Liam Neeson, Justin Long

После ужасна сообраќајна несреќа, Ана (Ricci) се буди во локалното погребално претпријатие, кое што го води Елиот (Neeson) и кој што ја припрема за нејзиниот погреб. Ана се чувствува сеуште жива, исплашена и збунета и сеуште не може да поверува дека е мртва. Но Елиот ја убедува дека треба да се помири со својата смрт и да ја прифати. Дали станува збор за човек кој има дар да комуницира со мртви или станува збор за уште еден психопат кој успешно ги убедува своите жртви дека се мртви и ги погребува живи?

Одличен трилер, солидна глума.
Суштинското прашање, што навистина претставува животот и што потоа?
Човекот кој ја припрема за нејзиниот погреб на моменти го доживуваме како подвоена личност, како изопачен ум, на моменти го доживуваме како светец кој навистина има дарба да комуницира со мртвите. Она што најмногу ми се допадна се перфектните детали на кои режисерот посветил големо внимание, на неколкуте сцени кои што потсетуваат на готска убавина.
Крајот од филмот поставува многу повеќе прашања, отколку што дава одговори. Филм за сите оние кои што сакаат mindfuck.
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.356
Поени од реакции
4.878
The Fountain (2006)

екстра филм, малце претежок за мене не го сфатив добро. Добра приказна се до сцената пред крајот -
кога од течноста од дрвото става на раната и потоа израснува цвеќе од неговото тело...моментов беше mind fuck, си реков грешна сцена е ова

Се на се добар филм, а за оцена од сега нема да давам за никоја моја рецензија, бидејќи не ме бива за тоа и нејќам да бидам стрелан од страна на другите членови:smir: :)
 

.:MadMan:.

Ретардиран
Член од
20 август 2010
Мислења
843
Поени од реакции
1.781
The Last Castle



Филмот се фокусира на гордоста на човекот. Воени затвореници лишени од својот ранг, чест и гордост го наоѓаат својот спас во генерал Ирвин (Роберт Редфорд). Тоа се воени затвореници со изгубена чест и самопочит но сеуште со воен дух во себе.
Филмот не е мастерпис, ниту пак култен но сепак ми го задржа вниманието добри 2 саати. Имав чувство ко да читам добра книга. Не можам да го споредам со други филмови кои имаат слична тематика затоа што носи посебна приказна. Од целата приказна има една добра поука, дека можеби можеш да ја одземеш титулата и рангот, но никогаш не можеш да го одземеш воениот дух.

7/10
 

Anne.

~ Happiness In Slavery.
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.628
Поени од реакции
10.284
Match point 2005



Не знам може и го имам рецензирано, не е битно.
Кога го гледам филмот увек ми е ко прв пат да го гледам :)

I’d rather be lucky than good…
Џонатан едноставно е измислен за ваквите улоги. Има нешто во неговиот поглед кој совршено се вклопува во ликов кој го портретира. Крис е бивш тенисер кој работи како тениски инструктор. Се спријателува со Том и по некое време започнува врска со неговата сестра, слатката и срамежлива Клои,. Наскоро ја запознава девојката на Том, преубавата актерка Нола, и неговиот живот добива поинаков тек...
До каде сте спремни да идете само за да си ги остварите плановите, што се сте спремни да направите само за да не ви се испречи некој на патот?
И да, без разлика колку добро да планирате нешто, сепак треба да ве послужи и среќата малце :wink:

Speak 2004



Не, ова не е само уште еден тинејџерски филм за суперхот средношколка, обожавана од сите. Прекрасна драма, трогателна и потресна...
Мелинда е средношколка која ја имала таа несреќа да биде силувана, и полека започнува да се справува со злото што ја снашло.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Black Swan

Вчера го гледав филмов и не можев да го рецензирам веднаш, ми требаше малку да го размозгам. Проблемот е што сфатив дека нема што многу да се мозга. Од некој од форумџиите прочитав дека филмвиве на Аронофски не третираат којзнае што, но дека човекот има свој посебен приказ. Тука се согласувам потпоплно, според она што го видов. Филмов во реализацијата е прекрасно осмислен, се мислело на детали, на пример боите, тесни простори кои предизвикуваат клаустрофобија итн.

Искрено не се сеќавам да сум гледала филм којшто волку ме напнал, во хорор очекуваш да има крвови некои непријатни сцени итн, но ова што го видов сериозно ме згрози на моменти. Но ми се допаѓа тоа, штом не можам да го предвидам текот на филмот за мене тоа е одлично.
Секоја чест за Натали Портман, секој може да ослаби 15 кила, но не може да се трансформира во балерина. Она успеа. Не знам колку е потребно за да се изведе таа трансформација, но сигурна сум дека бара вложување. Можно е улогава да се покаже како улога на нејзиниот живот, ќе видиме.

Во суштина филмов е уметничко дело, од музика, до движење до гестови, се е прекрасно изведено. НО, јас не сум фан на филмови кои не се докрај јасни, триковите кои ги користат режисерите од типот "сега ќе те збунам па и кога ќе заврши филмот ќе се прашуваш што се случи" ми идат на нерви. Имам и причина за тоа. Јас лично преферирам филмови во кои режисерот си игра со тебе цел филм, никако не успеваш да погодиш што се случува, но на крај ти ја објаснува приказната и разврската и остануваш запрепастен од решението. Secret Window е токму таков филм и намерно го ставам како пример зашто можам да повлечам паралела меѓу филмовиве.

Филм без разврска не го сметам за врвно достигнување. Многу лесно се изведува таков филм, сепак, да беше само тоа содржано во филмов немаше да ми се допадне. Но, има многу зошто да ми се допадне. Јас не сум од оние кои ќе го глорифицираат, но, во поновата кинематографија ова е навистина посебно дело кое филмофилите мораат да го погледнат.
Има една сцена во која Портман го изведува црниот лебед на сцената при крајот. Мислам дека таа изведба е една од најсовршените што сум ги гледала на филм.
Патем филмов ќе си го имаше истото значење и вредност и без експлицитните секси сцени. Сосема се непотребни и без врска.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.320
Поени од реакции
57.791
Never Let Me Go (2010)

NEVER-LET-ME-GO-Movie-Poster.jpg

И ај да ја отвориме новава сезона :)

Од кај да почнам само... прв филм кој го гледав во новава година е Never Let Me Go, британска драма со Keira Knightley, Carey Mulligan и Andrew Garfield. Добра актерска екипа што секако е предуслов за добра драма базирана на карактери. За да не ве збуни она Sci-Fi во насловот, нема ништо натприродно, туку филмот започнува со едно замислено минато во 60-тите во кое човештвото пронашло лек за болестите како ракот и сидата, но сето тоа е поврзано со децата кои растат во посебни училишта во Англија. Во едно такво училиште заедно со останатите деца растат и Томи, Рут и Кети. Овие деца живеат во солидни услови кои им ги овозможува училиштето, но не знаат зошто се тука и што ги чека кога ќе го завршат школувањето.

Понатаму нема да откривам за да не пишувам спојлери. Можам да кажам дека ова е исклучително бавен филм, па оттука е погоден само за оние кои сакаат драми. Се работи за тажен филм, сурова реалност која перфектно се вклопува во тмурното англиско време во кое протекува целиот филм. Иако сум љубител на британските филмови, и иако често го критикуваме Холивуд, мислам дека за овој тип на филм, или поточно од оваа приказна, Холивуд ќе направеше подобар филм. Кој потоа ќе го покакаше со безвезен крај.

Во секој случај, 7.5/10, колку што има и на IMDB. Aко сакате драми, погледнете го филмов.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Green Zone.


Филмче со Мет Дејмон во главна улога и иако е представен како воен акционен филм сепак има многу подлабоко значење за оружјето за масовно уништување кое го бараа во Ирак. Американците нивната историја сакаат да си ја прикажуваат преку филмови така да имам чувство дека овај фиилм е токму за тоа, критички е настроен кон цел синџир на команда начин на управување итн. и е во жанрот на филмови сличен на поствиетнамските холивудски филмови во кои е представена цела корупција воени злочини и психолошки профили на американски војници. Има многу нешта во филмот кои што Пентагон не би ги одобрил но на крај краева Мет Дејмон е херој американски војник со сите нишани на тоа.
Како и да е добро филмче вреди да се гледа....
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Епа, јас ја почнав годината со The Sorcerer's Apprentice. Кој може да одолее на комбинација од брканици, штосови, магија, смотано типче, љубов ииииии (за машките ова) Моника Белучи?
Добра забава. :icon_cool

Само се прашувам, каде го фрлија бикот? :)
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Рускиот затвореник Бојкa е заглаваен од повреда на коленото, која ја добиева од крајот на филмот Undisputed 2. Престанал да се бори долго време во натпреварите кои се одржуваат во затвор, тој има илузија дека е добар само во чистење тоалети. Но, кога почнува нов турнир во затвор – една меѓународна афера, надгледувана од најдобрите борци од затворите во светот, прелажени со ветување за слобода за победникот, Бојка треба да си го поврати достоинството и да се бори за победа.

Режисер: Ајзак Флорентин
Во улогите: Скот Адкинс, Мајкл Шанон Дженкинс, Христо Шопов, Марко Зарор, Мајкл бара и др.
Држава: САД
Година: 2010
Времетраење: 96 мин
Жанр: акција

 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
Death Race 2


Ајде и од мене за старт на Новава Година:)
Прв филм во неа беше Death Race 2. Се мислев дали да ја тргнам годинава со некоја акција со могу крв, тепање, млатење и шо уште не, или со некоја полесна комедија:)
Ја избрав акцијава и за филмов што да се каже.
Кој го има гледано првиот дел, знае што се работи во него, тогаш знае како ќе се движат работиве и во вториов. Во затвор ќе се организираат трку подржани од една корпорација и кој ќе победи си ја освојува слободата. Карл ограбува банки, поврзан е со мафијата. При еден грабеж ќе биде уапсен, ќе биде осуден и тука почнува веќе интересниот дел.
Се на се ако сакате филм со крв, пукање, тепање тогаш треба да го изгледате овој.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
BURIED

Филмов треба да оди со предупредување, "не е за луѓе со слабо срце и клаустрофобија или за луѓе кои се соживуваат со филмови". Јас да сум ти спаѓала во третава група...:)
Како и да е, филмов може да се изрецензира во две реченици зашто на прв поглед и содржината му е оскудна, човек се буди закопан во сандак и има само запалка, мобилен и уште неколку предметчиња кои ги оставам во тајност. Не знае каде се наоѓа и врти по мобилниот обидувајќи се да се спаси. Е толку е приказната.

Знам звучи здодевно, патем во филмов игра само еден актер, па кога ќе го земете и тоа предвид многумина не би го гледале, зашто самото дејство ќе ги асоцира на нешто што се одвива многу бавно. Чудно, сум гледала филмови со по дузина актери во него, па ниту биле напнати ниту забавни. Овој сигурно не е забавен, но дека е напнат, тоа сигурно. За тоа заслуга има Рајан Рејнолдс, човекот беше толку на ниво што немам зборови. Жалам што многумина го гледаат како манекен во Холивуд, зашто има многу добри актерски потенцијали. Фактот што целиот филм го износе на свој грб и ме натера да се соживеам со него е доволно добар доказ за тоа.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Филмов може сериозно да ве потресе.

П.С : I'm sorry :wink:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom