Последен гледан филм со кратка рецензија

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Jogo Subterrâneo по португалски или Подземна игра по нашки.
Случајно го зачекав на ХТВ1 и се одлучив да му дадам шанса заради добриот и необичен почеток и мислам дека не зажалив.

Филмов после Божјиот град е вториот брзилски филм кој го имам гледано и можам да кажам дека сум позитивно изненаден. Инаку, станува збор за една доста напната драма во која авторите на филмот сакаат да кажат (барем јас така сфатив) дека љубовта која се раѓа на еден спонтан начин, макар и да се заљубиш и без да ја познаваш девојката е многу по... хммммм... посебна е.

Иако на прв поглед делува дека станува збор за романса, сепак филмот нуди многу повеќе, тоа е една суптилна приказна која е одлично раскажана и што е уште побитно за еден неамерикански филм што ретки се моментите кога ви се здосадува од филмот.
Првиот пола саат е од една страна интересен и необичен, но од друга страна многу малку од тоа што е раскажано за првиот пола саат е релевантно за понатамошниот дел од приказната, речиси како да влегуваш во друг филм. Остатокот од филмот е доста напанат, режисерот цело време не држи во мрак и воопшто не ни дава шанса да носиме било какви заклучоци пред време за расплетот на приказната , единствено што може е да нагаѓаме. Крајот ми се допадна иако откако го видовме расплетот беше малку предвидлив.

Се на се за оние кои сакаат да побегнат од америчките хеп енд филмови, Подземана игра е одлична шанса. За оценка малку се двоумам, веројатно ќе биде потребно да го изгледам уште еднаш за да бидам поконкретен во оценката, сепак до второто гледање 7.5.
 
Тапа.Тиња.Веќе видено...
Ама воопшто не ми се свиде филмов..веќе позната приказна.
Уште непочнат филмот,знаете што ќе се случи..
Значи најголемите убици во градот се собираат на турнир и се тепаат..победникот од пред 7 години,пак учествува во турнирот,и погодете кој ќе победи..

оценка:3/10

Му давам 3 затоа што го гледав со фино друштво филмов,иначе ќе добиеше 1 или 2..
Не го гледајте,џабе ќе изгубите сат и пол драгоцено време..
 

Attachments

  • 020400yrq.jpg
    020400yrq.jpg
    35,5 KB · Прегледи: 2
Sex Drive http://www.imdb.com/title/tt1135985/

оцена од мене 8/10

прилично добар филм според мене и е нешто слично на American Pie (не МНОГУ слично) :wink:

SexDrive.jpg
 
Blow (2001)

536g6c3.jpg



Млади дечки започнуваат нарко бизнис како и обично со марихуана продавајќи на плажа, со тек на време се запознаваат со нарко мафии, прават големи пари проблеми со полицијата затвори тепачки убиства......бла бла бла. само да кажам одлично филмче со одлични глумци ке си го изглеате јас да не серам мн со рецензииве пошо и онака не ме бива.

8.9/10
поздрав
 
DAS LEBEN DER ANDEREN
das-leben-der-anderen.jpg

Источна Германија, неколку години пред паѓањето на Берлинскиот Ѕид. Тајните служби на комунизмот се навлезени во секоја пора на општеството. Помеѓу уметниците, политичарите, обичните луѓе. Еден од тие агенти, човек школуван за да му служи на комунизмот, ќе добие задача да шпионира познат поет. Иако поетот секогаш стоел зад својата држава, во очите на тајната служба секој е сомнителен. Така почнува приказната за преобразбата на тајниот агент во добар човек. Ќе сфати колку е осамен во животот, ќе сфати дека она во што верувал цел живот е само пропаганда со која заработуваат големите во тој систем.
Знаејќи дека истите работи се случуваа и кај нас пред 1990, им го препорачувам овој филм на сите што се удараат в гради за другарот Тито, за комунизмот, за добрите времиња (можеби за нив и нивните родители добри, но за некои други...). Единствена разлика е што кај нас истите тајни агенти и шпиони никогаш нема да ги дознаеме и сеуште се на високи позиции во ова општество. Треба да учиме. Многу да учиме.
Оценка за филмот: 9.5/10
 
Најдете го гледајте го. Боља рецензија нема

public_enemies.jpg



Стиснете на профил за музика од истиот филм.
 
некоја страна од каде можам да симнам превод?

Потрошив час и неколку минути на филм кој мислев дека ќе мочам у гаќии нема да можам да спијам,а гледав некојси досаден филм што си нема врска :tapp:

Мислам на Антихрист :tapp:

1\10
 
после легендарниот "Мамурлак" све ми изгледа тапа :tv:
Уф, морав да те цитирам овде. Иако ти е постар постов, барав предлози да спуштам нешто и баш налетав на ова.

Hangover го гледав по 2-3 пат пред некој ден и морам да кажам дека го менав мислењето за него. По првиот пат му дадов чиста 8-9 ама сега кога го гледав 2-3 пат не е истото.
Филмов е некако преценет, мислам... има многу такви кои разработуваат слични тематики во моментов дури можам да се сетам на два слични.
Dude, where's my car?, кој е патем идиотски филм и глупа комедија со најглупиот глумец шо не знајт да глумит - Ештон Качер. Не знам дури ни како се пишит на македонски и како се читат типов. Овај е за на Емтиви шоуа да глумит, во филм... тешко. Филмот се работи за тоа како двајца другари ја бараат колата.
Другиот е еден од најпопуларните цртани Beavis and Butt - Head do America, кој исто е идиотски цртан и има идиотски хумор, ама некако е интересен... Цел филм бараат еден телевизор!?

Некој го номинира за најдобриот филм за 2009та, ако е тој најдобар јас сум Брижит Бардо. Тој е во конкуренција за најдобра комедија со 500 days of summer, кој го гледав тазе, и има многу поинтелигентен хумор него Хенговер и поцврсто сценарио. Филмон е сексој, за кој наредно ќе пишам рецензија ко ќе имам повеќе време.
 
некоја страна од каде можам да симнам превод?

Потрошив час и неколку минути на филм кој мислев дека ќе мочам у гаќии нема да можам да спијам,а гледав некојси досаден филм што си нема врска :tapp:

Мислам на Антихрист :tapp:

1\10

Друже. Иако филмов не е разбран многу луѓе, толку ништо друго не ти се допадна? Еве приказната не ја разбрав и јас, ептен тешка приказна. Филмов долго ќе биде број 1 на листа на тешко разбирливи филмови, што викаат некои mindfuck.

Се останато е ептен добро. И приказната е добра за тој што ја разбрал.
 
57f3e8d4c7.jpg

In a world where everyone can only tell the truth... ...this guy can lie.

Оригинален наслов: The Invention of lying
Режијa: Ricky Gervais, Matthew Robinson
Сценарио: Ricky Gervais ("The Office" TV serija, 2005.), Matthew Robinson
Улоги: Ricky Gervais, Jennifer Garner, Jonah Hill, Louis C.K., Jeffrey Tambor, Fionnula Flanagan, Rob Lowe, Tina Fey
Година на производство: 2009
Жанр: комедија

Филмот се случува во алтернативен свет, каде лагата, дури и концептот за лага, не постои, сите, па дури и политичарите и луѓето во маркетингот, ја зборуваат вистината и само вистината, без оглед на последиците. Но, кога еден губитник, Марк, неочекувано ќе развие способност да лаже, ќе открие дека неговата нечесност се наградува. Во светот каде се претпоставува дека секој збор е апсолутна вистина, Марк со кажаните лаги го наоѓа својот пат до славата и богатството. Но, лагата има склоност да се шири па на Марк нештата почнуваат му бегаат од контрола, кога неговите лажни приказни ќе бидат употребувани како евангелија. Но, и покрај тоа што светот зависи од неговите зборови, постои нешто кое не може да го освои со лаги - срцето на саканата жена.
Ем промислен, ем забавен, ем романтична комедија. Уживајте!


Филмов го гледав пред 10тина минути и навистина ми се допадна :) пошто не бе бидува со рецензииве оваа погоре ја превземав од друга страна што е најмалку битно тоа.

8/10
 
Само шо го гледав Аватар, и то во 3Д кино :vozbud:.
Искрено, ко ги гледав трејлерите претходно и ко гледав колкав буџет има филмот, си мислев дека ќе биди големо срање. Ама од ко го изгледав го менвам мислењето. Беше малце напорен, ради то шо траеше 2h 41min , ама ми го задржа цело време вниманието. Убав спој на научна фантастика со љубовна приказна во него, акција по тро итн.

Од мене оценка: 8/10
 
Филмов,што знам..онака добар за опуштање,со одредена доза на интересни сцени..
4 другари,од кој едниот од нив за една недела треба да се жени,организираат момачка вечер во Лас Вегас..
Но,неговите другари,баш и не сакаат тој да се жени,зошто мислат дека ќе се оддалечи од нив..
Затоа смислуваат нешто..
Иначе крајот е интересен,а музиката во филмов е одлична!

оценка:6.5/10

На моменти беше досаден,што можеше да се заспие.
 

Attachments

  • 2uqljcn.jpg
    2uqljcn.jpg
    34,2 KB · Прегледи: 4
Sherlock Holmes.




Па следува игран филм за славниот Шерлок Холмс, требаше порано да снимат ама ајде. Нормално тука до него е одма првото негово другарче доктор Вотсон.
Добар филм за оние што сакаат логички загатки заинтригирува со мистериозноста која што провејува низ цел филм. За разлика од серијалот во досадно монотоните периоди овде Холмс не користи кокаин се свестил човекот дека е лошо итоа. Си оставиле простор за нов дел трилогија ќе прават ебате беља, ама добар филм.....
 
Back
На врв Bottom