Последен гледан филм со кратка рецензија

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Wot, и јас го гледав Dorian Gray (2009), не ми се допадна. Ми се допадна приказната, која е стара и во модифицирани верзии сме ја виделе и сме ја читале... но мислам дека она е приказна за холивудски филм, а не за британска протукција. На англичаните треба да им се забранио да прават било какви приказни од Викторијанската ера, затоа што автентично прикажуваат колку бил досаден овој ужасен период на островот. Видовме многу превртување по кревети, многу празни дијалози, премногу доцна во филмот Дориан ја запознава својата вистинска љубов, т.е. романсата трае само кратко... Знам дека е некоја адаптација на роман и незнам ништо за романот, ама ова ми изгледаше многу неуверливо, како еден куп британски ТВ филмови што ги пуштаа на МТВ на времето... 5/10 ако веќе морам да го оценам.

Добар стимуланс е филмот. После некој напнат/акција/користење_повеќе_главата филм такви бавни драми ми се супер. Се согласувам дека филмот едвај заслужува 5ка, иако јас го наградив со 7. Чисто како фан на приказната. Како и да е, крај краева, ако не погледнеме и лош филм, ќе неможеме да препознаваме добар. :)

И околу превртувањето по кревети, што да збориме за делото на Lars von Trier, Аntichrist? :pos2:
 
Kingdom of Heaven

51W7MP22M0L._SL500.jpg

Само што го изгледав филмот. Одамна немам погледнато некој историски филм и овој ми се погоди баш како што сакав да погледнам некој.

На кратко во филмот приказната е поставена за време на крстоносните војни од 12 век. Ковачот Балиан (Orlando Bloom) од француско село заминува во Ерусалим. Пред работ нз смрта на неговиот татко тој му ветува дека ќе стане вистински витез и дек верно ќе служи на кралот и секогаш ќе помага на беспомошните. По смрта на кралот власта паѓа во погрешни раце и судирот помеѓу муслиманите и христијаните се заострува. Новиот крал ја губи својата војска, а Балиан иако има возможност да се отргне од Ерусалим тој останува да го штити знаејќи дека е невозможно да победи.

Вреди да се погледне моја оцена 9/10.
 
The Time Traveler's Wife
the_time_travelers_wife_movie_poster.jpg

Овој филм го чекав 2-3 месеци и конечно го гледав. 2 пати. :)

Многу добра љубовна драма. Добра сценографија, одличен саундтрак, убаво смислена приказна.
Филмот прикажува живот на Хенри (Ерик Бана) и девојка му подоцна жена Клер.
Хенри е со генетски аномалии и неконтролирано патува напред и назад низ времето .
 
The Time Traveler's Wife
the_time_travelers_wife_movie_poster.jpg

Овој филм го чекав 2-3 месеци и конечно го гледав. 2 пати. :)

Многу добра љубовна драма. Добра сценографија, одличен саундтрак, убаво смислена приказна.
Филмот прикажува живот на Хенри (Ерик Бана) и девојка му подоцна жена Клер.
Хенри е со генетски аномалии и неконтролирано патува напред и назад низ времето .

The Time Traveler's Wife

На препорака на bucio, кој ми рече да не го гледам :) , го изгледав филмов вчера. Дури и го симнав од Интернет што значи дека сум имал големи очекувања, инаку не жртвувам 1гб од мојот скромен adsl :)

Инаку, како што кажаа и bucio и vespertine, нека не ве лаже насловот, ова е драма, со малку фантастични елементи, т.е. способноста на Ерик Бана да патува низ времето. Јас лично бев нестпрлив да го гледам, зошто прво, сакам драми, а второ, двајцата главни актери ми се меѓу омилените, Бана после Troy (2004) или Munich (2005), што год сум гледал прво, а Рејчел после The Notebook (2004) и Wedding Crashers (2005). Веројатно и периодов 2004-2005 е време кога гледав најмногу филмови.

Сепак, секогаш кога има time-travel зезалици очекуваш некое повозбудливо сценарио, но секој пат кога Бана ќе скокнеше во минатото или иднината и назад, приказната си продолжуваше во стилот на класична драма. Интересен е делот кога се враќа да се види себеси како мал, жена му кога била мала итн... Но филмот не не ништо повеќе од интересен. Му фали подобра приказна, или во средината на истата приказна, да се случуваа далеку подраматични и понеизвесни работи. Карактерите, освен на главните два актери, беа само бледи точки во филмот, нивните ликови воопшто не партиципираа со ништо. На пример, пред крајот на филмот Бана се поздравува со својот голем пријател, кој се појави во 2-3 сцени и кажа неколку реченици...

Можеше многу подобро да се направи филмов, тоа е се. Не е некое незаборавно дело, но на оние кои сакаат драми, би требало да им се допадне. Ако веќе го споредувам со слични филмови, тогаш The Jacket (2005) е сигурно подобар филм.

Но сепак, 7/10, колку што одприлика има, мислам дека е објективно.
 
Gran Torino (2008)

Gran_Torino_poster.jpg


После овој филм, уште долго ќе ми се вртат мисливе и цитатите на Клинт Иствуд. Веќе од лани кога го гледав „Slumdog Millionaire“, не ме оставил некој филм со толку длабоки и силни импресии. Според мене од изгледаните „Мистична река“ и „Размена“, дефинитивно ова е најубавиот филм на Иствуд. Филмот ни‘ нуди прекрасна содржина, фантастична глума, и неверојатна режија и музика. Саундтракот веќе ми е на листата за симнување, генијален е. Иствуд дефинитивно го одигра маестрално ликот на стариот и огорчен Волт Ковалски. Дефинитивно најинтересни цени ми беа додека беше на скарата кај комшиите Азијци, значи прекрасни цитати!

Крајот беше доста shocking :nesvest: ! Уште еднаш, огромна препорака до сите, овој филм ќе го паметам уште многу долго време...!

Чиста 10ка, без размислување!

Ториното беше :smir:

Крајот е :cuc::cuc::cuc:

Само што го гледав! Од Иствуд далеку повеќе ми се допаѓа Мистична Река. Ми беше ол-тајм фејврит, се додека не го видов Шон Пен во Милк, каде ми се повраќаше од геј сцените!

А инаку, во Гран Торино првиот пола саат, нешто помалку, беше тупење, ама крајот е секоја чест!!!!!

Што велиш за скарата, цар е Иствуд како му ја намести `Јам-Јам` на Тао!:wink:
 
Perfume: The Story of a Murderer-


Perfume_Poster.jpg


Во филмот се зборува за Jean-Baptiste Grenouille ,личност која има надприродно чувство за мирис и е во потрага по најдобриот парфем.Сторијата започнува од неговото трагично раѓање кога е отфрлен од неговата мајка,животот како роб па како тој станува сериски убиец на млади и убави девојки за да го пронајде рецептот за најсовршениот парфем...
Филмот трае 147 мин , конверзациите се сведени на минимала па ви го препорачал да го гледате кога не сте поспани.
оценка-7/10 ( да немаше сајансфикшн елементи при крајот ке заслужеше и поголема).

пс- http://www.imdb.com/title/tt0396171/
Release Date:

16 February 2007 (Republic of Macedonia) :toe:
 
Вчера го гледав The Box,добар филм иначе,језда малце Камерон Дијаз не ја миришам многу али глуми оној типацон од икс мен,слепион,со широките вилици,мамиии.Причава и филмов е нешо демек ќе најдат кутија у 6 сабајле,и еден чика ќе им дојде на врата,со пола фаца,се согорел,коа го акнало гром,мање битно,и ќе им рече џоа коа ќе го притиснат копчето на кутијата,некој они шо не го знаат ќе умре,а истовремено они ќе добијат милиун долари.И на оваа гзот оволик за пари ќе го стисне,и да не издавам многу,вреди да се гледа,забеган филм е,нешто ко The Game со Мајкл Даглас
Оцена 8/10
TheBox001.jpg
 
Before I Self Destruct
347bfself.png

Овоа е еден од филмовите кои спагат у категорија ФИЛМОВИ ШО НЕ ТРЕБА ДА ГИ ГЛЕДАТЕ .Филмо е баш од оние шо уште кога ја видеш првата сцена знаеш како почнува како се одвива заплет,расплет,кулминација,крај се знаеш од 54 секунди гледање.Не знам кој гавол ме тера да го гледам до душа на стрелкичката стално ми беше прсто шо значи јас сам си ги потскрати маките.И да 50 цент шо курац пробува да биде глумец каа не га бива па маани другото и он е и writer на филмо.За да не бидам офф топик у филмо се зборе за живото на црнците(сере ми се) и за тоа како судбината знае да си поигра со тебе(ногу ми се сере) и на крајо колку само работите можат да се сменат преку нок у негатива или позитива(Сере ми се та плаче ми се) и на крајо без разлика на се како еден црнец е осуден да заврше како и сите други без разлика на тоа колку се труде или шо ти ја знам(држ ме мајко испосра се).Моја оцена 2/10
 
Конечно го изгледав Zombieland и се воодушевив од филмот. Едноставно не ни трепнав, тотално изгубив осет за време и не ми се верваше како филмот заврши толку брзо. Дефинитивно создаден филм за мој вкус. Добра глума, многу смешни сцени и многу крв.
Zombieland_Poster_2.jpg


Zombieland е хорор-комедија во која дејството се врти околу двајца мажи кои пронашле начин како да преживеат во светот во кој владеат зомбите. Првиот е голем страшливец кој преживува следејќи ги строго сопствените напишани правила, а пак вториот е бестрашен и решителен ловец на зомби. Тие ќе ги здружат силите со две сестри кои исто така имаат најдено уникатни начини за да преживеат. Во сета таа авантура и необични ситуации, мора да откријат што е полошо..да се потпираат еден на друг и да си веруваат дека може да си помогнат или да бидат изедени од зомби.
 
Дефинитивно..Гладијатор,со Расел Кроу....најубајот филм шо го имам гледано...прикажана тогашната слика на Рим,животот на пожртвуваните војници,кој скапувале како гладијатори поради волјата на налудничавите императори.....Многу тажен филм..со изобилство на херојски акти,кои ти го залажуваат мозокот да не мислиш на крајот....со еден збор..перфект
ина4е 9/10...бидејки умира гл.лик...јбг.сентиментален сум:smir::smir:
 
Veronika decides to die
n58169.jpg


Филмов е излезен во Август 2009, но очигледно поради скромна реклама мал е бројот на луѓето кои го погледнале.
За филмот дознав дури денес листајќи по Замунда и еве само што го изгледав. Една од подобрите филмски адаптации на книги. Романот на Коељо го читав пред нешто повеќе од година, па ова беше враќање на мемориите. Филмот НЕ пробува да ги добие гледачите на голотија и сексапил, и таман помислив дека ова е до крајност и дека е испуштена единствената еротска сцена од книгата - таа се случи!

За содржината: Вероника е девојка на која навидум добро и оди во животот, но таа не е задоволна од светот. Ќе проба да се самоубие со предозирање, но ќе биде спасена и однесена во психијатриска болница. Таму и е соопштено дека го оштетила срцето и дека и останува малку време живот. Наредните неколку денови таа ќе сфати дека неизмерно си го сака животот! Оттука натаму не ви кажувам, за да не ви го уништам задоволството на љубопитноста!!!!​
 
Значи кој ми го препорача филмов,да е здрав и жив 100 години,а знам дека беше некој од форумџииве..
Ептен добра српска комедија..онака опуштена приказна,повеќе ликови,различни карактери..
Финтава е,во Вождовац во едно маало,населба има така друштво поголемо..и нивни другар,голман иначе брани за Иствич..значи во Премиер Лига..Типацот се вика Кенгур и..понатаму не кажувам вреди да се погледне!
Природна српска комедија,која не те остава рамнодушен,се утепав од смеење!
Актерската екипа е добро позната...

Моја оценка:8.5/10

...можело и подобро да заврши али тоа е...
 

Attachments

  • 2qdmwrc.jpg
    2qdmwrc.jpg
    170 KB · Прегледи: 6
ALVIN AND THE CHIPMUNKS THE SQUEAKQUEL

alvin-and-the-chipmunks-2-the-squeakquel.jpg

Вториот дел од малите три нојзи суштества... тапа филм, лејм хумор, впрочем никаков, али и така е кога жена е продуцент... после легендарниот "Мамурлак" све ми изгледа тапа :tv:
Во продолжениево се појавуваат три фимејл чипманкс и преку нив Иан повторно ќе се врати во игра по банкротот... дејствието се одвива во школо, 70% од филмот.. може да се каже дека и новиот бејбиситер на чипманкс е тапа...

поради недостиг на новитети(едвај го чекам Шерлок Холмс на Рип снимка) би ви препорачал да видите какво срање од филм е ова...

3.5/10
 
Freedom Writers
freedom_writers_ver3.jpg

Еве еден филм со нигери кој и не е толку лош уствари не е лош уопште...Значи филмот е онака доста мотивирачки а станува збор за една млада професорица која ке оди да предава во школо кое се наога во место каде што бандите и геттат се борат за територија....Мислам дека можете да си претпостаете како изгледа тоа поради многубројните филмови у кој се истото прикажува.Значи нема нешто посебно околу рецензијата видете на крај како оваа професорица ке и го смене живото на овие вандали,еден од ретките филмови со оваа тематика шо ми се има бендисано.Моја оцена 8/10 добра филм е у секој случај.
 
The Lovely Bones (2009)

Еве еден филм кој или ќе ви се допадне многу или ќе го мразите многу. Во секој случај, јас ќе се потрудам да објаснам за каков филм се работи, за да си знаете дали е за вас или не е.

„Приказна за еден живот и за се потоа...“

Вака оди линијата на филмот за живото и смртта на едно девојче, и за нејзиниот престој помеѓу земјата и небото. Малечката Сузи Салмон на 14 годишна возраст е убиена од сериски убиец кој живее во соседството. После тоа, таа се наоѓа во навистина магичен, фантастичен свет, некаде помеѓу земјата и небото, од каде се обидува да му помогне на својот татко да го открие убиецот. Светот во кој се наоѓа е оној свет кој го имате на прекрасните позадини на вашите компјутери, и целиот филм е исполнет со такви сцени кои изгледаат навистина прекрасно.


Сега, мора да се разбере дека филмов е прво фантазија, а после тоа crime/drama. Актерите се одлични, пред се малата Saoirse Ronan која е во улогата на Сузи Салмон, потоа Rachel Weisz и Mark Wahlberg како нејзини родители.

Се работи за адаптација на роман, по се изгледа доста познат судејќи по бројот на луѓе кои го прочитале и се воодушевени од него. Овие гледачи кои го прочитале романот фрлаат со дрва и камења по филмот кој само до некаде ја следи приказната на романот, додека оние кои не ја читале книгата се многу позадоволни од филмот.

Како и да е, мора да се каже дека во филмот ми се допадна скоро се, ама не и крајот, не заврши како што требаше според мене, иако нема да пишувам тука заради спојлери.

Филмот е сепак еден од подобрите fantasy movies што сум ги гледал, мене ми се допадна. Режисер е Peter Jackson кој го режираше и Lord of the Rings.

Па сега, ако од прилика имате претстава за каков филм се работи, ваше е дали ќе го гледате или не. Од мене, 8/10
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom