Последен гледан филм со кратка рецензија

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
И јас како IOsonoINTERISTA, денеска го гледав...

Lovely_bones_ver2.jpg


Горе-долу задоволен сум од филмот, но може да се рече дека очекував премногу повеќе откако излезе првиот трејлер за филмот. Имав преголеми очекувања, најпрво заради содржината а потоа заради и режисерот Питер Џексон, чија имагинација знаеме сите до каде може да отиде.

Саоирс Ронан ми е фантастична актерка, во „Atonement“ нема потреба да надополнувам каква беше, со оглед на номинацијата на Оскар за таа година. Ниту овде не ме разочара, ја обожавав едноставно во целиот филм, добро беше улогата што ја имаше и по нејзината смрт, но ниту еднаш не сфатив што всушност нејзиниот лик играше функција во целиот филм, додека на крајот ни беше сe објаснато :kesa:, можев и да очекувам според насловот, но како и да е... задоволен сум од филмот, но според мене не добива номинација за Оскар. Требаше повеќе да ме освои!

7/10
 
THE TOURNAMENT

The%20Tournament%20movie%20poster%20promo%20artwork.jpg

Само што го одгледав... акционен крвопролевачки филм без поента и тумачење... шерхолдерите ги збираат на едно место 30-те најголеми асасини, победникот добива некоја маргинална сума пари... овие се обложуваат на нивните животи и си гледаат 24/7 будно реално парчосување... победникот од пред 7 години се враќа по одмазда на неговата сопруга...

типичен Battle Royale се тоа обележано со крајно лоша глума...

5.5/10
 
The Day of the Jackal (1973)

day-of-the-jackal-poster-0.jpg


За сите љубители на трилери, филмов е must see. Не ми е јасно зошто за овој филм нема место во имдб топ 250.
Станува збор за измислена приказна за обид за атентат врз Шарл де Гол. Група војници незадоволни од политиката на францускиот претседател (откажувањето од Алжир) ангажираат платен политички убиец во името на Шакалот, ова се првите 15-ина минути останатото топло ви го препорачувам.
На моменти се чуствував како да го гледам Минхен, но ова е многу подобро. Филмот е неизвесен од почеток до крај, проследен е со постојана напнатост, секој нареден чекор е непредвивлив, има безброј испреплетености, трилер во права смисла на зборот. Во ниеден момент не ви се здосадува од филмот, цело време сакате уште, па дури и кога се беше готово чекав уште изненадувања. И да, имаше...
Пофалби за режисерот Зимерман кој направил несекојдневно реален филм, извлекол максимум и од актерите, чија глума толку беше добра што на моменти се чуствував како и јас да сум дел од филмот.
Од минатите рецензии мислам дека само на Парадизо му имав дадено 10, Шакалот и повеќе од заслужено ја добова втората десетка.
 
The Imaginarium of Doctor Parnassus

ImagOfParn_span.jpg


Филмов денес излезе во светските кина.
Уф, од каде ли да почнам? Значи филмов е фантазија. Во секаква смисла на зборот.
Д-р Парнасус кој е илјада години стар, заедно со неговата театарска група патуваат од едно место во друго низ Лондонските улици и им нудат забава на случајните минувачи. Тој поседува магично огледало, низ кое кога влегуваш се наоѓаш надвор од реалноста, т.е. во сопствените соништа. Арно ама Д-р Парнасус во минатото си склучил пакт со ѓаволот, кој му овозможил да живее толку години, но за возврат ѓаволот треба да ја добие ќерката на Д-р Парнасус штом наполни 16 год.
И арно ама Д-р Парнасус наидува на нов лик Тони, кој набрзо станува дел од нивната група и „треба„ да му помогне да ја спаси ќерка му. (мислам дека овој беше пратен од ѓаволот, али не сум баш сигурен)
Филмов има доста привлечни сцени, посебно кога луѓето влегуваат во огледалото и во тој свет на соништа каде се е розово и совршено.
Интересно е што ликот на Тони во сцените кога влегува низ огледалото го глумат 4 различни глумци: Heath Ledger (кој почина без целосно да ја заврши улогата во овој филм), Johnny Depp, Colin Farrell и Jude Law. И на крајот кога заврши, стоеше дека му го посветуваат филмов на Heath Ledger.

Би го оценил со 7-ца поради актерската екипа, иначе полошо. А и последната третина од филмот ми стана досадна и претерана. Трае околку 2 часа.
 
ALVIN AND THE CHIPMUNKS THE SQUEAKQUEL
...поради недостиг на новитети(едвај го чекам Шерлок Холмс на Рип снимка) би ви препорачал да видите какво срање од филм е ова...

3.5/10
Мислам дека си ја пропуштил „целната возраст„ на филмов... на внука ми (5 год.) и се допаднаа и првиот и вториот дел! :wink:



Инаку пред некој ден го гледав Антихрист од Ларс Вон Трир со Вилијам Дефо и Шарлот Гаинсбург.
Како што напишав во темата за хорор филмови, еден од најдобрите нови филмови што сум ги гледал во последно време... Класа хорор. (донекаде и психолошка драма) Кратка содржина нема да пренесам пошто мислам дека тоа е најдобар начин да убедиш некој да не го гледа филмот или барем да му го расипеш филмот... Све што можам да кажам е дека по квалитетот на на сценариото и глумата единствен филм од овој жанр со кој може да има споредување е Shining со Џек Николсон.

Предупредување филмот не е за сите, очекувајте дел од друштвото (ако не го гледате филмот сами) да почнат на пола филм да бараат „нешто друго„ за гледање.... како што ми се деси на проекцијата на Mulholland Drive од Линч, повеќе од неколкумина си излегоа од кино салата пред да заврши филмот. :wink:

http://www.imdb.com/title/tt0870984/

antichrist.jpg
 
State of Play

review-state-of-play-$7031306$300.jpg


Искрено со овие глумци очекував многу подобар филм али што е тука е.Расел Кроу ја толку улогата на познат новинар кој е близок пријател со конгресменот Стивен Колинс (кого го толкува Бен Афлек).Целата сторија е поврзана со убиството на љубовницата на Колинс и низа убиства поврзани со неа кои Кроу пробува да ги открие и поврзе со една компанија.Филмот трае 2 часа ,исполнет со „интересни сцени ’’ и изненадувачки крај.

моја оценка-7/10
 
Го гледав филмчето на СИТЕЛ, се викаше изгледа ЗОШТО БУДАЛИТЕ СЕ ЗАЉУБУВААТ... Не беше лош. Се извинувам што не можам да постирам слика и да пишувам рецензија, тоа ќе го сторам откако ќе гледам филм на ДВД или на компјутер =) Затоа што, тие ги гледам откако самиот ќе си ги одберам и со мерак го правам тоа :toe:
 
Инаку пред некој ден го гледав Антихрист од Ларс Вон Трир со Вилијам Дефо и Шарлот Гаинсбург.
Како што напишав во темата за хорор филмови, еден од најдобрите нови филмови што сум ги гледал во последно време... Класа хорор. (донекаде и психолошка драма) Кратка содржина нема да пренесам пошто мислам дека тоа е најдобар начин да убедиш некој да не го гледа филмот или барем да му го расипеш филмот... Све што можам да кажам е дека по квалитетот на на сценариото и глумата единствен филм од овој жанр со кој може да има споредување е Shining со Џек Николсон.
http://www.imdb.com/title/tt0870984/

Shining e неколку квалитетни нијанси погоре од овој. Повеќе психо драма според мене која залутала во екстрими.
Оverrated и стабилна 6-ка според мене само ради глумата и приказната.

Кога сме кај филмови несфатени од поголемиот процент публика, Whatever Works.

Доста интересно реализирано. Екранизирана една занимлива идеологија на еден поединец, нихилист по природа и гениј за малку номиниран за Нобелова награда. Ефтини дедукции, дефинирање животни вредности во неколку збора, реченица. Извонреден дијалог, солидна глума, одлично режисирано. И колку за клише, во позадина се провлекува една љубовна драма со униатен хумор. Генерализирање, клишеа, стереотипи, подбивање кон љубовта, религијата, па и животот himself. Завршниот монолог ве тера да размислите. Компромис му е мајката. Whatever works. 10/10.

whatever-works_290.jpg
 
Знам дека не е тука местото али нема друга тема па затоа.Има еминем друг филм освен 8мајл?Благодарам ако има нека каже некој име.Поздрав.:back:
 
Значи,продолжувам со гледањето на екс-ју филмови.
Денеска го гледав ,,Мртов Ладен,,
Филмов е прејак.Добра комедија,со супер содржина и пред се фантастични глумци..
Срѓан Тодорович е звер!
Не сакам да ја тупам многу со рецензија,значи се се работи околу еден мртов старец..дедо на двајцата што се на сликата..
Толку од мене,иначе филмов кој не го гледал одма да го гледа,зошто е стварно есктра филм..

оценка:9/10
 

Attachments

  • Mrtav%20ladan.jpg
    Mrtav%20ladan.jpg
    28,1 KB · Прегледи: 2
Sin City
sin_city_front_cover.jpg


Одложував, одложував и ете..
Роберт Родригез, и гостин Тарантино, зарем може да е лошо?
Ме мрзи кратка рецензија, само ќе кажам дека филмов си ја заслужи својата позиција на мојата листа на омилени филмови.
Само да напоменам дека се воодушевив со репликите/дијалозите во филмов.

10+/10.
 
Уште нешто да прашам..па кој сака нека ми објасни по ПП или на профил.
Го гледав филмот Мулхоланд драјв мислам дека се викаше од Линч..
Ама искрено ништо не разбрав ко што треба..дали некој може да ми каже што е финтата,да не биде дека залудно сум го гледал филмот.
 
Сиви камион црвене боје 2004
220px-Sivi_kamion_crvene_boje.GIF


Српски филм во кој според насловот се се врти околу црвениот камион.Иако е опишан како комедија нема многу смешни сцени а поголем акцент е ставен на војната која само што не започнала.
Ратко(Срѓан Тодоровиќ) кој е далтонист и е само што е пуштен од затвор има голема љубов кон камионите... Од другата страна Сузана (Александра Балмазовиќ) е млада и бунтовна девојка која штотуку дознава дека е бремена и сека да оди во Дубровник ,па стопирајќи налетува на Црвениот(краден камион) кој го вози Ратко....

7/10(очекував многу посмешен филм али сепак не зажалив што го гледав)
 
moz-screenshot.png
Armored.


UiDEqyep.jpeg



Па добро филмот имаше познати актери во него кои што толкуваат неколку заебано добри улоги. На почеток се добива некоја идеја дека не е секојдневна бум бум бенг бенг акција што и не е, ама сепак пресвртот е остар. Напнатоста е голема и во центарот на вниманието се парите и до каде би отишол човек за нив......
 
Уште нешто да прашам..па кој сака нека ми објасни по ПП или на профил.
Го гледав филмот Мулхоланд драјв мислам дека се викаше од Линч..
Ама искрено ништо не разбрав ко што треба..дали некој може да ми каже што е финтата,да не биде дека залудно сум го гледал филмот.
Ако не ти е мака на темава имам рецензирано во првите страни, или оди на сите мислења и барај ме мене и кликни на сите мои мислења во оваа тема, кон последните ке најдеш неколку поста.
:)

Едит - ај да не те мачам, еве го линкот го најдов. Види прочитај мислам дека нешто ќе ти биде појасно. http://forum.kajgana.com/showpost.php?p=2097507&postcount=153
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom