Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 29.031
- Поени од реакции
- 61.959
![]()
Nuovo cinema paradiso имдб вели дека филмов е 87 на сите времиња, јас викам дека местото му е во топ 10. Еве зошто: Shawshank redemption и овој се единствените филмови кои ги имав гледано пред многу години, а ми се врежале во сеќавањето како нешто совршено. Се сеќавам дека филмов го имав гледано на Сител многу одамна и конечно вчера го гледав по втор пат. Не знам некој филм да ме погоди толку многу. Има филмови во кои на една или две сцени од филмот ви доаѓаат солзи на очите, филмов е малку поразличен, досега немам сретнато филм на кој ми доаѓале солзи едно 40-45 минути. Тоа се последните 40 минути од филмот. Во овие минути секоја сцена е посилна од претходната просто невозможно е да не пуштите солзи. Нема да ви го расипам филмов со тоа што ќе прераскажувам делови од филмот, погледнете го сами, нема да зажалите. Ќе пишам дека филмов во себе носи еден луп пораки почнувајќи од љубовта, пријателството, искреноста, животот и сите негови предизвици, упорноста, тврдоглавоста, и пак ке завршам со љубовта. Филмов МОРА да го изгледате.
Само да ти се приклучам на препораката. Филмов може не е во ТОП 10 на ИМДБ, ама е во моите ТОП 10, еден од тие што засекогаш ќе останат таму. Вистинско ремек дело.