Да си пишам и јас шо си имам да си кажам...
Бисер тимот вчера дефинитивно растуре. Без никакви договори околу дружење или забава, го имавме тоа во доволна количина.А во ниеден момент не останавме незаангажирани, во однос на делење флаери (до последен момент, на аеродромци...со надеж тие шо беа поблиску дека ќе донесат нешто). Дури и пуштивме уште ~400 нови парчиња, импровизирано исечени од мојава невешта рака.
Атмосферата беше исполнета со, шо би рекле филмаџиите „Christmas Spirit“, во ниеден момент не се почувствува некаков негативен набој - и токму поради таа позитивна раздвиженост, луѓето доаѓаа и се интересираа, и тоа покасно вроди со плод.
Само некако ми се промакна информацијата со креветчето...Лана е ѕвер, луѓе! Обезбеди детско креветче! Одеше по луѓено и им ги носеше торбите од на пазар, и му раскажвеше за акцијата

))
Мими измрзна пак, греотка, ал не ја жалиме, си го имаше момакот до неа, па си се грееја. Ај да не лажам, румот ја грееше! Ада ја декорира масата, ко новогодишна вечера да спремат...и свеќи донесе башка...Се покажа ко домаќинка, ми е зборов. Бушавка такоџе...ми ги спремаше флаерите за сечење, не документираше...ќе ја замолиме некое време да ни ги дајт сликите, ако е расположена за тоа :back: Томислејер со другарчината...другар, вие сте топ деца бре! фатија овие, се растрчаа, цел Аеродром го снабдија со флаери. Од кај му дојде та енергија, појма немам. На крај не испоштова Зевсус - со замашна донација, и добар муабет.
Да бе, за инет тебе последен! Серпико, ко и во поголемиот број на случаи, се ангажираше на сите места. И шо да пишам за него, појма немам. О море, насмеан беше, шармираше на моја територија...и то

И ако испуштив некого, да ми простите...Едно време, кога се топлевме, не забележав кој дојде.
Та муабетов ми е - ко вчера, одамна не сум имал таков ден. Поминаа тие 5-6 саати многу побрзо одколку шо очекував. И поквалитетно. И се радувам за тоа. И се радувам за донациите и за оние кои ќе ги добијат, и нешто ќе им значат. Толку од мене.