ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА: Кајганџии донираат - операцијата заврши успешно :)

Статус
Затворена за нови мислења.
Дечки, сега остануваат двата термина за утре? У, смисол од 1 до 3, па од 5 до 7?

И кои ќе бидеме пред Бисер, а кои на Плоштад?
 
јас сум за на Плоштад, само кажете каде точно да се чекаме и колку саат, неколку минутки порано така?
 
Ај нека дојдат и дечкиве од Бисер, па да се реши дали дефинитвно останува од еден, или ќе кратиме термините.
 
Ај нека дојдат и дечкиве од Бисер, па да се реши дали дефинитвно останува од еден, или ќе кратиме термините.
богами, прилично ладно е:nesum:
 
Брифинг од Бисер Crew: (Т.Ц. Бисер, Аеродром, 26,12,2008, 17:00 - 19:00)

Присутни: Серпико, Јован, Томи Слеер и Кире Мали
Собрани донации: 0
Поделени флаери: ~500
Заинтересираност: задоволителна (луѓе застануваа, се интересираа за термините утре, некои најверојатно почувствуваа и олеснување, каде би ја дале старата гардероба)

План за утрешниот ден: Поради добрата позиција на пунктот, која денес ја зафативме, и заинтересираните ја запомнија, остануваме таму. Сигурни членови за утре се Серпико, Кире Мали и Томи Слеер (со дополнителна најава од уште неколку други). Со благонадеж дека ќе имаме прилично донации, ќе имаме потреба од возило. Со истата благонадеж, неофицијално, некои членови се за тоа да се спојат термините, без да има пауза - но сето тоа ќе го оцениме утре, во зависност од потребите.

Благодарност до членовите на екипата во Бисер, да се молиме дека утре ќе „профитираме“ од добриот начин на презентација на акцијата спроведен вечерва.

Абе ако сме доволно на број, ќе може да се мењаме и да се грееме со чајче/варено вино у кафич.

Колешке ма, само на пиење да се мислело :)
 
^Јас би ве дружела у Бисер, па после би отишла накај плоштад.

Само ме занима, дали сте решени од еден да бидете таму?
 
^Јас би ве дружела у Бисер, па после би отишла накај плоштад.

Само ме занима, дали сте решени од еден да бидете таму?

Поради подобра организација, и незакаснување, јас и Серпико ќе бидеме таму од 12:30. Секој кој би се придружил таму, како помош за местење и организација, бујрум пола саат порано. Тамам?
 
За утре подетално да се договориме да нема распони на време да дункам у место ко денес:nesum: (имајте милост) ... Денешната акција одлично пројде подобро и од средата се надевам дека утре САБОТА ке биде доминантна што се однесува со прилозите!!!:smir:

едит: Кој се утре за плоштад да се пише одма и да нема одстапки од временскиот термин...
 
Поради подобра организација, и незакаснување, јас и Серпико ќе бидеме таму од 12:30. Секој кој би се придружил таму, како помош за местење и организација, бујрум пола саат порано. Тамам?
Тамам.
Ќе носам и прекривки за масата и мали декорации. За да изгледа поубаво :pipi:

Ипак треба да се консултирате со Ѕоне, и да видите дали ќе може у 12 ипол да донесе маса.
 
Требаше да поминам ама имав обврски, ај утре ако не не потрпа снег :)
Мило ми е што убаво сте прошле, се надевам дека собравте повеќе работи него во средата?
 
Тамам.
Ќе носам и прекривки за масата и мали декорации. За да изгледа поубаво :pipi:

Ипак треба да се консултирате со Ѕоне, и да видите дали ќе може у 12 ипол да донесе маса.

Масата од Ѕоне е кај* Серпико. Мислам дека кај него и ќе останит до утре. Така да, немаме потреба од дополнителни договарања околу тоа.

Ах, да, донеси нешо декоративно...Денес, празна маса, 5-6 знаменца и флаерите...Не изгледаше баш привлечно. Браво бе ада, цела си ум :)

* (поради граматичка исправка од страна на колега :) )
 
Требаше да поминам ама имав обврски, ај утре ако не не потрпа снег :)
Мило ми е што убаво сте прошле, се надевам дека собравте повеќе работи него во средата?
Па мислам дека собравме повеќе:smir:
 
За утре подетално да се договориме да нема распони на време да дункам у место ко денес:nesum: (имајте милост) ... Денешната акција одлично пројде подобро и од средата се надевам дека утре САБОТА ке биде доминантна што се однесува со прилозите!!!:smir:

едит: Кој се утре за плоштад да се пише одма и да нема одстапки од временскиот термин...
јас, јас, јас наставничке(крева два прста)!:)
ќе дојдам од 13 часот
 
Maсата е кај мене...а и таксистот шо ме возеше дури обеќа дека од 5 до 7 ќе помине. Центарци, да знајте дека и за вас агитиравме, кој не може во Бисер да носи на Македонија. Се надевам дека барем половина од луѓето кои сами ветија донација, ќе донесат барем едно ќесе.

Over and out.
Serpico Family Aerodrom Biser Crew
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom