ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА: Кајганџии донираат - операцијата заврши успешно :)

Статус
Затворена за нови мислења.
Макс ви кажа дека го средил тој дел со полицијата Боби. На претходната страна.:wink:
 
Доколку Ева веќе ги средила нејзините, небитно. Не е по нејзина вина пропустот на кој требаше да се сетиме можеби првенствено јас и Ацид. Јас ја имам коректната верзија на флаерот и ако ева веќе направила напор, здравје. Тие флаери ќе ги користиме за да бележиме икс точка :)

А новите, не на трошок на Ева нормално, ќе ги направам јас, сабајле.

Само, ева нека ми каже тука дали ги испринтала веќе. Ако не ги, корегираниот нека го земе. Ако ги, никому ништо, флаерите ќе ги обезбедам јас до утре попладне.

И во МВР ќе одам, сабајле. Уредно ќе им најавиме.
Боби,флаерите се веќе готови и испринтани,денес баш со Ева делевме низ школо,незнам дали и останале уште,мислам дека да,ама сепак прашај:smir:
 
Ако се флаерите освен испринтани веќе и ПОДЕЛЕНИ, тогаш касно е веќе...
Жал ми е што никој од нас не се сети на тоа на време.

Тие што се поделени-јебига, тие што не се нека не ги дели Ева, Серпико нека направи нови.
 
Реков, испринтани неиспринтани - такви флаери не смеете да делите. Корегирајте, па делете.
 
Реков, испринтани неиспринтани - такви флаери не смеете да делите.
Ама кога се веќе поделени, не можеме ваљда да идеме од врата на врата и да им ги зимаме.

Уште одма ќе ја информирам Биг Кисс да престане со делењето; тоа што досега се поделило, не може да го вратиме.

Требаше да изреагирате порано.
 
Не е проблем,накај 19-19.30 нека биде спремен шоферот да помине,ако евентуално не збере кај мене у кола.Телефоните у рака и ке ја биде.
Завршена работата околу МВР,ке имаме и обезбедување од нивна страна:helou:,подобро е кога се мотка униформа да не остане некој без мобилен или новчаник.Ај,ако има нешто барајте на мсн,ке си пуштам некое филмче.Се гледаме утре.

Ете Дивајн, сум утнал.
Се понудив пошо имам искуство со пишување на официјално соопштение за МВР. Супер ако Макс средил, а ако сепак треба официјално барање т.е. известување, пиши тука Медмакс, ќе го направам - иако верувам дека нема да треба :)
 
Требаше да изреагирате порано.
Да гатам на грав.

Да не се повторувам дека требаше официјално да прашате и официјално да добиете одобрение.

Како што знам, беше иницијатива и организирано од форумџиите, од кај сега форумџиите ја ставаат Кајгана како организатор?
 
Ама кога се веќе поделени, не можеме ваљда да идеме од врата на врата и да им ги зимаме.

Уште одма ќе ја информирам Биг Кисс да престане со делењето; тоа што досега се поделило, не може да го вратиме.

Требаше да изреагирате порано.

Не верувам дека се делени вечерва.
Јави и се на Ева, нека не паничи, се е Океј :) И нејзиниот труд се цени. Ако веќе ја завршила работата, јебига, мисандрстендинг.

Утре ќе има нови.

Едит: сега Бебуш ја прочитав тек... Хиперактивен сум, па пропуштам.
Демиџ ис дан. Ако било на школо само, не е страшно, ќе им објасниме на луѓето дека ние, форумџиите ја правиме акцијата.
Поентата ќе се постигне, во секој случај.

НОви флаери за делење на плоштад, ќе има утре.
 
Да гатам на грав.

Да не се повторувам дека требаше официјално да прашате и официјално да добиете одобрение.

Како што знам, беше иницијатива и организирано од форумџиите, од кај сега форумџиите ја ставаат Кајгана како организатор?
На состанокот на кој што бевме беа присутни и админи од Кајгана, па ако нив не им текна дека не смее да се прави ваква грешка на флаерите, тогаш на нас па ич.

На крај краева, последна работа што ни беше важна е тоа кој организира, а како што реков не можеме назад да го вратиме времето, така да ќе знаеме за у иднина, јебига.
 
значи флаеров шо е на првиов пост веќе не важи?
ќе чекаме нов до утре па ќе го лепам на неколку места што ги имам на ум.
и ако не ви е тепко исбришете ги сите слики шо се со грешки зашо испринтав прееска флаер шо не требало и тек сеа приметив,да не ја напраи некој истата грешка.
 
Админи на форум не се официјални лица на Кајгана како правен субјект.

И без мудрување.
 
Уште нема важечки флаер Магде, почекај да го направат тој со поправката за организацијата, па принтај и дели.
 
значи флаеров шо е на првиов пост веќе не важи?
ќе чекаме нов до утре па ќе го лепам на неколку места што ги имам на ум.
и ако не ви е тепко исбришете ги сите слики шо се со грешки зашо испринтав прееска флаер шо не требало и тек сеа приметив,да не ја напраи некој истата грешка.

Сега ќе биде новиот. Точкест, може?
Ќе ги избришам сите слики досега, само новиот да стои.

И бидејќи јас веројатно требаше да регистрирам грешна правна формулација, ќе ги обезбедам флаерите за утре.
Нема ништо спорно од сега па натака - нема потреба од дополнително муабетење за релативитетот на времето, патувањето низ просторот и враќањето во иднината.

Утре има нови флаери, точка.
 
Добро дечки,вината ќе ја сносиме сите заеднички,никој не е виновен како поединец...
Кратко беше времето,кога се брза се греши, не бевме добро организирани,не се разбравме добро,тоа е тоа.Ќе поправаме каде се може...поделените флаери се поделени,не можеме да ги вратиме назад ,а и најмалку мислам дека некој (па уште средношколци) ќе обрнат внимание дали е кајгана.ком или кајгана форумџии,со новите флаери утре мислам дека ќе се среди...
За во иднина...ќе знаеме.Идејата беше дадена,заеднички прифатена,заеднички и ќе го довршиме како знаеме и умееме.

П.С.Ќе може сега да го пратам на мејл кај девојката од ЦК?!
 
Абе вие барем не сте средношколци. На факултет сте. И треба да знаете дека за работи што си ги организирате самоиницијативно, не може да пишувате дека е организатор некој друг.

Ко на корисници на интернет од ОнНет да им текне да организираат нешто, и да пишат дека ОнНет е организатор.

Сте згрешиле, корегирајте и готово. Не продавајте памет, нема да се надмудруваме сега.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom