Семинарски, состави, есеи, задачи

S

smart ass

Гостин
нешто за корпоративно управување?
Ќе провериш ПП:)

--- надополнето ---

Здраво!
Ми треба есеј од 3-4 страни на слободна тема.
Кој има нека ми пише пп ќе му пратам е-маил . Фала :smir:

прати маил:)

--- надополнето ---

Ми треба краток есеј, на тема Поим за Акции. Во вид на лично, субјективно мислење да биде опфатена нивната карактеристика, значење и придонес за нашиот (новиот) високоразвиен економски свет, со нејзините позитивни и негативни страни.
Deadline is??

--- надополнето ---

Дали има некој есеј на тема:Како ја гледам државата во иднина?
:vozbud::pos2:

Абе тебе најлесното ти го дале ајјј види...абе не вреди мозоко да го замараш-прочитај ја програмата Преродба во 100 чекори веруј нај нај петка..ма 10 ка добиваш.

А ДА и не заборавај во обавезно сме во нато:tv::tv:
 

shema77

Borriello
Член од
30 јули 2009
Мислења
432
Поени од реакции
7
Ќе провериш ПП:)

--- надополнето ---




прати маил:)

--- надополнето ---



Deadline is??

--- надополнето ---


:vozbud::pos2:

Абе тебе најлесното ти го дале ајјј види...абе не вреди мозоко да го замараш-прочитај ја програмата Преродба во 100 чекори веруј нај нај петка..ма 10 ка добиваш.

А ДА и не заборавај во обавезно сме во нато:tv::tv:
Ако имаш нешто да помогнеш кажи,ако не,не се заебавај озбилно ми треба есејот.
 
A

apidrone

Гостин
Дали има некој есеј на тема:Како ја гледам државата во иднина?
Добро бе, не можеш сам да напишеш свое видување како ја гледаш државата во иднина?? Подобро да напишеш глупости, ама твои, отколку некој професионален критички осврт, но туѓ. И да не знаеш есеј да напишеш, ќе научиш, никој не се родил учен. Што мислиш, матура кога ќе полагаш (претпоставувам не си дошол до тоа ниво, штом бараш есеј за ваква тема), кој ќе ти го пишува есејот?
 

shema77

Borriello
Член од
30 јули 2009
Мислења
432
Поени од реакции
7
Добро бе, не можеш сам да напишеш свое видување како ја гледаш државата во иднина?? Подобро да напишеш глупости, ама твои, отколку некој професионален критички осврт, но туѓ. И да не знаеш есеј да напишеш, ќе научиш, никој не се родил учен. Што мислиш, матура кога ќе полагаш (претпоставувам не си дошол до тоа ниво, штом бараш есеј за ваква тема), кој ќе ти го пишува есејот?
Оди легни си!
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
8
Поени од реакции
0
Ај ако може есеј за Дон Кихот и Хамлет.! Ако ептен ве мрзи, само воведен дел да се направи, би бил благодарен. :)
 
Член од
25 октомври 2010
Мислења
1
Поени од реакции
0
Ве молим ако има некој есеј за Декамерон ( Џовани Бокачо ) и Канционер ( Франческо Петрарка ) итно ми требаа :/
 
A

apidrone

Гостин
Ве молим ако има некој есеј за Декамерон ( Џовани Бокачо ) и Канционер ( Франческо Петрарка ) итно ми требаа :/
Побарај во некоја копирница „Прирачник по македонски јазик и литература за матуранти“. Таму има се што е учено во средно по овој предмет.
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
8
Поени од реакции
0
Побарај во некоја копирница „Прирачник по македонски јазик и литература за матуранти“. Таму има се што е учено во средно по овој предмет.
Да не имаш нешто за Дон Кихот и Хамлет?
 

juve_persempre

▐ I am VIKING▐
Член од
17 февруари 2010
Мислења
296
Поени од реакции
83
Plssssssssssss nekoj ako ima seminarska UPRAVUVANJE SO VKUPEN MENAGMENT-TQM mi treba za zadolzitelna sem.
 

WildGirl

Lost in the forest ...
Член од
28 јуни 2008
Мислења
636
Поени од реакции
93
Еф ти нешто од мојата писмена само не знам колку ќе те бендисат мојов стил.

Мигел Сервантес со своето дело Дон Кихот создал споменик на општоважечка вредност. Во вид на сатира пресметувајќи се со светот на вистинските романи, создал верна слика на творештвото кое непрекинато живее во судир меѓу идеалите и стварноста.

И како што рекол самиот " Јас немав друга цел, освен да им влеам на луѓето одвратност кон лажните и грди ритерски романи кои се разликуваат од вистинската историја на мојот Дон Кихот" И во рицарскиот роман, пред се на романот "Амадис од Галија" Сервантесовиот Дон Кихот бил предмет на проучување. Современиците н Сервантес гледале во Дон Кихот тема за уривање на лошата сцена што ја подигнале книгата на витезите.

Во Дон Кихот се претставени речиси сите опшествени слоеви и сите сталежи. Тука се благородниците, свештениците, калуѓерите, образованите луѓе, синовниците, војниците, занаетчиите, селаните, слугите, крчмарите, робијашитем отпадниците и др. Сервантес опишува како се болекувале Шпанците од неговото време, што работеле, што пиеле, што јаделе, како се женеле, како се веселеле, се пресметувале какви песни пееле, играле.

Сервантес не запознава со провицискиот благородник Алонсо Кихада кој залуден од читање книги за витезите од минатите времиња, поверувал дека тој е одреден да ги оживее тие идеали од минатото и тоа по примерот на ликот од витезот Амадис. Прво ја определил дамата за чија слава ќе изведува подвизи ширум Шпанија. За да има крај себе оружоносец селанец Санчо Панса да се спреми и да тргне со него. Бидејќки со својот роман всушност ги пародира, им се подбива и сака да ги направи смешни рицарските романи се служе и со карикатурни средства. Дон Кихот е мршав долгач на исто така мршав коњ. Неговиот придружник е дебел човек јавнат на магаре.

Маѓепсан и залуден - тој витез скитеник веќе како да не ја гледа стварноста околу себе. За него ветерниците се џинови, стадото овци се непријателска војска, друмската крчма ебогат замок, слугинките се господски властенки и др. Маѓепсаниот витез јуриша, претрпува еден по друг пораз, но длабоко во себе верува дека го штити светот околу себе. По безброј порази и непријатности, изнемоштен и јадосан се вратил дома за да спие цели шест часа под својот покрив. Кога се разбудил веќе бил под чиста совест. Тогаш ја повикал својата внука и и кажал дека сега се чувствува слободен без мрачната сенка на незнаењето која била создадена од постојаното читање на гнасните книги за витезите. Сосема ја сватил нинвата глупост и расипаниста, но жали што истата свест му дошла толку доцна, жали што не читал други книги кои претставуваат видело за душата. На неговото барање ги повикува неговите добри пријатели, за да им се исповеда, да направи тестамент и да им покаже дека неговиот живот не бил толку лош за да му остане прекарот "Луд".

Како што се нижат епизодите така меѓу нив провејува психолошката драмска линија, а тоа е судирот меѓу стварноста и фикцијата, меѓу вистината и измислицата, меѓу реалноста и привидот. Односот меѓу стварноста и фикцијата се јавува во два вида. Едниот Дон Кихот одбива да ја прифати стварноста во која живее и се судира со неа, додека другиот Дон Кихот сега е оздравен од своето необично лудило. Меѓутоа фикцијата сеуште постои, зошто кога војвотката ќе го потсети дека Дулсинеја - дамата не постои, дека тоа е измислица на неговата фантазија, Дон Кихот одговара " ... Тука Бог знае дали Дулсинеја постои или не постои во светов ... "

Сервантес го надарил својот витез со цела низа добродетели, а потоа од епизода во епизода покажува како изгледа кога тие се применуваат на погрешен налин према погрешни лица и во погрешни ситуации. Дон Кихот е вистинљубов, слободен, чувстувтелен, умен, правдољубив, искрен но и несмасен, суетен, лековерен и егоцентричен.

Сервантесовиот Дон Кихот излегол од кориците на овој роман и почнал да живее нов живот. Станал поим за човек кој ,занесен од идејата за доброто, доаѓа во судир со своето време но не се откажува од својата визија за општочовечката правда и слобода.


- Мојш да скратиш и некое делче ако сакаш за да ти бидат вовед, 5 дела во среден дел и заклучок.:smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom