Еф ти нешто од мојата писмена само не знам колку ќе те бендисат мојов стил.
Мигел Сервантес со своето дело Дон Кихот создал споменик на општоважечка вредност. Во вид на сатира пресметувајќи се со светот на вистинските романи, создал верна слика на творештвото кое непрекинато живее во судир меѓу идеалите и стварноста.
И како што рекол самиот " Јас немав друга цел, освен да им влеам на луѓето одвратност кон лажните и грди ритерски романи кои се разликуваат од вистинската историја на мојот Дон Кихот" И во рицарскиот роман, пред се на романот "Амадис од Галија" Сервантесовиот Дон Кихот бил предмет на проучување. Современиците н Сервантес гледале во Дон Кихот тема за уривање на лошата сцена што ја подигнале книгата на витезите.
Во Дон Кихот се претставени речиси сите опшествени слоеви и сите сталежи. Тука се благородниците, свештениците, калуѓерите, образованите луѓе, синовниците, војниците, занаетчиите, селаните, слугите, крчмарите, робијашитем отпадниците и др. Сервантес опишува како се болекувале Шпанците од неговото време, што работеле, што пиеле, што јаделе, како се женеле, како се веселеле, се пресметувале какви песни пееле, играле.
Сервантес не запознава со провицискиот благородник Алонсо Кихада кој залуден од читање книги за витезите од минатите времиња, поверувал дека тој е одреден да ги оживее тие идеали од минатото и тоа по примерот на ликот од витезот Амадис. Прво ја определил дамата за чија слава ќе изведува подвизи ширум Шпанија. За да има крај себе оружоносец селанец Санчо Панса да се спреми и да тргне со него. Бидејќки со својот роман всушност ги пародира, им се подбива и сака да ги направи смешни рицарските романи се служе и со карикатурни средства. Дон Кихот е мршав долгач на исто така мршав коњ. Неговиот придружник е дебел човек јавнат на магаре.
Маѓепсан и залуден - тој витез скитеник веќе како да не ја гледа стварноста околу себе. За него ветерниците се џинови, стадото овци се непријателска војска, друмската крчма ебогат замок, слугинките се господски властенки и др. Маѓепсаниот витез јуриша, претрпува еден по друг пораз, но длабоко во себе верува дека го штити светот околу себе. По безброј порази и непријатности, изнемоштен и јадосан се вратил дома за да спие цели шест часа под својот покрив. Кога се разбудил веќе бил под чиста совест. Тогаш ја повикал својата внука и и кажал дека сега се чувствува слободен без мрачната сенка на незнаењето која била создадена од постојаното читање на гнасните книги за витезите. Сосема ја сватил нинвата глупост и расипаниста, но жали што истата свест му дошла толку доцна, жали што не читал други книги кои претставуваат видело за душата. На неговото барање ги повикува неговите добри пријатели, за да им се исповеда, да направи тестамент и да им покаже дека неговиот живот не бил толку лош за да му остане прекарот "Луд".
Како што се нижат епизодите така меѓу нив провејува психолошката драмска линија, а тоа е судирот меѓу стварноста и фикцијата, меѓу вистината и измислицата, меѓу реалноста и привидот. Односот меѓу стварноста и фикцијата се јавува во два вида. Едниот Дон Кихот одбива да ја прифати стварноста во која живее и се судира со неа, додека другиот Дон Кихот сега е оздравен од своето необично лудило. Меѓутоа фикцијата сеуште постои, зошто кога војвотката ќе го потсети дека Дулсинеја - дамата не постои, дека тоа е измислица на неговата фантазија, Дон Кихот одговара " ... Тука Бог знае дали Дулсинеја постои или не постои во светов ... "
Сервантес го надарил својот витез со цела низа добродетели, а потоа од епизода во епизода покажува како изгледа кога тие се применуваат на погрешен налин према погрешни лица и во погрешни ситуации. Дон Кихот е вистинљубов, слободен, чувстувтелен, умен, правдољубив, искрен но и несмасен, суетен, лековерен и егоцентричен.
Сервантесовиот Дон Кихот излегол од кориците на овој роман и почнал да живее нов живот. Станал поим за човек кој ,занесен од идејата за доброто, доаѓа во судир со своето време но не се откажува од својата визија за општочовечката правда и слобода.
- Мојш да скратиш и некое делче ако сакаш за да ти бидат вовед, 5 дела во среден дел и заклучок.:smir: