Кога ќе ни се случи народ?

  • Креатор на темата Креатор на темата back_rest
  • Време на започнување Време на започнување

back_rest

ex mod coder
Член од
19 јули 2006
Мислења
1.590
Поени од реакции
108
Не верував дека некогаш ќе го кажев ова, ама синоќа во една полупијана дискусија со колеги реков: сакам во моментов да бидам грк.
Не од оние грци кои кењат и кои се занесуваат со наша историја или слично, ами од оние грци кои кренаа рака на државата, кои праваат внатрешна револуција и се на добар пат да ја соборат тамошната влада.

Разгледувајќи малце поназад, никогаш во историјата на незавизна Република Македонија не ни се случил некој протест кој ескалирал, кој потоа навел на поправка на чекорите од страна на институциите кои го предизвикале незадоволството на прво место. Досега ни се случиле само некои попичкарски протести генерално ориентирани околу пари. Нешто што имало тенденција да стане поголемо (средношколските протести и протестите за името) и кое е строго политички мотивирано некако или се смири спонтано или лукаво ситуацијата беше ставена под контрола.

Верувам дека ако ни се случи момент да некој политички лидер (генерализирам затоа што НЕ сакам темата да добие партиски карактер) си прогласи диктатура, опоцијата ќе засере, ќе биде скротена а народот ќе го лапне како вечера и мирно ќе легне да спие.

Сме станати пички од невиден карактер. Колку ли само политички глупости ни се имат случено а ние со прстче немаме мрднато. Да не се навраќам на минатото пошо стварно ми е излишно дискутирањето со теми како промена на името, ТАТ, ДДВ, „кризната“ 2001. Не. Видени се, жуљеви се до ден денес. Се случуваат работи кои ги примаме како политичко шоу на ТВ без да ни стане јасно во кое никакво стање ни е дојдена и политиката и државата и се тоа што се нарекува право.

- Спектакуларни апсења, политичко самоволие. Очигледно ем тоа.
- Аболиции, политичко самоволие. Сосем очигледно со политички договор во позадина.
- Закони, уништување на права на работници, понижување на бранители и редица други работи.
- Гзолижење, протести на наставниците, добија пари за полесно да џаболебарат.
- Фрлање пари по глупости, игнорирање на реалните проблеми, бегање од она што се вели вистинско справување со проблемите во државата.
- Согласност за промена на името!!! Внатрешно негирање и игнорирање на нашата сопствена историја. Негирање на сопственото постоење.
- Донесување проевропски закони за навидум да влеземе а упорно го примаме позади.
- Животот на наши луѓе доведен во опасност поради желбата наречена НАТО. Повторен паст на она со примањето позади.

и најновите кои ептен од такт ме извадија.

- Закон за фискални каси. ОГРОМНА сума на пари буквално украдена од трговците, предизвикан монопол (не класичен монопол ами обврска за купување на скап производ на договор на малкуте производители) и сето тоа законски оправдано и кривично гонето во спротива.
- Урбана мафија. Особа (пазете, ЕДНА особа, во години, со намалена мобилност и целосна телесна ослабнетост :) ) донесува одлуки кои се во спротива на желбите и согласноста на > 400'000 граѓани, нешто што е вон секоја логика, а ете сеуште егзистира (читај урбан хаос во Скопје. Згради никнуваат секаде. Се блокираат објекти, се блокира кеј. Народот освен јавното зборење и демагогирање абер нема друго да превземе. Го чекам денот кога на пешачките острови на семафорите ќе никнат објекти).
- Уставно паѓање на претходниот закон и повторување на целата постапка и крадење на пари од трговците.

- Реформи во средношколскиот систем. Тотална неподготвеност, осакатеност на 2-3 генерации.
- Реформи во високообразовниот систем. Перманентно онеспособување и уназадување на целиот наставен кадар и принцип воопшто.

А ние? Ништо. Освен некои мали протестчиња, ништо поконкретно ни се нема случено. Работите сеиште стојат, и ќе стојат, и експоненцијално ќе растат.

Ги поштувате Грците? Не? Е јас во моментов ги поштувам. Можеби се анархисти, можеби не. Ама дефинивно се нешто кое што покажа дека народот може (пордон на изразот) мамата да му ебе на секого. Прашање на време е кога полицијата ќе се откаже и целта ќе биде постигната.
 
Кратко и јасно : КОГА ЌЕ БИДЕМЕ НАРОД, А НЕ РАЈА !:kesa:
Секој има потенцијал. Прашање само на повод и на собирање на критична маса која што ќе предизвика верижна реакција.

Еднаш е потребно да се случи и да успее. Понатака, долго време „влага ќе држи“. И многу послено наредните случаеви ќе се изборуваат.
Кога еднаш работите ќе тргнат нагоре, оптимизмост ќе постои. Досега не памтам момент кога во РМ тргнало нагоре. Се некако удолу ни иде. Можда и затоа сме такви станати. Без живот, без ум, без 'рбет.
 
паааааа....... биди грк......барем тоа е лесно сега:tapp:
 
Не знам, ама анкетите покажуваат дека ние живееме во слога југомагнат и задоволство, значи поголемиот дел од народот така гласа на нив.:toe:
 
Успешно вклучување во групата спомната погоре. Честитки.

Молам без вакви коментари.

Не знам, ама анкетите покажуваат дека ние живееме во слога југомагнат и задоволство, значи поголемиот дел од народот така гласа на нив.:toe:
Абе бате. Ова тие сумарум на одговори на прост народ. Морам да речам прост. Факт е дека го имаме.
Туку дали ние, како напредна маса, студенти, ученици, интелектуалци се согласуваме.
Зошто ние не го дадеме нашиот глас, не ја покажеме нашата сила и не ја подучиме простата маса.

Демагогирањето со ваквите анкети и со политичките самоубиства на народот ми е јасна. Целта е да ги искоренеме, да ги научиме. А кој друг освен ние кои сме имуни. А?
 
Не верував дека некогаш ќе го кажев ова, ама синоќа во една полупијана дискусија со колеги реков: сакам во моментов да бидам грк.
Не од оние грци кои кењат и кои се занесуваат со наша историја или слично, ами од оние грци кои кренаа рака на државата, кои праваат внатрешна револуција и се на добар пат да ја соборат тамошната влада.

Разгледувајќи малце поназад, никогаш во историјата на незавизна Република Македонија не ни се случил некој протест кој ескалирал, кој потоа навел на поправка на чекорите од страна на институциите кои го предизвикале незадоволството на прво место. Досега ни се случиле само некои попичкарски протести генерално ориентирани околу пари. Нешто што имало тенденција да стане поголемо (средношколските протести и протестите за името) и кое е строго политички мотивирано некако или се смири спонтано или лукаво ситуацијата беше ставена под контрола.

Верувам дека ако ни се случи момент да некој политички лидер (генерализирам затоа што НЕ сакам темата да добие партиски карактер) си прогласи диктатура, опоцијата ќе засере, ќе биде скротена а народот ќе го лапне како вечера и мирно ќе легне да спие.

Сме станати пички од невиден карактер. Колку ли само политички глупости ни се имат случено а ние со прстче немаме мрднато. Да не се навраќам на минатото пошо стварно ми е излишно дискутирањето со теми како промена на името, ТАТ, ДДВ, „кризната“ 2001. Не. Видени се, жуљеви се до ден денес. Се случуваат работи кои ги примаме како политичко шоу на ТВ без да ни стане јасно во кое никакво стање ни е дојдена и политиката и државата и се тоа што се нарекува право.

- Спектакуларни апсења, политичко самоволие. Очигледно ем тоа.
- Аболиции, политичко самоволие. Сосем очигледно со политички договор во позадина.
- Закони, уништување на права на работници, понижување на бранители и редица други работи.
- Гзолижење, протести на наставниците, добија пари за полесно да џаболебарат.
- Фрлање пари по глупости, игнорирање на реалните проблеми, бегање од она што се вели вистинско справување со проблемите во државата.
- Согласност за промена на името!!! Внатрешно негирање и игнорирање на нашата сопствена историја. Негирање на сопственото постоење.
- Донесување проевропски закони за навидум да влеземе а упорно го примаме позади.
- Животот на наши луѓе доведен во опасност поради желбата наречена НАТО. Повторен паст на она со примањето позади.

и најновите кои ептен од такт ме извадија.

- Закон за фискални каси. ОГРОМНА сума на пари буквално украдена од трговците, предизвикан монопол (не класичен монопол ами обврска за купување на скап производ на договор на малкуте производители) и сето тоа законски оправдано и кривично гонето во спротива.
- Урбана мафија. Особа (пазете, ЕДНА особа, во години, со намалена мобилност и целосна телесна ослабнетост :) ) донесува одлуки кои се во спротива на желбите и согласноста на > 400'000 граѓани, нешто што е вон секоја логика, а ете сеуште егзистира (читај урбан хаос во Скопје. Згради никнуваат секаде. Се блокираат објекти, се блокира кеј. Народот освен јавното зборење и демагогирање абер нема друго да превземе. Го чекам денот кога на пешачките острови на семафорите ќе никнат објекти).
- Уставно паѓање на претходниот закон и повторување на целата постапка и крадење на пари од трговците.

- Реформи во средношколскиот систем. Тотална неподготвеност, осакатеност на 2-3 генерации.
- Реформи во високообразовниот систем. Перманентно онеспособување и уназадување на целиот наставен кадар и принцип воопшто.

А ние? Ништо. Освен некои мали протестчиња, ништо поконкретно ни се нема случено. Работите сеиште стојат, и ќе стојат, и експоненцијално ќе растат.

Ги поштувате Грците? Не? Е јас во моментов ги поштувам. Можеби се анархисти, можеби не. Ама дефинивно се нешто кое што покажа дека народот може (пордон на изразот) мамата да му ебе на секого. Прашање на време е кога полицијата ќе се откаже и целта ќе биде постигната.

Одговор на твојата дилема може да биде само од:

-Децениско и континуирано перење на умот на Македонците
-Начинот на воспитување
-Генетскиот код на денешните Македонци
:toe:
 
Одговор на твојата дилема може да биде само од:

-Децениско и континуирано перење на умот на Македонците
-Начинот на воспитување
Генетскиот код
:toe:

И пак.
Абе не ми треба анализа. Ја направив.
Барам лек. Барам луѓе, не дронови.
Денес сме 10, утре 100, на третиот ден, уриваме беззаконие.
 
Pa narodot tie nepismen be druze.So nepismeni nemoze da tise sluci narod:)
 
И пак.
Абе не ми треба анализа. Ја направив.
Барам лек. Барам луѓе, не дронови.
Денес сме 10, утре 100, на третиот ден, уриваме беззаконие.

Засега..тоа нема да го видиш..што го посакуваш..
пс
И ова не е анализа..само мислење..кое и не мора да биде докрај (не)точно..
:salut:
 
Сакаш ли ти да правиш творба народ со неписмени? Или подобро е да го описмениш?

Па затоа и ти одговорив дека сега засега нема да го доживееш посакуваното...
За (пре)воспитување сепак треба многу време..и затоа тоа е долг ПРОЦЕС..
:tapp:
 
Neznam jas ama posledniot izvestaj od evropskata unija za makedoncite glasi deka duri80% e nepismeno naselenie.Sto neznaci deka se site makedonci po nacionalnost.Vo takov slucaj koga imas takov narod lesno se manipulira i sluzi cisto za manipulacija da nekazam e izlazan.Znaci deka site vladi dosega gi lazat makedoncite svesno .Znaci prvo da go opismenis da se osoznae za vrednostite pa togas mozes da kazes deka nesto ke se sluci.Aj da ne pravime sporedba so grcite , tuku ti si ziveel zaedno vo edna federacija 50 GOD, koj bea hrvatite a koj makedoncite vo istata.Hrvatite ne doagjaaja vo skopje da ucat tuku makedoncite odea vo nivnite univerziteti.Tuka e kulturata i mentalitetot, nasiot turski , nivniot avstroungarski.A do ekonomskiot karakter makedonceto ima sum go rekol milion pati imaat tie pod pernica bez gajle nema siromasni makedonci.sto vo ekot na svetska kriza ti raste brojot na prodadeni vozila jas sum bez komentar i zbunet.:toe:
 
И пак.
Абе не ми треба анализа. Ја направив.
Барам лек. Барам луѓе, не дронови.
Денес сме 10, утре 100, на третиот ден, уриваме беззаконие.

И?

Што мислиш дека ќе произлезе од уривањето на Грците? Подобро утре? Нема да се краде? Ќе ја снема корупцијата? Не. Единствено што може да се случи е да слезе Мурто за да се качи Курто. Па ќе ја мотаат втората страна од истата плоча.

Да се разбереме, поддржувам протести. Сум бил на добар дел и се согласувам дека треба да ги има. Но не за уривање и анархија. Проблемот со нашите протести кога ги има не е дека се мирни и демократски, такви треба да бидат. Проблемот е што се краткотрајни, ќе излеземе 3-4 сати да ни помине меракот и тоа е. На луѓето не им е јасно дека така не се протестира, односно не може да се добие ништо. Ако веќе излегуваш на протести, го правиш тоа секојдневно, 1, 10, 100 дена... се додека не го оствариш она за кое си излегол да протестираш. Не мора да има ништо подраматично од фрлање јајца и торти. Ама мора да има упорност. Мора да има причина, идеја, и желба да се промени нешто.
 
Back
На врв Bottom