Прашања за Христијанството I

Статус
Затворена за нови мислења.

Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.129
Поени од реакции
790
Затоа што ни е забрането да го менуваме Божјиот Збор. Некој направил пропуст при препишувањето. Бог го дозволил тоа и не е наше да поправаме, затоа што ако почнеме да поправаме, тогаш ќе се отвори простор за човечки интервенции во Светото Писмо, а со тоа и недоверба во идните генерации. Јас многу повеќе верувам сега во веродостојноста на Библијата кога знам дека порано препишувачите дури ни ваквите грешки не ги поправале, а камо ли пак да се дрзнат да менуваат нешто во Библијата. Многу помалку би верувал во библиските текстови доколку знаев дека некој некаде ги собрал сите библиски текстови и ги менувал, средувал, прилагодувал. Тогаш ќе се сомневав во напишаното. Но бидејќи знам дека не е така, затоа и повеќе верувам во Библијата.
Not only do we not have the originals, we don’t have the first copies of the originals. We don’t even have copies of the copies of the originals, or copies of the copies of the copies of the originals. What we have are copies made later-much later. In most instances, they are copies made many centuries later. And these copies all differ from one another, and many thousands of places . . . Possibly it is easiest to put it in comparative terms: there are more differences among our manuscripts and there are words in the New Testament. (Misquoting Jesus- Bart D. Ehrman)
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960

Преписи од преписи на преписи било случајот со сите антички ракописи. Едноставно тоа било методот на пренесување на ракописите на следната генерација: препишувањето. Тоа што немаме сочуван ракопис од први век тоа е сосема разбирливо кога ќе се земе предвид начинот на кој се пишувало тоа време и трајноста на папирусните ролни. Но тоа не е случај само со евангелијата, туку со сите антички историски дела. Гутенберг ја измислил печатницата дури во 16 век и се што е напишано пред него е со перо и мастило, а пренесено со препишување.

Сепак новозаветните текстови по својата библиогравска веродостојност предничат пред многу познати историски антички дела.
Така на пример Гај Јулие Цезар ги пишува Галските војни во периодот од 100-40 година пред наша ера, а сепак најраните ракописи од ова дело датираат дури 900 години по Христос.
Исто така Тетралогијата на Платон е пишувана во 4 век пред наша ера, а сепак најраните ракописи датираат исто така од 9 век наша ера.
Тацит ги пишува Аналите во 100г, а најраните ракописи датираат од 1100 година.
Херодот го пишува своето дело "Историја" 5 век пред наша ера, а најраниот ракопис датира исто така 900г. по Христос.
Делата на Софокле, Демостен, Аристотел исто така имаат распон од 1000 години меѓу времето во кое биле напишани оригиналите и времето на најраниот најден ракопис, а сепак никој не се сомнева во нивната веродостојност. Патем, од сите нив најдени се само по 7, 8, 10, 20 преживеани ракописи (со исклучок на Софокле од кого се најдени 100 ракописи) како што кажавме цели 1000 години од времето на нивниото пишување.
Додека пак од Новиот Завет најдени се околу 25.000 ракописи од кои најраниот датира само неколку децении од времето на пишување. Ниедно историско дело не може да се пофали со толкава историска веродостојност, и објективно гледано, никој нема право да не се сомнева во делата на Јулиј Цезар, Платон, Тацит, Херодот, Софокле, Демостен, Аристотел итн, а да се сомнева во делата на евангелистите. А зошто сме субјективни? Само затоа што тие зборуваат за некој Исус што правел чуда, што воскреснал, што тврдел дека е Син Божји итн?
Разбирам некој да не верува во тоа или да не го прифаќа тоа, но историски да го оспорува е крајно не фер со оглед на високата историчност на Новозаветните документи над другите историски антички дела.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Преписи од преписи на преписи било случајот со сите антички ракописи. Едноставно тоа било методот на пренесување на ракописите на следната генерација: препишувањето. Тоа што немаме сочуван ракопис од први век тоа е сосема разбирливо кога ќе се земе предвид начинот на кој се пишувало тоа време и трајноста на папирусните ролни. Но тоа не е случај само со евангелијата, туку со сите антички историски дела. Гутенберг ја измислил печатницата дури во 16 век и се што е напишано пред него е со перо и мастило, а пренесено со препишување.
Па н можеш да споредуваш СВЕТИ ПИСМА и било кој деуг текст.
Нели тоа е запишана реч Божја. Кај се оригиналите? Зарем Бог го лишил човештвото од првите запишани негови зборови?
Во ист куп се и Новиот Завет и Херодот и Тацит и Михајло Лалиќ и Маркс и Маркиз де Сад??
 
Фан на Интер

Rasturac na ZABAVI
Член од
26 јануари 2010
Мислења
612
Поени од реакции
22
Преголем е текстот за читање. Прочитај го и постави кратко јасно прашање. Поздрав
Па прочитај за звездите и кажими

--- надополнето ---

Пошто толку си запнал звезди та звезди .... Ево читај што вели Хроистијанството за звездите а до тогаш јас малку ќе се молам

D.jpg
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom