Прашања за Христијанството I

Статус
Затворена за нови мислења.

The_LiGhT'

Stop DISCRIMINATION
Член од
29 април 2009
Мислења
587
Поени од реакции
123
Ја да сум Бог би ги убил сите слуги , што ке ми се , ке си направам деца , барем ке ги сакам и они ке ме сакаат .
Поубаво некој да ме сака отколку да ме почитува.
Koga nekoj ne te pocituva toa znaci i deka ne te saka zatoa :toe:.
 
Член од
30 март 2010
Мислења
1.441
Поени од реакции
400
А вие зошто обожавате метеорит?
Tоа прашање можеш да го поставиш во темата Прашања за Исламот. И да објасниш малку што сакаш да кажеш, а не да зборуваш како паднат од на муренка.

--- надополнето ---

Мислев на страхопочит.
Иако и почит не ми прави ќејф повеке го сакам зборот љубов.
Почит и љубов немаат ништо заедничко.
Да бе ти треба да веруваш во Исус како Господ и тој ќе те љуби покрај сите гревови што ги правиш и што ќе ги малтретираш другите луѓе тогаш Исус ќе те љуби нема врска што ги малтретираш другите луѓе пошто ти веќе веруваш во Исус.

Тоа е праведен Бог ?

--- надополнето ---

Зошто го обожавате крстот ? Зошто крстот е света работа ?
Ако „Господарот“ на него е распнат и неговите раце на него се заковани, тој е навистина проклет, па поради тоа со нозете свои газете и не бакнувајте го кога ќе го видите.
„Господарот“ е на крстот мачен, а вие крстот го обожавате? Вие сте навиистина негови непријатели.
 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
FireFly;3711179 [/COLOR напиша:
Да бе ти треба да веруваш во Исус како Господ и тој ќе те љуби покрај сите гревови што ги правиш и што ќе ги малтретираш другите луѓе тогаш Исус ќе те љуби нема врска што ги малтретираш другите луѓе пошто ти веќе веруваш во Исус.


Тоа е праведен Бог ?
Па како би малтретирал некого ако ти е " брат" или "сестра".
Како може да малтретираш некого ако го сакаш?
Како може да те мразам кога потекнуваме од еден извор.
 
Член од
30 март 2010
Мислења
1.441
Поени од реакции
400
Па како би малтретирал некого ако ти е " брат" или "сестра".
Како може да малтретираш некого ако го сакаш?
Како може да те мразам кога потекнуваме од еден извор.
Па ние сите сме од еден извор Господ нас не створил.. Ама пак луѓето се мразат еден со друг. Затоа Бог не го оправдува тоа.
 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Зошто го обожавате крстот ? Зошто крстот е света работа ?
Ако „Господарот“ на него е распнат и неговите раце на него се заковани, тој е навистина проклет, па поради тоа со нозете свои газете и не бакнувајте го кога ќе го видите.
„Господарот“ е на крстот мачен, а вие крстот го обожавате? Вие сте навиистина негови непријатели.
Истите што го распнаа со солзи ке го вратат на местото кај што му е.
А мегу нив сме и ние.
 
Член од
30 март 2010
Мислења
1.441
Поени од реакции
400
Зошто во втората книга Кралеви пишува дека Охозој имал 22 години кога станал крал, а во втората книга на Летописи кажува дека имал 42 години кога станал крал ?
Дали имал 22 или 42 кога постанал крал?

Втора Книга Цареви
Глава 8
26 На Охозиј му беа дваесет и две години кога се зацари, а царуваше една година во Ерусалим. Мајка му се викаше Готолија, а му беше ќерка на израелскиот цар Амриј.

Втора Книга Летописи
Глава 21
2 Му беа четириесет и две години кога се зацари. Царуваше една година во Ерусалим. Неговата мајка се викаше Готолија, Амриева ќерка.

ПОТОА во Втората книга Летописи пишува дека Јорам таткото на Охозиј имал 38 години кога постанал крал, а владеел 8 години и умрел кога имал 40 години. Него го наследил син му Охозиј кој одма имал 42 години.
Значи таткото умрел кога имал 40 потоа одма го наследува синот кој во тој момент има 42 години.

Како може синот да биде постар од таткото само 2 години ?

Втора Книга Летописи
Глава 21
20 Му беа триесет и две години кога се зацари, а осум години царуваше во Ерусалим. Почина, а никој не зажали за него; и го погребаа во Давидовиот Град, но не во царската гробница.

--- надополнето ---

Истите што го распнаа со солзи ке го вратат на местото кај што му е.
А мегу нив сме и ние.
Зошто да го вратат со солзи ако беше распнат ?Па нели тој сам се жртвувал ? Па тие нели задоволство му направија ? Нели тие го постигнаа неговото задоволство ?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Зошто во втората книга Кралеви пишува дека Охозој имал 22 години кога станал крал, а во втората книга на Летописи кажува дека имал 42 години кога станал крал ?
Дали имал 22 или 42 кога постанал крал?

Втора Книга Цареви
Глава 8
26 На Охозиј му беа дваесет и две години кога се зацари, а царуваше една година во Ерусалим. Мајка му се викаше Готолија, а му беше ќерка на израелскиот цар Амриј.

Втора Книга Летописи
Глава 21
2 Му беа четириесет и две години кога се зацари. Царуваше една година во Ерусалим. Неговата мајка се викаше Готолија, Амриева ќерка.

ПОТОА во Втората книга Летописи пишува дека Јорам таткото на Охозиј имал 38 години кога постанал крал, а владеел 8 години и умрел кога имал 40 години. Него го наследил син му Охозиј кој одма имал 42 години.
Значи таткото умрел кога имал 40 потоа одма го наследува синот кој во тој момент има 42 години.

Како може синот да биде постар од таткото само 2 години ?

Втора Книга Летописи
Глава 21
20 Му беа триесет и две години кога се зацари, а осум години царуваше во Ерусалим. Почина, а никој не зажали за него; и го погребаа во Давидовиот Град, но не во царската гробница.
Бидејќи станува збор за документи кои биле напишани пред илјадници години, ние денес ги немаме оригиналите кои, согласно материјалот на кој биле напишани, се распаднале многу одамна. Така ние сме зависни од копиите, кои всушност претставуваат копии на копии од оригиналите кои биле континуирано препишувани низ вековите. Ова не се однесува само на Библијата, туку на сите документи пред 16 век т.е. пред откривањето на печатницата. Оние кои ги препишувале светите писма биле склони кон два типа на печатни грешки: едната се однесувала на правилно препишување на имињата, додека другата на точното препишување на броевите.
Овој пример за нумериччка недоследност се однесува на грешка при препишување на цифрата на десетките. За Охозија се вели дека имал 22 години во 2 Цареви 8:26, додека во 2 Летописи 22:2 се вели дека имал 42 години. За среќа имаме доволно библиски материјал за да ја исправиме оваа грешка. Само неколку стиха пред спорниот стих, во 2 Цареви 8:17 се спомнува дека таткото на Охозија, Јорам, имал 32 години, а по 8 години, значи кога наполнил 40, неговиот син се зацарил. Оттука, бидејќи е невозможно Охозија да бил 2 години постар од неговиот татко, јасно е дека тој немал 42, туку имал 22 години кога се зацарил.

--- надополнето ---

Зошто го обожавате крстот ? Зошто крстот е света работа ?
Ако „Господарот“ на него е распнат и неговите раце на него се заковани, тој е навистина проклет, па поради тоа со нозете свои газете и не бакнувајте го кога ќе го видите.
„Господарот“ е на крстот мачен, а вие крстот го обожавате? Вие сте навиистина негови непријатели.
FireFly, не избрзувај со осуда (Вие сте навистина негови непријатели). Христијаните не го обжваат и никогаш не го обожавале крстот. Православните го обожаваат, но не и христијаните. Ние го почитуваме како симбол каде Христос се жртвуваше за нас и каде што беше платен нашиот грев, ама воопшто не го обожаваме. Христијаните ниту го бацуваат крстот, ниту се клањаат пред него, ниту го сметаат за некаков фетиш, ниту му даваат натприродни моќи и сл. Јас на пример сум 7 години христијанин и никогаш немам ставено крст на врат. Не велам дека е грев да се носи такво ланче, но не е ни неопходно, ниту пак потребно.
 
Член од
30 март 2010
Мислења
1.441
Поени од реакции
400
Бидејќи станува збор за документи кои биле напишани пред илјадници години, ние денес ги немаме оригиналите кои, согласно материјалот на кој биле напишани, се распаднале многу одамна. Така ние сме зависни од копиите, кои всушност претставуваат копии на копии од оригиналите кои биле континуирано препишувани низ вековите. Ова не се однесува само на Библијата, туку на сите документи пред 16 век т.е. пред откривањето на печатницата. Оние кои ги препишувале светите писма биле склони кон два типа на печатни грешки: едната се однесувала на правилно препишување на имињата, додека другата на точното препишување на броевите.
Овој пример за нумериччка недоследност се однесува на грешка при препишување на цифрата на десетките. За Охозија се вели дека имал 22 години во 2 Цареви 8:26, додека во 2 Летописи 22:2 се вели дека имал 42 години. За среќа имаме доволно библиски материјал за да ја исправиме оваа грешка. Само неколку стиха пред спорниот стих, во 2 Цареви 8:17 се спомнува дека таткото на Охозија, Јорам, имал 32 години, а по 8 години, значи кога наполнил 40, неговиот син се зацарил. Оттука, бидејќи е невозможно Охозија да бил 2 години постар од неговиот татко, јасно е дека тој немал 42, туку имал 22 години кога се зацарил

Па зошто не ја поправите грешката вие сега и не напишете дека има 22 години ?

--- надополнето ---

FireFly, не избрзувај со осуда (Вие сте навистина негови непријатели). Христијаните не го обжваат и никогаш не го обожавале крстот. Православните го обожаваат, но не и христијаните. Ние го почитуваме како симбол каде Христос се жртвуваше за нас и каде што беше платен нашиот грев, ама воопшто не го обожаваме. Христијаните ниту го бацуваат крстот, ниту се клањаат пред него, ниту го сметаат за некаков фетиш, ниту му даваат натприродни моќи и сл. Јас на пример сум 7 години христијанин и никогаш немам ставено крст на врат. Не велам дека е грев да се носи такво ланче, но не е ни неопходно, ниту пак потребно.
Мене кога ми убиле некој од фамилијата со пиштол јас не би го величела пиштолот и не би го бакнувала. Туку ќе нејќев со очи да го видам.
А не пак Бог ??? (ова некако ми е и безмислено зошто Бог да се убие)??? о_О

--- надополнето ---

Прашање за Христијаните... Зошто се молат на Марија мајката на Исус ?
Може таа нешто да помогне или дали е таа воопшто Бог?
 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Kako nemaat? Pa onoj koj ne go pocituvas ne mozes da go sakas.
Почит и непочит ти е иста работа или другачие кажано тие се различни страни на една иста паричка.
Неможеш со нив да воспоставиш врска со Бог.
Кај има дуализам таму го нема Бог.
Исто е и со сакањето и стравот(мразењето).
Надмини ги и ке го најдеш Бог.

--- надополнето ---

http://en.wikipedia.org/wiki/Samadhi

--- надополнето ---

Или ако повеке сакаш http://en.wikipedia.org/wiki/Higher_consciousness
Christ consciousness
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Па зошто не ја поправите грешката вие сега и не напишете дека има 22 години ?
Затоа што ни е забрането да го менуваме Божјиот Збор. Некој направил пропуст при препишувањето. Бог го дозволил тоа и не е наше да поправаме, затоа што ако почнеме да поправаме, тогаш ќе се отвори простор за човечки интервенции во Светото Писмо, а со тоа и недоверба во идните генерации. Јас многу повеќе верувам сега во веродостојноста на Библијата кога знам дека порано препишувачите дури ни ваквите грешки не ги поправале, а камо ли пак да се дрзнат да менуваат нешто во Библијата. Многу помалку би верувал во библиските текстови доколку знаев дека некој некаде ги собрал сите библиски текстови и ги менувал, средувал, прилагодувал. Тогаш ќе се сомневав во напишаното. Но бидејќи знам дека не е така, затоа и повеќе верувам во Библијата.

За Куранотна пример е познато дека била извршена Османската рецензија каде што биле запалени сите други верзии, а била оставена само една - онаа која што денес ја имате. Од каде да знаеме дека токму таа била вистинската и дека тука не се работи за некаков заговор? Затоа што муслиманската традиција вели дека сите други биле лажни? Па нормално дека така ќе кажат, сигурно нема да кажат дека таа била лажна, а другите вистинити :) Или можеби дека тогаш имало луѓе кои што го знаеле целиот Куран на памет, па можеле да ја проверат пропуштената верзија? Како да бидеме сигурни во ова? Зарем не е можно и ова да е измислица за да ја подржи Османската рецензија?
Епа кај христијаните не е така. Христијаните не ги палеле текстовите што не се согласуваат. Христијаните имаат зачувано околу 25.000 ранохристијански ракописи од Библијата и меѓу нив има доста текстови кои што не се согласуваат на некои места (се работи за ситни несогласувања, кои не менуваат одредени верувања, доктрини). Сепак сите тие чесно се зачувани и достапни на денешните теолози.

Мене кога ми убиле некој од фамилијата со пиштол јас не би го величела пиштолот и не би го бакнувала. Туку ќе нејќев со очи да го видам.
А не пак Бог ??? (ова некако ми е и безмислено зошто Бог да се убие)??? о_О
Како што кажав, христијаните не го величаат и не го бакнуваат крстот. Но повеќето од нив го користат како симбол затоа што тој симбол не потсетува на Христовата застапничка смрт заради нас. Христос умре наместо нас на тој крст. Тој крст беше мој и твој. Заради своите гревови потребно беше ние да се најдеме на тој крст и да платиме со смрт. Но Бог ја покажа Својата огромна љубов кон човекот што го прати Божјиот Син да се жртвува за нас. Тој на крстот ги зема нашите гревови и ја плати казната наместо нас. Никој не го присили Него за тоа. Тој го направи тоа од љубов, затоа што не љуби. Кога ќе имаш еден ден дете (ако даде Бог) ќе знаеш што значи да се жртвуваш за своето дете, за своето љубено за кого ќе бидеш спремна и животот да си го дадеш.

Прашање за Христијаните... Зошто се молат на Марија мајката на Исус ?
Може таа нешто да помогне или дали е таа воопшто Бог?
Прашањето е добро, ама треба да им го поставиш на католиците и на православните, а не на христијаните. Христијаните не се молат на Марија мајката на Исус. Таа ниту може да слушне, ниту може да помогне. Таа воопшто не е рамна со Бог. Христијаните Му се молат единствено на Бог.
 

Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.123
Поени од реакции
789
Христијаните ниту го бацуваат крстот, ниту се клањаат пред него, ниту го сметаат за некаков фетиш, ниту му даваат натприродни моќи и сл.
Чорбаџија, каков христијанин си ти? И во која црква одиш? (можеби си одговорил многупати... али не сум сретнал досега)
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Како е опишан Џеннетот во Христијанството ?
„ Она што окото не видело, што увото не чуло и што во човечкото срце не дошло, тоа Бог го приготви за оние, кои Го љубат.“
(1 Коринтјаните 2:9, Библијата)

„И чув силен глас од небото, велејќи: „Еве го Божјиот Шатор меѓу луѓето; и Тој ќе живее со нив, и тие ќе бидат Негов народ, и Самиот Бог ќе биде со нив, и ќе ја избрише секоја солза од нивните очи, и смрт нема да има веќе, ни тага, ни плач, ниту болка, зашто првото помина. И Оној, Кој седи на престолот рече: „Ете, правам сè ново.” Уште рече: „Напиши, зашто овие зборови се верни и вистинити!” И ми рече: „Се заврши! Јас Сум Алфа и Омега; Почеток и Свршеток. Јас ќе му дадам на жедниот, дарум, од изворот на водата на животот. Кој победува го наследува ова, и Јас ќе му бидам Бог, и тој ќе ми биде син. “
(Откровение 21:3-7, Библијата)

--- надополнето ---

Чорбаџија, каков христијанин си ти? И во која црква одиш? (можеби си одговорил многупати... али не сум сретнал досега)
Јас сум изворен, библиски христијанин. Локалната црква каде што јас служам и си ја негувам својата вера спаѓа во групата на протестантко-евангелските цркви, а по деноминација е баптистичка (крстителна).
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom