Прашања за Христијанството I

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
1 мај 2010
Мислења
128
Поени од реакции
4
Тешко него - ќе го има на Ал Џезаира со снимка од YouTube или тешко него - ќе летне во воздух за некој да има 72 девици?
Не туку ќе го крстат папите да убива во име на Христа за да биде спасен и на другиот свет да лебди како ангел
 

radica

never mind
Член од
21 октомври 2007
Мислења
599
Поени од реакции
36
Еве ја Мерјем р.а. (Марија во Исламот)
Мерјем р.а. (Марија бог нека е задоволен со неа) е жената која Куранот ја наведува како мајка на пратеникот Иса а.с. Таа веројатно е најценетата жена во Исламот. Пратеникот Мухаммед с.а.в.с. ја спомнал како една од најдобрите четири жени кои први ќе влезат во Џеннет (рај). Исламот меѓутоа ја порекнува боженственоста на Мерјем р.а. и Иса а.с. како и тврдењето дека Иса а.с. е син божји. Во Куранот таа е наречена „сестра харунова“ - се смета дека се мисли на Харун (Арон) братот на Муса а.с.(Мојсеј) врз основа на тоа што Мерјемината положба во однос на објавата на Иса а.с. е аналогна на Харуновата положба во однос на Муса а.с. Исто како и Харун, нејзината функција во контекст на објавата е повеќе внатрешна отколку надворешна.

Детство.
Куранот како татко на Мерјем р.а. го именува Имран а према Исламското учење нејзината мајка е Хана. Се верува дека Имран и Хана долго време немале деца така да кога Хана забременила веќе биле во поодминати години. Хана мислела дека носи машко дете и рекла: “ О господару мој ова што е во мојот стомак ти го заветувам тебе на служба, па прими го од мене. Ти навистина се слушаш и се знаеш (али имран 35). Меѓутоа детето кое го родила била девојче: Господару мој родив женско, а машко не е што и женско. Му дадов име Мерјем. Јас нејзе и нејзиниот пород го ставам под твоја заштита од прокетиот шејтан (али имран 36)

Мерјем уште како девојка била истрајна во клањањето. Поради тоа е пратена да живее и учи кај Зекерија, маж на нејзината постара сестра. Таа милувала да престојува кај Михработ, нишата за молитва во храмот и кога да дошол Зекерија во храмот каде што таа престојувала приметувал дека таа има храна: Од каде ти е ова о Мерјема? тој би прашал а таа би одговорила: од Аллах.

Раѓањето на Иса а.с.
Спрема верувањето, Мерјем уште на 12 години, уште пред физичката зрелост ја достигнала менталната зрелост и полната чистота на душата. Тогаш му доаѓа мелекот Џибрил (ангелот Габриел) во вид на човек со вести од Аллах:

„О Мерјема, Аллах те радува со син кој е збор од него створен, чие име ќе биде Месих (месија), Иса, син Мерјемин. Угледен и на овој и на другиот свет и еден од блиските на Аллах! Тој ќе му говори на луѓето и во колевка и кога ќе порасни, и еден е од добрите (али имран 45-46) Таа рече: како јас ќе имам дете кога ни еден маж не ме допрел, а јас не сум блудница?“ (али имран 47)

Мерјем тогаш целиот народ ја прогласи за блудница и ја протера во пустината. Породилните болки ја примораа да се скрие под суво палмино стебло каде што го роди синот и го нарече Иса. Бидејќи немала ни вода ни храна, Мерјем повика: „камо среќа да умрев порано и во заборав да паднев“ (мерјем 23) Џибрил (Габриел) тогаш му рече: „не жалости се, Господарот твој даде под тебе да потечи поток. Затреси го стеблото палмино и ќе се (просут че се-на српски) свежи урми па јади и пиј и биди весела“ Џибрил исто така му рече да се врати кај својот народ и да се брани со молчење.

Мерјем го однесе својот син кај нејзиното семејство, кое се разлути кога го виде: „О Мерјем, ти која по чедноста си слична на Харун, твојот татко не беше (невалјалац - на српски) а ни мајка ти твоја не беше (невалјалац)“ Мерјем го послуша советот на Џибрил и остана нема на нивниот укор. Тогаш од колевката се јави Иса а.с. и ја оправда мајката: „јас сум Аллахов роб! ќе ме направи благословен каде и да бидам, ќе ми нареди додека сум жив намаз да обавувам и зекат да давам и на мојата мајка добар да и бидам. И нека е мир над мене на денот кога сум се родил и на денот кога ќе умрам и на денот кога од мртвите ќе бидам оживеан (мерјем 28-35)

Е ова е вистината за Мерјем а.с. (марија) кој не се држи до неа и ја нарекува богородица - тешко него!
Ова е вистината за Марија, но само за муслиманите,не за христијаните. Дел од приказната ви се поклопува со Библијата, дел не.
Овој Мухамед препис правел од Библијата и сам си изменувал некои работи или навистина Бог му ги кажувал сите овие работи?
Кога Марија клањала, зарем Евреите, единствените кои верувале во Единиот Бог клањале? Или тој збор се користи само во исламот?
Откога Исус е роден под палмово дрво, а не во една штала во Витлеем?

Откаде Бог да забранува една религија која самите исусови следбеници ја нарекле христијанство поради Исус Христос, да отвара нова, притоа велејќи, тие неверниците тргнале по лош пат? Бог почнува да ги негира сите кои умреле за неговиот Син, и еве сега кој не е во Ислам казан! Види бе, кај е милоста на Бог тука?
Зошто името на Бог е Аллах, кога Исус ги изговорил тоа име во текот на својот живот?
 
Член од
30 март 2010
Мислења
1.441
Поени од реакции
400
Нема инцест, затоа што Исус се зачнува во утробата на Марија. Дотогаш тој не постои. Плус нема тука никакво телесно зачнување и инцестот како теорија пропаѓа.
папата на кое прашање нема одговор?
Исус се зачнува сам себе кај својата мајка. На ова нема нема одговор папата.

--- надополнето ---

Ова е вистината за Марија, но само за муслиманите,не за христијаните. Дел од приказната ви се поклопува со Библијата, дел не.
Овој Мухамед препис правел од Библијата и сам си изменувал некои работи или навистина Бог му ги кажувал сите овие работи?
Кога Марија клањала, зарем Евреите, единствените кои верувале во Единиот Бог клањале? Или тој збор се користи само во исламот?
Откога Исус е роден под палмово дрво, а не во една штала во Витлеем?

Откаде Бог да забранува една религија која самите исусови следбеници ја нарекле христијанство поради Исус Христос, да отвара нова, притоа велејќи, тие неверниците тргнале по лош пат? Бог почнува да ги негира сите кои умреле за неговиот Син, и еве сега кој не е во Ислам казан! Види бе, кај е милоста на Бог тука?
Зошто името на Бог е Аллах, кога Исус ги изговорил тоа име во текот на својот живот?
Мухаммед с.а.в.с. не седнал да филозофира како другите што направија со самата Библија.

--- надополнето ---

Како што ќе видиме од подолу приложеното, ќе наведеме 4 поглавја од Библијата од кои по две се идентични: Псалм 18 & Втора книга Самуил 22 како и Втора книга Цареви 19 & Книга на Пророк Исаија 37.

Псалм 18

3 Ќе Го повикам Господа, Кој е предостоен за фалба и ќе бидам избавен од непријателите.
4 Брановите на смртта ме опкружија, и порои од лоши луѓе ме исплашија.
5 Јажињата на Подземјето ме изврзаа, смртоносните примки ме стегнаа:
6 Во својата неволја Го повикав Господа, и извикав кон својот Бог. Тој го чу мојот повик, од Својот храм, и моето викање стигна до Неговите уши.
7 Тогаш земјата се стресе и се растрепери, се разнишаа основите на планините, се раздвижија, зашто Тој се разгневи.
8 Од Неговите ноздри се крена дим, а од Неговата уста оган, што голта; јаглења се распалија од Него.
9 Тој ги наведна небесата и слезе, и мрак беше под Неговите нозе.
10 Седна врз херув и летна; леташе врз крилјата на ветерот.
11 Ја направи темнината Свое тајно засолниште, се покри со темните води и со густите облаци.
12 Од светкање пред Него, низ Неговите облаци удрија град и огнени јаглења.
13 Господ загрме од небото, Сèвишниот го даде Својот глас: град и огнени јаглења.
14 Ги прати своите стрели и ги распрсна, и ги расфрли секавиците;
15 тогаш се покажаа морските дна, основите на вселената се открија, од Твојата закана, Господи, од дувањето на здивот на Твојот гнев.
16 Ја испружи Својата рака од небото и ме подзеде, ме извлече од големи води.
17 Ме избави од силниот непријател, од оние што ме мразеа, зашто беа посилни од мене.
18 Станаа против мене во денот на мојата неволја, но Господ ми стана поткрепа.
19 Ме изведе на широко место, ме избави зашто му бев мил.
20 Господ ми даде според мојата праведност; ме награди според чистотата на моите раце;
21 зашто ги запазив Господовите патишта и не се оддалечив од својот Бог.
22 Сите Негови закони се пред мене, не ги отфрлив Неговите заповеди,
23 бев непорочен пред Него и се чував од своето беззаконие.
24 Затоа Господ ми врати според мојата правда, според чистотата на моите раце пред Неговите очи.
25 Со милостивиот, Ти си милостив, на чесниот со чесност му враќаш;
26 со чистиот Ти си чист, а со развратниот Ти си спротивен од него;
27 зашто Ти ги спасуваш нажалените луѓе, а ги понизуваш гордите очи.
28 Ти ја запалуваш мојата светлина, Господи мој Боже, Ти ја осветлуваш мојата темнина:
29 Зашто преку Тебе го разбивам полкот, со мојот Бог прескокнувам преку ѕид.
30 Божјиот пат е совршен; Божјото слово е испитано. Тој е штит на сите, кои се надеваат на Него.
31 Зашто кој е Бог освен Господ? кој е Карпа освен нашиот Бог?
32 Бог, кој ме препашува со сила и го прави совршен мојот пат;
33 ми даде брзи нозе како на елените и ме постави на моите височини,
34 ми ги учи рацете за бој, така што моите мишки оптегнуваат бронзен лак.
35 Ти ми го даваш штитот на Своето спасение, Твојата десница ме поддржува, а Твојата благост ме возвеличува.
36 Ти го шириш мојот чекор, под мене, така што моите нозе не се сопнуваат.
37 Ги гонев своите непријатели и ги стигнав и не се вратив додека не ги истребив.
38 Ги поразувам и не можат да се кренат, паднаа под моите нозе.
39 Зашто Ти ме препаша со сила за бој; ги отстрани пред мене, оние што стануваат против мене.
40 Ти направи моите непријатели да ми го вртат грбот, за да ги истребам оние што ме мразат.
41 Тие викаат, но нема избавител, кон Господа, но Тој не ги слуша.
42 Тогаш ги ситнев како прав пред ветерот, ги газев како кал по улиците.
43 Ти ме избави од народната буна, ме постави главатар на народите; ми служи народ што не го познавав.
44 Штом чуја за мене, тие ме послушаа, ми се покоруваат туѓинци.
45 Туѓинците ослабеа, треперејќи излегуваат од своите тврдини.
46 Жив е Господ! Благословена да е мојата Карпа! Нека се возвиси Бог на моето спасение!
47 Бог, Кој одмаздува за мене, и ми ги покорува народите.
48 Кој ме избавува од моите непријатели! Ме издига над оние што стануваат против мене, ме спасува од насилниците.
49 Затоа ќе Те славам, Господи, среде народите и ќе му пеам на Твоето име:
50 Славно го избавуваш Твојот цар и му искажуваш милост на Твојот помазаник, на Давида и на неговото потомство довека.



ВТОРА КНИГА САМОИЛ
Глава 22


4 Ќе го повикам Господа, Кој е предостоен за пофалба и ќе бидам избавен од непријателите.
5 Брановите на смртта ме опкружија мене, ме исплашија погубувачките буици.
6 Јажињата на Подземјето ме сопираа, смртоносни стапици паднаа на мене:
7 во неволја го повикав Господа и извикав кон својот Бог. Од Својот Дом го чу мојот повик и моето викање стигна до Неговите уши.
8 И земјата се стресе и се растрепери, се растресоа основите на небесата, се раздвижија, зашто Тој пламна со гнев.
9 Од Неговите носалки се дига дим, од Неговата уста избувна оган, живожарица пламти од Него.
10 Тој ги наведна небесата и слезе, под Неговите нозе - мрачни облаци.
11 Застана над херувим и полета; заброди врз крилјата на ветерот.
12 Се наметна со мракот како со превез, се покри со темни води и со густи облаци,
13 од блесокот пред Неговото лице пламнаа огнени јаглења.
14 Господ загрми од небото, гласот на Сèвишниот ечи.
15 Ги оптегна стрелите и ги распрсна враговите, фрли молњи и ги обори на земјата.
16 Морските дна се покажаа, и основите на светот станаа голи од страшната закана на Господа, од буроносниот здив на Неговиот гнев.
17 Тој ја испружи раката од небото и ме прифати мене, Тој ме избави од силните води.
18 Мене ме ослободи од силниот противник, од моите непријатели посилни од мене.
19 Станаа против мене во злосреќен ден, но Господ ме заштити,
20 ме изведе во широко поле, ме спаси, зашто сум Му мил.
21 Според мојата праведност Господ ми врати, според чистотата на моите раце Тој ме награди,
22 зашто ги пазев Господовите патишта, не се оддалечив од својот Бог.
23 Неговите одредби се пред моите очи, не ги отфрлив Неговите заповеди,
24 Нему Му бев верен до с’ржта, се чувам од секој грев.
25 Господ ми врати според мојата правда, ја виде чистотата на моите раце.
26 Со пријателот Ти си пријател, на чесниот со чесност му враќаш.
27 Со чистиот човек Ти си чист, а итриот го надигруваш,
28 зашто на понизниот народ му донесуваш спасение, а ги понижуваш горделивите очи.
29 Господи, Ти ја запалуваш мојата светилка, Боже, ја осветлуваш мојата темнина:
30 со Тебе удирам врз непријателските чети, со својот Бог ги прескокнувам ѕидовите.
31 Совршени се Господовите патишта, и Господовото слово е испитано со оган. Тој им е штит на сите, кои прибегнуваат кај Него.
32 Зашто кој е Бог освен Господ? Кој е стена освен нашиот Бог?
33 Тој Бог ме опашува со сила, и ја отстранува гибелта од мојот пат.
34 Ми даде нозе брзи како на кошута, и ме постави на безбедни височини,
35 ми ги извежба рацете за борба и мишките за да оптегнуваат бронзен лак.
36 Ми го даваш Својот штит што спасува, Твојата грижливост ме возвиси.
37 Верба му даваш на мојот чекор, и моите нозе веќе не се сопнуваат.
38 Ги гонев своите непријатели и ги настигнав, и не се вратив додека не ги уништив.
39 Ги оборувам, не можат да се дигнат, паѓаат, ми лежат под нозете.
40 Ти ме опаша со сила за борба, а моите противници ми ги подложи мене.
41 Ти ги натера во бегство моите врагови, и ги распрсна оние кои што ме мразеа.
42 Викаат на помош, никој да помогне, викаат кон Господа, не се одѕвива.
43 Ги здробив како прав на ветер, ги згазив како кал на патот.
44 Ти ме избави од буната во мојот народ, ме постави за главатар на незнабошците, народ, што не го познавав, ми служи.
45 Тој го слуша покорно секое мое шептење. Синови туѓинци ми ласкаат мене.
46 Туѓинските синови ја губат смелоста, излегуваат треперејќи од своите тврдини.
47 Жив е Господ! Благословена да е мојата Стена! Нека се возвиши Господ, моето спасение!
48 Бог Кој ми дава одмазда и ми ги покорува мене народите.
49 Ме избавуваш од моите непријатели, и ме издигаш над моите противници, Ти ме спасуваш мене од човекот - силник.
50 Затоа Те славам, Господи, меѓу народите и ќе го воспевам Твоето Име:
51 ги умножи победите на Својот цар, му искажа милост на Својот помазаник, на Давида и на неговото потомство довека.”
 
Член од
30 март 2010
Мислења
1.441
Поени од реакции
400
ВТОРА КНИГА ЦАРЕВИ
Глава 19


1 Откако го чу тоа, царот Езекиј ја раскина својата облека, облече вреќиште и отиде во Господовиот Дом.
2 Потоа ги испрати Елијаким, управителот на дворецот, писарот Сомна и свештеничките старешини, облечени во вреќишта, кај пророкот Исаија, синот Амосов.
3 Тие му рекоа: „Езекија вели вака: ‘Ова е ден на неволја, казна и ругање. Децата стасаа до раѓање, а нема сила да се родот.
4 Можеби Господ, твојот Бог, чу што рече големиот достоинственик кого асирискиот цар, неговиот господар, го испрати да го хули живиот Бог, и можеби Господ, твојот Бог, ќе ги казни зборовите што ги чул! Помоли се за Остатокот што уште остана.’”
5 Кога слугите на царот Езекија стигнаа кај Исаија,
6 тој им рече: „Кажете му на својот господар: ‘Господ вели вака: „Не бој се од зборовите што ги чу кога Ме хулеа Мене слугите на асирискиот цар.
7 Ќе вдахнам во него дух, и кога ќе чуе една вест, ќе се врати во својата земја. И ќе направам да загине од меч во својата земја.”‘“
8 Големиот достоинственик се врати и го најде асирискиот цар како ја опсадува Ливна, зашто беше чул дека царот си отиде од Лахис.
9 Имено, ја чу веста за Тирак, етиопскиот цар: „Еве, излезе да се бори против тебе.” Тогаш Сенахирим испрати пак пратеници за да му кажат на Езекија:
10 ”Речете му вака на јудејскиот цар Езекија: ‘Нека не те мами твојот Бог, во кого се надеваш, велејќи ти: „Ерусалим нема да падне во рацете на асирискиот цар!”
11 Ти знаеш што им направија асириските цареви на сите земји предавајќи ги на проклетство! А ти, ти ли ќе се спасиш?
12 Дали боговите ги спасија народите што моите татковци ги уништија: Госанците, Харанците, Ресефците и Еденците во Тел Асар?
13 Каде е ематскиот цар, арфадскиот цар, царот на Сефарваим, Ена и Ава?’”
14 Езекија го прими писмото од посланиковата рака и го прочита. Потоа влезе во Господовиот Дом и го одвитка пред Господа таму.
15 И Му се помоли Езекија на Господа вака: „Господи, Израелев Боже, Кој седиш над херувимите, Ти си единствен Бог над сите земски царства, Ти ги создаде небото и земјата.
16 Приклони го увото, Господи, и чуј, отвори ги очите, Господи, и види! Чуј ги Сенахиримовите зборови што ги испрати за да Го хули живиот Бог.
17 Вистина е, о Господи, асириските цареви ги сотреа народите и нивните земји;
18 им ги фрлија во оган боговите; зашто тоа не беа богови, туку дела на човечките раце, од дрво и од камен; затоа и ги уништија.
19 Но сега, Господи, Боже наш, избави нè од нивните раце за да познаат сите царства на земјата дека Ти, Господи, си единствен Бог.”
20 Тогаш Исаија, синот Амосов, му порача на Езекија: „Вака вели Господ, Израелевиот Бог: ‘Ја послушав молитвата што Ми ја упати заради Сенахирим, асирискиот цар.
21 Еве ги зборовите што Господ ги објави против него: Те презира, ти се руга девицата, Сионската Ќерка; по тебе мавта со главата Ерусалимската Ќерка.
22 Кого го навредуваше, хулеше? На кого викаше гласно, дигаше горделив поглед? На Израелевиот Светец!
23 Преку своите слуги Го навредуваше Господа. Велеше: „Со множество коли, јас се искачив на врвот на гората, на највисоките врвови на Ливан. Му ги исеков највисоките кедри и најубавите чемпреси. Му го достигнав највисокиот врв и неговата гориста градина.
24 Копав и пиев туѓи води; со стапалата тогаш ги исушив сите египетски реки.”
25 Слушаш ли добро? Одамна тоа го подготвував, го смислував од искон, сега го остварувам тоа: на тебе е да ги претвориш тврдите градови во урнатини.
26 Нивните жители, немоќни, исплашени и збунети, беа како трева во полето, како младо зеленило, како трева врз покривите опалена од источниот ветар.
27 Знам кога се дигаш и кога седиш, кога излегуваш и кога се враќаш.
28 Зашто беснееше против Мене и зашто твојот бес дојде до Моите уши, ќе ти провнам прстен низ носалките, ќе ти ставам узда во устата, ќе те вратам по патот по кој што и дојде!
29 А ова нека ти биде знак: Во оваа година ќе се јаде тоа што само ќе се изрони, догодина тоа што само ќе порасте, а во третата година сејте и жнијте, садете ги лозјата, јадете им го родот.
30 Преживеаните од Јудиниот дом ќе пуштат жили во длабочина, ќе родат плод во висина.
31 Зашто Остатокот ќе излезе од Ерусалим, запазените од гората Сион. Сè тоа ќе го направи Господовата ревност.
32 Затоа Господ зборува вака за асирискиот цар: „Тој не ќе влезе во овој град, не ќе ги фрла своите стрели ваму, кон него ни штитот не ќе го заврти, ниту ќе копа насипи околу него.
33 Ќе се врати по патот по кој што и дојде, не ќе влезе во овој град” - Господово слово е.
34 Ќе го штитам овој град, ќе го спасам, заради Себе и заради Својот слуга Давид.”
35 Во истата ноќ Господов Ангел излезе и погуби сто осумдесет и пет илјади во асирискиот логор. Наутро, кога требаше да се стане, ете, таму беа сè само мртовци.
36 Сенахирим го крена логорот и си отиде. Се врати и живееше во Нинива.
37 Еден ден, додека се клањаше во храмот на својот бог Нисрок, неговите синови Адрамелех и Сарсар го убија со меч и пребегаа во Араратската земја. На негово место се зацари син му Есар Адон.



КНИГА НА ПРОРОК ИСАИЈА
Глава 37


1 Откако го слушна тоа, царот Езекија ги скина своите облеки се облече во вреќиште и отиде во Господовиот Дом.
2 Потоа ги испрати Елијакима, управителот на дворецот, царскиот писар Сомна и свештеничките старешини, облечени во вреќишта, при пророкот Исаија, синот Амосов.
3 Тие му рекоа: „Вака вели Езекија: ‘Ова е ден на неволја, казна и хулење: децата стасаа до породување, а нема сила за да се родат.
4 Можеби Господ, твојот Бог, ги чу зборовите на големиот пехарник кого асирскиот цар, неговиот господар, го испрати да Го хули живиот Бог, и можеби Господ твојот Бог, ќе ги казни зборовите што ги чу! Подигни глас за молитва за Остатокот што уште остана!’”
5 Кога слугите на царот Езекија стигнаа кај Исаија
6 тој им рече: „Кажете му на својот господар: ‘Вака вели Господ: „Не бој се од зборовите што ги чу кога Ме хулеа слугите на асирскиот цар.
7 Еве, Јас вдахнав во него дух, и кога ќе чуе една вест, ќе се врати во својата земја. И ќе направам да загине од меч во својата земја.”‘“
8 Големиот пехарник се врати и го најде асирскиот цар како ја опсадува Ливна, зашто беше чул дека царот замина од Лахис.
9 Имено чул дека Тирак, етиопскиот цар, завојувал против него. Тогаш тој повторно испрати пратеници да му кажат на Езекија:
10 „Речете му вака на јудејскиот цар Езекија: ‘Нека не те измамува Твојот Бог, во Кого се надеваш, велејќи ти: „Ерусалим нема да падне во рацете на асирскиот цар.”
11 Ти знаеш што им направија асирските цареви на сите земји откако ги предадоа на проклетство! А ти ли ќе се спасиш?
12 Дали боговите ги спасија народите кои ги уништија, моите татковци: Госанците, Харанците, Ресефците и Еденовците, во Теласар?
13 Каде е ематскиот цар, арфадскиот цар, царот на градот Сефарвим, на Ена и Ава?’”
14 Езекија го прими писмото од раката на посланикот и го прочита. Потоа влезе во Господовиот Дом и го одвитка таму пред Господа.
15 И Езекија Му се помоли на Господа вака:
16 „Господи над Воинствата, Израелев Боже, Кој седиш меѓу херувимите, Ти си единствениот Бог над сите царства на земјата, Ти ги создаде небото и земјата.
17 Приклони го увото, Господи, и чуј! Отвори ги очите, Господи, и види! Чуј ги Сенахировите зборови, што ги испрати за да Го похули живиот Бог.
18 Вистина е, о Господи, дека асирските цареви ги сотреа сите народи и нивните земји;
19 им ги фрлија во оган боговите, зашто не беа богови тоа, туку дела на човечките раце од дрво и затоа ги уништија.
20 А сега, Господи, Боже наш, избави нè од неговата рака, за да сознаат сите царства на земјата дека си Ти, Господи, Единствен Бог!”
21 Тогаш Исаија, синот Амосов, му порача на Езекија: „Вака вели Господ, Израелевиот Бог: ‘Ја послушав молитвата што ми ја упати заради Сенахирим, асирскиот цар.
22 Еве ги зборовите што Господ ги изговори против него: „Те презира, ти се потсмева, девицата Сионската Ќерка; по тебе мавта со главата Ерусалимската Ќерка.
23 Кого го навредуваше, го хулеше? На кого викаше гласно, креваше горделив поглед? На Израелевиот Светец!
24 Преку своите слуги Го навредуваше Господа. Велеше: ‘Со мноштво коли јас се искачив на врвот на горите, на највисоките врвови на Ливан. Јас му ги исеков највисоките кедри и најубавите чемпреси. Достигнав до неговиот највисок врв и до неговата гораста градина.
25 Копав и пиев туѓи води; тогаш со стапалата ги исушив сите египетски реки.’
26 Слушаш ли добро? Одамна го одредив тоа, го смислував од старини. Сега го остварувам тоа: на тебе е да ги претвориш тврдите градови во урнатини;
27 нивните жители, немоќни, исплашени и збунети, беа како трева во полето, како младо зеленило, како трева врз покривите, спалена од источниот ветер.
28 Знам кога се креваш и кога седнуваш, кога излегуваш и кога се враќаш.
29 Зашто беснееше против Мене и бидејќи твојот бес стигна до Моите уши, ќе ти провнам прстен низ носалките, ќе ти ставам узди во устата, ќе те вратам по патот по кој што дојде!”‘
30 „А ова нека ти биде знак: Во оваа година ќе се јаде тоа што самото ќе расцвета, догодина тоа што ќе никне само, а на третата година сејте и жнејте, садете лозја, јадете им го родот.
31 Преживеаните од Јудината куќа ќе пуштат жили во длабочина, ќе родат плод во височина.
32 Зашто од Ерусалим ќе излезе Остатокот, спасените од Сионската Гора. Сето тоа ќе го направи ревноста на Господа над Војските.
33 Затоа Господ зборува вака за асирскиот цар: ‘Тој нема да влезе во овој град, ваму нема да ги фрла своите стрели, кон него нема ни штит да заврти, ниту ќе копа насипи околу него.
34 Ќе се врати по патот по кој и дојде, нема да влезе во овој град - слово е Господово.
35 Ќе го штитам овој град, ќе го закрилувам, заради Себе и заради Својот слуга Давид.’”
36 Тогаш Господов ангел излезе и погуби во асирскиот логор сто осумдесет и пет илјади луѓе. Наутро, кога требаше да се стане, ете, таму беа сè само мртовци.
37 Сенахирим го крена логорот и си отиде. Се врати во Нинива.
38 Еден ден додека се поклонуваше во храмот на својот бог Нисрок, неговите синови Адрамелех и Сарасар го убија со меч и избегаа во Араратската Земја. На неговото место се зацари неговиот син Есарадон.


--- надополнето ---

Зошто и како тоа овие поглавја да се идентични, ако се земе во обзир дека се работи за различни автори, и временската разлика на создавање на овие поглавја се мери со столетиј??
 
Член од
26 јануари 2010
Мислења
427
Поени од реакции
10
praveden a koj ce dojt na sudniot den da ve sudit isus ili muhamed?
На судниот ден ќе ни суди Аллах (единствениот Господ) божјите пратеници Исус и Мухаммед ќе бида меѓу луѓето и нив исто така ќе им биде судено од страна на Господ. Единствена разлика од сите божји пратеници има Мухаммед с.а.в.с. која на судниот ден ќе има шефаат - можност да се зазема кај Господ за друг човек, односно освен за себе ќе има можност Господ да го помоли и за други луѓе а Господ тоа ќе му го прифати. Исус, Мојсеј, Абрахам и сите други пратеници ќе се плашат за себе и својата душа и кога луѓето ќе ги видат и ќе тргнат кон нив да бараат тие да се залагаат кај Господ за нив, сите тие па и Исус ќе речат дека Господ тој ден е многу налутен и ќе велат; мојата душа, мојата душа - ќе стравуваат за свијата душа освен Мухаммед с.а.в.с. кој ќе може да се залага кај Господ и за другите.

Значи Господ ќе му суди на целото човештво и на сите божји пратеници (и Исус оти и тој е божји пратеник).


--- надополнето ---

Ова е вистината за Марија, но само за муслиманите,не за христијаните. Дел од приказната ви се поклопува со Библијата, дел не.
Овој Мухамед препис правел од Библијата и сам си изменувал некои работи или навистина Бог му ги кажувал сите овие работи?
Кога Марија клањала, зарем Евреите, единствените кои верувале во Единиот Бог клањале? Или тој збор се користи само во исламот?
Откога Исус е роден под палмово дрво, а не во една штала во Витлеем?

Откаде Бог да забранува една религија која самите исусови следбеници ја нарекле христијанство поради Исус Христос, да отвара нова, притоа велејќи, тие неверниците тргнале по лош пат? Бог почнува да ги негира сите кои умреле за неговиот Син, и еве сега кој не е во Ислам казан! Види бе, кај е милоста на Бог тука?
Зошто името на Бог е Аллах, кога Исус ги изговорил тоа име во текот на својот живот?
Тоа што ти не го веруваш Господ тоа што го објавил а ги веруваш луѓето кои сите се поразлично од секој кажувале приказни тоа е твој проблем.
 

Дракула

Baby join me in death
Член од
21 април 2010
Мислења
93
Поени од реакции
0
Ова е вистината за Марија, но само за муслиманите,не за христијаните. Дел од приказната ви се поклопува со Библијата, дел не.
Овој Мухамед препис правел од Библијата и сам си изменувал некои работи или навистина Бог му ги кажувал сите овие работи?
Кога Марија клањала, зарем Евреите, единствените кои верувале во Единиот Бог клањале? Или тој збор се користи само во исламот?
Откога Исус е роден под палмово дрво, а не во една штала во Витлеем?

Откаде Бог да забранува една религија која самите исусови следбеници ја нарекле христијанство поради Исус Христос, да отвара нова, притоа велејќи, тие неверниците тргнале по лош пат? Бог почнува да ги негира сите кои умреле за неговиот Син, и еве сега кој не е во Ислам казан! Види бе, кај е милоста на Бог тука?
Зошто името на Бог е Аллах, кога Исус ги изговорил тоа име во текот на својот живот?

А зошто ти ги прашуваш Муслиманите работи кои прво Христијаните треба да ги објаснат?
Каде е милоста на Бога кога реши сите Евреи да горат а спасени се само Христовите ?
Мојсеј проповедаше вера во Бога а одеднаш не важи а ? Важи само на Исуса. Што му текнало на Исус да глуми Бог по земјава и да препишува од Тората не можел нешто ново сам да смисли? Чекал псоле него да смислат другите и да одлучуваат а тој сам не можел нели ?
Зошто Бог го потисна Мојсеј во зид како воопшто да не бил на земјава да прповеда вера ? Кажи ми зошто ? Зошто воопшто дојде Мојсеј кога важно е само што рекол Исус? Зошто Бог го потисна и го отфрли сиот труд на Мојсеј а важи само на Исус?
Зшто Јудеизмот да не биде повеќе вера?
Што е поважен Исус од Мојсеј бе па тој да биде син на Бога а овој не ?
 

radica

never mind
Член од
21 октомври 2007
Мислења
599
Поени од реакции
36
На судниот ден ќе ни суди Аллах (единствениот Господ) божјите пратеници Исус и Мухаммед ќе бида меѓу луѓето и нив исто така ќе им биде судено од страна на Господ. Единствена разлика од сите божји пратеници има Мухаммед с.а.в.с. која на судниот ден ќе има шефаат - можност да се зазема кај Господ за друг човек, односно освен за себе ќе има можност Господ да го помоли и за други луѓе а Господ тоа ќе му го прифати. Исус, Мојсеј, Абрахам и сите други пратеници ќе се плашат за себе и својата душа и кога луѓето ќе ги видат и ќе тргнат кон нив да бараат тие да се залагаат кај Господ за нив, сите тие па и Исус ќе речат дека Господ тој ден е многу налутен и ќе велат; мојата душа, мојата душа - ќе стравуваат за свијата душа освен Мухаммед с.а.в.с. кој ќе може да се залага кај Господ и за другите.

Значи Господ ќе му суди на целото човештво и на сите божји пратеници (и Исус оти и тој е божји пратеник).


--- надополнето ---



Тоа што ти не го веруваш Господ тоа што го објавил а ги веруваш луѓето кои сите се поразлично од секој кажувале приказни тоа е твој проблем.
Ејј, само Мухамед ќе се залагал за некои поединци, демек со врски а...:vozbud:
А ние неверниците директно вказан ќе одиме:kesa:
 
Член од
1 мај 2010
Мислења
128
Поени од реакции
4
Ејј, само Мухамед ќе се залагал за некои поединци, демек со врски а...:vozbud:
А ние неверниците директно вказан ќе одиме:kesa:
Вие сте веќе сте средени преку врски, само Исус воскресе и таму сте. Значи Исус така рекола а? Кој ќе верува во мене иде у рај све друго у пекол.
Или не рекол тој ништо рекле тие по него ?

--- надополнето ---

Зошто и како тоа овие поглавја да се идентични, ако се земе во обзир дека се работи за различни автори, и временската разлика на создавање на овие поглавја се мери со столетиј??
хахахгагаххахахахаххахахахахахахаххаха бледа копија веќе пресмешно ми е. Кој будала го ставил ова во библија а не забележал дека е ставено ?
Еднаш за друг пророк му се случило ова еднаш на друг истото. Што е лага а што вистина таму ?
 

Scorer

Set Your Spirit Free
Член од
30 март 2010
Мислења
63
Поени од реакции
4
ako isus voskresnal so telo kako ke izleze od nego bozjiot duh pa da se vrati nazad vo boga nesto ko terminator 2. i sto ke bidit posle so teloto, ke padnit od da nebo da go jadet pilinjata?
 
Член од
1 мај 2010
Мислења
128
Поени од реакции
4
Со се тело е таму значи Бог е човек со Божји дух-БОГОЧОВЕК
 
Член од
20 март 2010
Мислења
1.256
Поени од реакции
243
Може да биде единствена целина, знаејќи ја тесната поврзаност меѓу тие три лица, каде ниеден дел не дејствува сам од себе, туку заеднички.
pozdrav radica
kako go gledate trojstvoto koga isus imal 2 god ili koga bil vo majcinata utroba, ili pred da se rodi isus , dali i togas imalo trojstvo.?
i uste edno najiskreno prasanje se nadevam ke mi odgovoris.

kakoe mozno nitu eden verovesnik ne dosol so veruvanjeto na trojstvo.
da recime golemiot verovesnik mojsej voopsto ne objavil nesto za i okolu trojstvoto dalie e spomnato vo torata za trojstvoto?

vie veruvate t.e hristijanite vo takanarecenoto trojstvo ,, togas zasto mojsej voopsto ne rekol nisto i ne objasnal nitu pak isus ne go objasnal vo podrobnosti ,
vie veruvate deka trojstvoto e kluc za vasiot uspeh i spas i deka nikoj nema da bide spasen bez nego,,,,,
pa se postavuva prasanjee

KAKOE MOZNO SITE VEROVESNICI POCNI OD ADAM PA DO ISUS DA ZAMINALE NA ONOJ SVET BES DA GO OBJAVAT TROJSTVOTO I DA JA OBJASNAT TAA VERA (VERUVANJETO VO TROJSTVO)
se nadevam na odgovor radicaa
sekoe dobro i golem pozdrav do tebe .
 

Eraser

S.... Seni Seviyorum
Член од
12 април 2010
Мислења
422
Поени од реакции
18
Радице Бог не го оттфрли Иса а.с тој проповедаше вера во Бога исто како Мухаммед с.а.в.с значи исто. Вера во Бога на Арапски значи ИСЛАМ !!

Иса а.с не рекол дека клучот за другиот свет е верување во неговото воскресение, тоа го направиле луѓето по него !!

Иса а.с проповедал вера во Бога, оставал 2 прсти брада, носел бело капче се миел пред да се моли, клањал исто што и Мухаммед с.а.в.с !!

Вие не ја следите верата на Иса а.с , вие ја следите на Павле и константин кои дошле векови по него и објавиле тројство !!
 

radica

never mind
Член од
21 октомври 2007
Мислења
599
Поени од реакции
36
А зошто ти ги прашуваш Муслиманите работи кои прво Христијаните треба да ги објаснат?
Каде е милоста на Бога кога реши сите Евреи да горат а спасени се само Христовите ?
Мојсеј проповедаше вера во Бога а одеднаш не важи а ? Важи само на Исуса. Што му текнало на Исус да глуми Бог по земјава и да препишува од Тората не можел нешто ново сам да смисли? Чекал псоле него да смислат другите и да одлучуваат а тој сам не можел нели ?
Зошто Бог го потисна Мојсеј во зид како воопшто да не бил на земјава да прповеда вера ? Кажи ми зошто ? Зошто воопшто дојде Мојсеј кога важно е само што рекол Исус? Зошто Бог го потисна и го отфрли сиот труд на Мојсеј а важи само на Исус?
Зшто Јудеизмот да не биде повеќе вера?
Што е поважен Исус од Мојсеј бе па тој да биде син на Бога а овој не ?
Еве го Евреинот се јави :)
Кој рече дека Јудеизмот не е вера?
Вие не го прифаќате Исус како месија, Евреите мислеле дека ќе ги спаси од ропството, ама тој бил распнат на крстот. Зборувал за Божјото Царство, не за Царството на Евреите на Земјата. Исус не зборувал за државата, за земното богатство, туку за Божјото. Само мал дел од Евреите го препознале и прифатиле Исус, другите не.
Никој не го негира постоењето на Мојсеј кој е еден од најголемите божји пратеници на Земјата, но кој имал мајка и татко на Земјата. Тој и самиот зборувал за доаѓањето на Месијата.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom