Se potrudiv malce i mi pomognae edni braca muslimani da dojdeme do ovaj tekst za koj tekst glasi?
Твоите брача муслимани гадно те излажале. Текстот е полн со лукаво смислени лаги, како и повеќето анти-христијански текстови кои ги користат муслиманите за да ги заблудат христијаните.
"зашто ќе се појават лажни христоси и
лажни пророци, па ќе прават големи знаци и чуда,
за да ги заблудат, ако е можно, и избраните." (
Христос во Матеј 24:24, Библијата)
Во хебрејската верзија на Тората сеуште се користи името “Мухаммед“ без било каква двосмисленост. Во песна над песните, поглавје 5, стих 16, пишува : „ Неговиот говор е најпријатен. Тој е голем / славен Мухаммед, мој миленик и мој пријател. “ Хебрејскиот збор јасно укажува на името Мухаммед, но евреите и христијаните тоа одбиваат да го признаат и инсистираат на тоа дека не се работи за сопствено име, туку епитет кој го опишува Пратеникот, тврдејќи дека тоа име значи “најсакан“. Неговата уста е најслатка(најпријатна) да, тој е најсакан. Тој е мој миленик и мој пријател.“
Хеберјскиот и арапсккиот јазик се сродни јазици (слично како на пример македонскиот и српскиот јазик) и очекувано е дека многу зборови ќе бидат слични. Хебрејскиот збор "махмад" во Библијата воопшто не се однесува на нечие име, туку тоа е придавка и читано во контекстот јасно се гледа дека не станува збор за никакво пророштво, туку едноставно заљубената девојка го опишува својот возљубен со убави и слатки зборови. Библиската книга "Песна над Песните" претставува романтична дописка меѓу двајца заљубени и е една од најубавите еврејски песни во кои се воспева љубовта. Сите можете да ја прочитате на он-лајн Библијата:
www.mkbible.net и да видите дека песната нема врска со некакво пророштво за Мухамед. Еве ќе го цитирам делот каде што муслиманите се обидуваат да вметнат пророштво за Мухамед
"
8 Ве заколнувам, ерусалимски ќерки, ако го сретнете мојот возљубен, што ќе му речете? Дека јас изнемоштувам од љубов.
9 „Во што е твојот возљубен подобар од другите, о, најлична меѓу жените? Во што е твојот возљубен подобар од другите, па нè заколнуваш така?”
10 Мојот возљубен е бел и румен, повеќе од десет илјади други.
11 Неговата глава е како злато - чисто злато; кадриците од косата, како млади палмини гранчиња, црни како гавран.
12 Неговите очи се како гулаби над поточната вода. Забите му се како измиени со млеко, наредени во рамка.
13 Неговите образи се како леи со мирисливи билки; како благомирисно цвеќе, усните му се лилјани, од кои тече смирна.
14 Рацете му се златно прстење, полно со скапоцености; неговите гради - како извајани од слонова коска, покриена со сафири.
15 Нозете му се столбови од мрамор на златни подножја; растот му е како Ливан, величествен како кедар.
16 Говорот му е сладок и сиот е од
љубезност (махмад). Таков е мојот возљубен, таков е мојот пријател, ерусалимски ќерки!"
(
Песна над песните 5:8-16, Библијата)
Во Евангелието по Јован 16:7, ги наоѓаме Исусовите зборови упатени на неговите ученици: „ Сепак, Јас ви ја кажувам вистината: подобро е за вас, Јас да си отидам; зашто ако не си отидам, Утешителот (periclytos на грчки) нема да дојде при вас; ако пак заминам, ќе ви Го испратам “.
Погрешно. Таму не пишува periclytos, туку paracletos.
Зборот “утешител“ е превод на грчкиот збор “ paracletos“ кој е употребен како замена на оргиналниот “periclytos“ , а кој одговара на арапскиот збор “ Мухаммед“ или “Ахмед“.
Двата грчки изрази имаат мала разлика во изговарањето и во пишувањето; и со самото тоа препишувачите лесно можеле да менуваат еден во друг збор во одредени верзии. Евреите и христијаните се склони на употреба на искривени верзии.
Погрешно. Зборот Paracletos е сосема легитимен збор во коине-грчкиот јазик и значи Утешител, Советник, Посредник - буквално некој што оди паралелно со тебе (за да те утешува, крепи). Зборот е кованица од зборовите "пара" и "клетос". Тоа "пара" е истото она што се користи и кај зборот "паралелно", пример: паралелно движење, паралелни насоки, прави.
Понатаму, зборот Paracletos се појавува 3 пати во евангелието по Јован (Јован 14:16, 15:26 и 16:7) и досега не е најден ниту еден манускрипт каде на некое од овие места е погрешно препишан (како periclytos), а камо ли на сите три места да е направена грешка. Така што овој аргумент едноставно не држи вода.
Понатаму, кога Исус го спомнал "Утешителот", Тој јасно нагласил дека тоа се однесува за Светиот Дух, а не за некаков подоцнежен пророк по име Мухамед:
"а Утешителот, Светиот Дух, Кого Татко Ми ќе Го испрати во Мое име, ќе ве научи сè и ќе ве потсети на сè што ви реков. "
(Јован 14:26)
Понатаму, Исус кажал дека Утешителот ќе остане со нас довека, а Мухамед умрел во 632 година.
"И Јас ќе Го молам Мојот Татко, и Тој ќе ви даде друг Утешител, за да биде со вас довека"
(Јован 14:16)
Понатаму, Исус им кажал на учениците да не се оддалечуваат од Ерусалим и да го чекаат Светиот Дух кој ќе дојде не по многу денови.
"И додека беше заедно со нив, им заповеда да не се оддалечуваат од Ерусалим, туку да го чекаат ветувањето на Таткото, „што го чувте од Мене”: Јован крштаваше во вода, а вие ќе бидете крстени во Светиот Дух, не по многу денови!” "
(Дела 1:4-5)
Што е поверојатно да заклучиме од овој стих:
- Дека учениците чекале 50 дена во Ерусалим и дошол Светиот Дух?
или
- Дека учениците чекале до 570 година (197100 денови !!!) во Ерусалим и го дочекале Мухамед?
И можеби најважниот аргумент...
(внимавајте, Исус вели "не по многу денови"

)
И најважното, Исус кажал дека Божјите Пророци завршуваат со Јован Крстителот
"Законот и Пророците беа до Јован. Оттогаш се проповеда Евангелието за Божјото Царство"
(Лука 16:16)
Значи според Христос, Божјиот ланец на пророци завршува со Јован Крстител и после него нема Божји Пророци.
Постои и едно евангелие кое што е познато под името Евангелие на Барнаби кое што црквата го исфрлила во 492 година од н.е. по наредба на Геласиус. Тоа евангелие е конфискувано секаде, но сеуште постои копија во библиотеката на папата Сихтус V. За среќа некој римски свештеник кој се викал Фрамарино успеал да го обелодени. Го прoнашол писмото од Иренеус во кое се спомнува името на евангелието на Барнаби. Неговата радозналост го натерала да го побара тоа евангелие. Откако се спријателил со папата Сихтус V, ја добил копијата од евангелието и од него дознал дека ќе дојде време кога ќе се тврди дека Исус е Аллахов син и дека тоа уверение ќе постои се додека не се појави Мухаммед , Аллаховиот Пратеник кој ќе ја разјасни заблудата.
Апокрифното (лажно, фалсификувано) "Евангелие по Барнаба" e потврден фалсификат кој поттекнува од 15-16 век и е напишано од муслиман, независно што тој злонамерен писател го потпишал како да е напишано од Барнаба.
Иринеј (оној што ти си го напишал како "Иринеус" - доказ дека не го ни познаваш, туку само си го препишал од некој англиски текст - Irenaeus) никаде не спомнува некакво "евангелие по Барнаба". Намерно или ненамерно во горниот текст муслиманите направиле
УТКА со "
Посланието на Барнаба" поистоветувајќи го со муслиманското "евангелие по Барнаба" кое се јавува дури во 15-16 век. Иринеј и сите останати го спомнуваат документот "Посланието на Барнаба", а не "евангелието на Барнаба". Посланието по Барнаба е сосема друг историски документ. Во тоа послание јасно е опишана божественоста на Исус
и јасно е кажано дека Исус бил распнат и воскреснал
Еве ви го и он-лајн посланието на Барнаба:
http://www.answering-islam.org/Barnabas/epistleb.html
Меѓу другото таму можете да го прочитате и следново:
"The prophets, having obtained grace from Him, prophesied concerning Him. And He (since it behoved Him to appear in flesh), that He might abolish
death, and reveal the
resurrection from the dead, endured [what and as He did], in order that He might fulfill the promise made unto the fathers".
Значи покрај тоа што овде се вели дека Исус умрел и воскреснал од мртвите, се вели и дека за ова пророкувале пророците пред Него, а тоа се токму оние пророштва што јас цело време ви ги трубам на темата "Библиски пророштва".
Во Евангелието по Барнаби (220:4) пишува: „ И таа лага ќе трае се додека не дојде Мухаммед, Божјиот пратеник, кој кога ќе дојде ќе им ја открие измамата на оние кои веруваат во Божјиот закон.“ Фрамарино преминал во ислам и почнал со печатењето на ова евангелие, што предизвикало спротиставување од страна на црквата. Пратениковото име ( нека мирот и спасот се на него) јасно е спомнато во списите на евреите и христијаните.
Па нормално дека ќе го пишува тоа, кога авторот на тоа "евангелие" е муслиман.
Исламските научници го користеле овој факт во расправиите со свештениците и учените евреи. Во книгата на Исаија пишува : „ Ќе ти дадам име Мухаммед . О Мухаммеде, кој си свет за својот Господар! Твоето име секогаш било таму.“ (Овој цитат е превземен од делото “Ал-Дин ва Ал-Давала“ Али ибн Рабан Ал-Табарија ( кој од христијанство преминал во ислам ) умрел 247 година по хиџра.
Тој цитат е превземен од делото "
Ал-Дин ва Ал-Давала" но не и од книгата на библискиот пророк Исаија 
Впрочем ако тој цитат беше навистина од Исаија, тогаш ти ќе наведеше и од кој стих и од кое поглавје од книгата на Исаија е тоа цитирано. Еве ти он-лајн библија (
www.mkbible.net), повели најди го тој цитат, па ќе го анализираме. Книгата Исаија ми е една од најомилените и најдобро познатите старозаветни библиски книги. Те уверувам дека таму никаков Мухамед не се спомнува.
Во книгата на Исаја исто така пишува : „ Го слушнавме од крајот на земјата, гласот на Мухаммед.“
Шипки варени пишува
Во книгата Хабакук пишува: „ Бог дојде од Таумана, Свети од планината Паран. Мухамедовото величество ги прекри небесата, а земјата е полна со благодарности на него. “ И ова е спомнато во делото “Ал-Дин ва Давала“ Али ибн Рабан Ал-Табарија, како и кај Ибрахим Халил Ахмед, исто така христијански свештеник кој покасно примил ислам и овој стих го спомнал во својата книга која ја напишал во 1409 година по хиџра.
Only in your dreams

(превод: само во твоите соништа)
Во Исаија исто така пишува :„ Она што ќе му го дадам нему, на никој друг нема да му биде дадено. Ахмед ќе ја обнови верата во Аллах. Тој ќе дојде од најдобрата земја; и дивината и нејзините жители ќе се радуваат. Тие ќе ја слават Единственоста на Аллах на секое благородно место и на секоја височина “ . Ова го спомнал Абдуллах Ал Турјуман кој порано се викал Анселм Тормида. Бил шпански свештеник кој преминал во ислам. Умрел 832 година по хиџра.
За кој Исаија овде станува збор? Да не е повторно некој Исламски ткн. "Исаија" како што е горната превара со "Евангелието на Барнаба"

--- надополнето ---
Абе и во светите Индиски книги беше најавен Мухаммед с.а.в.с., ама и тие го пропуштие не го прифатие.
Абе сите слепи ќори пред Мухамед не го виделе и го пропуштиле, само Мухамед и дружината негова го виделе
