Прашања за Христијанството I

Статус
Затворена за нови мислења.

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Rrekov ja, site se isti bespolezni kvazibozestva...izmama, ma toa e izmama!
 
Член од
30 март 2010
Мислења
1.441
Поени од реакции
400
Како ќе ми докажеш дека е измама, со тоа само што ќе речеш дека Бог не постои или го докажа тоа некако виде дека не постои Бог =) ?
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.471
Поени од реакции
81.912
Не гледаш дека правиш грев бе чедо господово ти треба исповедување за да ти се простат гревовите, треба да ги кажеш тајните на Попот.:pop:
Зарем не гледаш дека треба да се продолжи традицијата паганска од богот Хорус исто така кој воскреснал и ги земал гревовите на луѓето? =)
Сличностите со паганските култови, се само во корелација со механиката (законот), врз која Господ го создаде да функционира универзумот, чија најпроста форма ја има кај Хермес Трисмегистос, а која гласи: "Како што е горе, така е и долу." Самата телесна инкарнација на Бог, е исто така во корелација со погоре кажаното.
Паганските култови, исполнетите пророштва од Стариот Завет, кодираните пораки во него.....сето тоа се знаци, патокази наменети за човештвото за доаѓањето на Бог.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
lesno, ama koj se ubedil so tebe i takvite ko tebe.
Inaku e lesno.
Se vika otvori ocite!

P.S. Plus mi kazaa samite.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Зарем не гледаш дека треба да се продолжи традицијата паганска од богот Хорус исто така кој воскреснал и ги земал гревовите на луѓето? =)
Ова не е точно. За "богот" Хорус никаде не е напишано дека умрел, а најмалку па за гревовите на луѓето. Исто така не е кажано ни дека воскреснал. Многу од работите кои што се посочуваат како сличности меѓу Христос и паганските божества не се ништо повеќе од обични измислици кои не постојат во раните списи/традиции кои ги опишуваат овие пагански религии.
 
Член од
30 март 2010
Мислења
1.441
Поени од реакции
400
sunking.36125734.jpg
Гледаме колкаво сонце има зад главата. Хорус=Богот на сонцето.

0.jpg
Дионис пак на крст умрел и воскреснал исто како Исус.
 

radica

never mind
Член од
21 октомври 2007
Мислења
599
Поени од реакции
36
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Гледаме колкаво сонце има зад главата. Хорус=Богот на сонцето.
Исус немал сонце зад главата. Православните икони не се никаков репер за вистината.

Дионис пак на крст умрел и воскреснал исто како Исус.
Не е точно.Таа сликичка што си ја ставила е дел од лажната пропаганда дека Исус е плагијат на паганските божества.
Дионис, според грчката митологија, не бил распнат на крст, туку бил распаран на парчиња, a потоа овие парчиња биле ставени во казан да се варат од страна на постарите богови - Титаните, по нарачка на жената (и сестра воедно) на богот Зевс. Потоа Рахеа, мајката на богот Зевс ги собрала овие парчиња и повторно го составила Дионис.
Како што гледате неговата смрт воопшто не била никаква жртва, а најмалку па во контекст на простување на нечии гревови. Значи воопшто не била слична на Христовата смрт.
Ниту неговото враќање во живот нема врска со Христовото воскреснување.
Грчките фамилии на богови нон стоп војувале меѓу себе, се убивале, биле враќани во живот или повторно раѓани. Ако човек има бојна фантазија од сите овие приказни ќе најде нешто што ќе може на некој поетски или симболичен начин да си го поврзе со Исус. Ако земеме да бараме, сличности ќе најдеме и меѓу Тито и Хитлер, меѓу Сталин и Александар Македонски, или меѓу било кои други две историски личности. Но тоа не значи дека едниот е плагијат на другиот.
 
Член од
8 мај 2010
Мислења
23
Поени од реакции
0
Чорбаџија христијанството е мит, зошто се надоврзува на јудеизмот а јудеизмот е мит. Еве гледај еден член што има објавено во една тема.

Сосем нормално е тоа што јудаизмот носи со себе одрази од постари верувања. Потопот го има во речиси сите митолошки концепции, насекаде низ светот, па и во еврејската.
Сепак, неколку мали исправки - не се вика акадската варијанта на Ное Атрахасис, туку Утнапиштим (кај Сумерите е Зи-У(А)-Судра, кај Хелените Деукалион). Нефилимите пак, според хебрејските митови се деца на паднатите ангели и жените. Не се вонземски суштества, туку нивни деца со човечките припаднички на понежниот пол.

Монотеистичкиот концепт во јудаизмот, кој со времето станал доминантен не е сумерски, туку древноегипетски и е во врска со едонобожечкиот култ на Атон (промовиран од фараонот Ехнатон во 14 век пр.н.е.) кој по кусата доминација бил заборавен а неговите следбеници протерани. Меѓу нив бил и Мозес/Моше/Мојсеј/Муса кој е првата, во врска со јудејската, христијанската односно муслиманската вера потполно потврдена историска личност, воедно верски реформатор, пророк, пратеник и сл. (За Ное, Сим --- Авраам и за остатокот од компанијата, во науката преовладуваат мислењата дека се работи или за митолошки личности или за персонификација на племиња и народи).
Интересна за развојот на јудаизмот е и приказната за судирот во Харан каде што припадниците на култот на богот на месечината го протерале Авраам, чија хенотеистичка вера ( се` уште не монотеистичка), била неприфатлива, што е слично со Мека и Мухамед.
Монотеизмот е прилично стар концепт на верување, постар и од Авраам и Ехнатон, сосем веројатно постар и од првите цивилизации како Сумер, Египет и Акад. Се работи за Големата мајка - матријархална, прилично примитивна и недоречена верзија или облик на монотеистичко верување, во кое божеството (жена - во склад со матријархатот) претставува творец и одржувач на се` што постои и која (според некои антрополози, како Р. Гревс) се јавува во тројство (девица, жена и старица/раѓање, живот и смрт/пролет, есен и зима итн.).
Според некои истражувања, кои не се сигурни, кај некои индоевропски народи постоела и патријархална, машка форма на божество кое е едно и единствено. Со текот, на времето, како резултат на културни влијанија, мешања на племиња, различни толкувања и именувања на едно во суштина исто верување и божество, дошло до потиснување на раниот монотеизам. Ова секако се само претпоставки, кои не се докрај научно потврдени (тоа, со оглед на недостатокот на извор, не
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Radio, приложениот текст воопшто не го гледам како некаков аргумент за тврдењето дека христијанството е мит. Па нормално дека Потопот ќе го има во сите митолошки концепти, затоа што тоа бил сеопшт потоп во кој целата Земја (а не само Израел) била потопена под вода. Тоа што приказната за потопот е присутна во сите култури, приказни, преданија, тоа е доказ дека таа случка навистина се случила. За другите работи не гледам дека има простор и потреба за дискусија.
 

radica

never mind
Член од
21 октомври 2007
Мислења
599
Поени од реакции
36
Исус немал сонце зад главата. Православните икони не се никаков репер за вистината..
Прво само да те потсетам дека ова не е православна икона. Но, како и да е користењето на икони не е идолопоклонство.

1. Матеј 22:20 И им рече: „Чиј е овој лик и натписот?” Му рекоа: „На царот!” Тогаш им рече: „Подајте му го царевото на царот, а Божјото на Бога!”

2. Марко 12:16 А тие Му донесоа. И им рече: „Чиј е овој лик и натпис?” Тие пак рекоа: „На царот.”

3. Лука 20:24 ”Покажете ми денариј! Чиј образ и натпис има?” Тие рекоа: „Ќесарев!”

Самиот материјал од кој е изработена е иконата не претставува ништо. Ликот на неа кој е означен е важен. :)
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Прво само да те потсетам дека ова не е православна икона. Но, како и да е користењето на икони не е идолопоклонство.

1. Матеј 22:20 И им рече: „Чиј е овој лик и натписот?” Му рекоа: „На царот!” Тогаш им рече: „Подајте му го царевото на царот, а Божјото на Бога!”

2. Марко 12:16 А тие Му донесоа. И им рече: „Чиј е овој лик и натпис?” Тие пак рекоа: „На царот.”

3. Лука 20:24 ”Покажете ми денариј! Чиј образ и натпис има?” Тие рекоа: „Ќесарев!”
Сакаш да кажеш дека Исус тука рекол да му ги даваме Царевите ликови на Царот, а Божјите ликови на Бога? Демек околу ликовите било дискусија тука а? :)
Не би трошел време на објаснување, паметна си, прочитај го контекстот и се ќе ти стане јасно. Тука нема ни "и" од икона. Пораката е многу јасна. Тука Исус не им порачува на луѓето да прават Божји икони и да му ги даваат на Бога. Туку им вели да си ги исполнуваат своите даночни обврски кон власта, но и своите Божји обврски кон Бога. Очигледно овие луѓе воопшто не мареле за својот духовен т.е. побожен живот, па затоа Исус им посочил на тоа.


Самиот материјал од кој е изработена е иконата не претставува ништо. Ликот на неа кој е означен е важен. :)
А зошто не бил важен за Исус и апостолите и за раната црква? Зошто Исус и апостолите немале икони од старозаветните светци како што биле св. Мојсеј, св. Авраам, св. Ное, св. Јаков, св. Исак, св. Јосиф, св. Исаија, св. Илија, св. Еремија итн? Зошто не си направиле икона од св. Јован Крстителот за кого Исус рече дека е најголемиот меѓу луѓето?
Очигледно на некои со векови подоцна им текнало дека е "важно" да се прават ликови, а Исус и апостолите не се досетиле за оваа важност :)
 
Член од
8 мај 2010
Мислења
23
Поени од реакции
0
Чорбаџија за другото зошто го прескокна а не го цитира? Мојсеј исто е плагијат ај прочитај
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Чорбаџија за другото зошто го прескокна а не го цитира? Мојсеј исто е плагијат ај прочитај
"Ќе им издигнам Пророк од среде нивните браќа, каков што си ти."
(Господ во Второзаконие 18:18, Библијата)

Значи Бог во стариот завет, 15 века пред Христос, најавил дека ќе издигне Пророк што ќе биде КАКО Мојсеј т.е. ќе има многу сличности како Мојсеј и драго ми е ако си забележил некои од тие сличности.
Исус не е плагијат на Мојсеј, туку Мојсеј е слика на Исус во пророчка смисла.
Исус е легитимна историска личност и никој, дури ни неверниците, ниту пак непријателите Негови во тоа време не ја оспорувале Неговата историчност.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom