Чорбаџија христијанството е мит, зошто се надоврзува на јудеизмот а јудеизмот е мит. Еве гледај еден член што има објавено во една тема.
Сосем нормално е тоа што јудаизмот носи со себе одрази од постари верувања. Потопот го има во речиси сите митолошки концепции, насекаде низ светот, па и во еврејската.
Сепак, неколку мали исправки - не се вика акадската варијанта на Ное Атрахасис, туку Утнапиштим (кај Сумерите е Зи-У(А)-Судра, кај Хелените Деукалион). Нефилимите пак, според хебрејските митови се деца на паднатите ангели и жените. Не се вонземски суштества, туку нивни деца со човечките припаднички на понежниот пол.
Монотеистичкиот концепт во јудаизмот, кој со времето станал доминантен не е сумерски, туку древноегипетски и е во врска со едонобожечкиот култ на Атон (промовиран од фараонот Ехнатон во 14 век пр.н.е.) кој по кусата доминација бил заборавен а неговите следбеници протерани. Меѓу нив бил и Мозес/Моше/Мојсеј/Муса кој е првата, во врска со јудејската, христијанската односно муслиманската вера потполно потврдена историска личност, воедно верски реформатор, пророк, пратеник и сл. (За Ное, Сим --- Авраам и за остатокот од компанијата, во науката преовладуваат мислењата дека се работи или за митолошки личности или за персонификација на племиња и народи).
Интересна за развојот на јудаизмот е и приказната за судирот во Харан каде што припадниците на култот на богот на месечината го протерале Авраам, чија хенотеистичка вера ( се` уште не монотеистичка), била неприфатлива, што е слично со Мека и Мухамед.
Монотеизмот е прилично стар концепт на верување, постар и од Авраам и Ехнатон, сосем веројатно постар и од првите цивилизации како Сумер, Египет и Акад. Се работи за Големата мајка - матријархална, прилично примитивна и недоречена верзија или облик на монотеистичко верување, во кое божеството (жена - во склад со матријархатот) претставува творец и одржувач на се` што постои и која (според некои антрополози, како Р. Гревс) се јавува во тројство (девица, жена и старица/раѓање, живот и смрт/пролет, есен и зима итн.).
Според некои истражувања, кои не се сигурни, кај некои индоевропски народи постоела и патријархална, машка форма на божество кое е едно и единствено. Со текот, на времето, како резултат на културни влијанија, мешања на племиња, различни толкувања и именувања на едно во суштина исто верување и божество, дошло до потиснување на раниот монотеизам. Ова секако се само претпоставки, кои не се докрај научно потврдени (тоа, со оглед на недостатокот на извор, не