Прашања за Христијанството I

Статус
Затворена за нови мислења.

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Тоа што библиските писатели велат дека Го виделе Бога на одреден начин, тоа ни случајно не значи дека Бог има лице и дека тоа лице е токму лицето Божјо: Бог е дух, а не материјално битие или човек па да има видливо лице. На пр: кога Авраам се сретна со Бога, Аврааам навистина Го виде Бога, но не во лице, туку преку тројцата патници-ангели. Која Јаков Израилот се бореше со Бога, тоа не значи дека Јаков „ратувал„ лично со Бога, туку со ангел Божји. Кога Св. Ап. Јован вели дека „...Бога никој не Го видел...„, Апостолот кажува вистина: Бога навистина никој не Го видел, т.е. Бога Отецот никој не Го видел (Освен Синот Единороден и Духот Свет, нормално...).
И го создаде Бог човекот
според образот Свој, според
образот Божји ги создаде,
машко и женско ги создаде
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Дај, жив ти све, конечно, елаборирај го поимот „слепа вера„ па да видиме каде е и чие е слепилото!
Неќум...после да треба да се самоотепаш бидејќи превезот од очите тие оттргнат, јок, живеј во заблуда!
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.766
Поени од реакции
82.751
И го создаде Бог човекот
според образот Свој, според
образот Божји ги создаде,
машко и женско ги создаде
Ова значи дека Господ има некакво лице?

Никој овој извадок не го толкува буквално.



Ќе видите вие после Нова Година, кога ќе се вратам како Betty или можеби Evil Betty... лом ќе ве напраам.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Ова значи дека Господ има некакво лице?

Никој овој извадок не го толкува буквално.
A кој е па човек што смее и знае да толкува зборови божји па да вели “ова е буквално ова не е, ова значи вака ова онака“
 
Г

Господ

Гостин
Библијата по дифолт се толкува на принцип "како милувате" тоест кој каку му прдне:toe:
Така да не сум изненаден од ниедно тврдење:smir:
А ако се водиме дека Бог не содал според својот лик ондак реков и порано првиот највеќе личи на него значи Бог е машко:toe:
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.766
Поени од реакции
82.751
A кој е па човек што смее и знае да толкува зборови божји па да вели “ова е буквално ова не е, ова значи вака ова онака“
Стиховите што ги наведе* не се божји зборови и ја сум тој што можам да кажам “ова е буквално ова не е, ова значи вака ова онака“.

И еве кажувам: Oва е буквално ова не е, ова значи вака ова онака.

*-"И го создаде Бог човекот
според образот Свој, според
образот Божји ги создаде,
машко и женско ги создаде"


иначе закаснив 4 минути за пријавуење. да не закаснев сеа ќе бев Betty или Evil Betty
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
reemteY, кога твоето толкување на наведените Библиски цитати би било точно, тогаш меѓу Бога-Творецот и меѓу човекот-творението, не би постоеле никакви разлики. Така, би испаднало дека Бог е човек и дека човекот е Бог, па така, би испаднало дека човекот го создал човекот или човекот го создал Бога или дека Бог го создал човекот и какви ли се можни комбинаторики, од кои се мати човековиот ум...

Тоа што пророците ги опишуваат Божјите особини како човечки, тоа е последица од ограниченоста човекова и ограниченоста од изразно-опишувачките особоини од човековиот јазик-пошто Бог не е човек, и пошто Бог е неограничен по ниедна своја особина, нема друг начин за опишување на некоја Божја особина или Божјо однесување со користење човеков јазик-говор, а да не се
наведе човекова особина, како најблизок и најприфатлив начин за опишување на некоја Божја особина.

Бог нема потреба од одмор, нема потреба од храна и пиење, нема потреба од гневење и сл.



Пошто Бог е дух а не човек, не знам со кој прст би требало Бог да „мрдне„.

За тоа дека Бог е сеуште активен, постои цела книга, именувана како „Чудата Божји во 20-от век„, па ако те „занима„, повели и троа прочитај, за да увидиш дека Бог навистина непрекидно промислува за секој настан и за секое битие во Вселената.
Иако се сложувам, од друга страна сметам дека непотребно правиш недостижен идол од него. Бог е Јас. Не само мое. Јас сум само едно битие низ кое тој се проектира. Ко провајдер. :) Така да, не постои Бог издвоен од мене и моето Јас. А за одликите, сега имаме и духовна и животинска природа.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.766
Поени од реакции
82.751
А чии зборови се, кој ги напишал и кога?
Дали писателот бил под дејство на супстанции кои влијаат на свеста? Како се викала мајка му и кој број сандали носел?


Везе неам, али Бог коа се обраќа у Библијата (на повеќе места), тоа го прави во прво лице еднина, што не е случај со цитираните стихови.
Всушност поентата ти е дека стиховите се божји зборови, кои треба да се толкуваат буквално и заради тоа Господ имал лице (исто како и сите ние). Поназад не отидов, за да видам што е поентата на тврдењето дека Господ имал лице човечко...

Но, Чекај малку.
Доколку твојата позиција е атеистичка: религијата е инструмент за подјармување, луѓето се кожни вреќи со коски, Библијата е само целулоза и олово, а мислите, свеста и чувствата се само физички и хемиски реакции во материите од кои е составен мозокот, тогаш какви божји зборови, какви бакрачи, за што дискутираш ти и другите атеисти?
Ако сте атеисти по уверување, или само скептици, тогаш богами на подфорумов религија го правите истото што и Дон Кихот, се борите против замислени непријатели.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Доколку твојата позиција е атеистичка: религијата е инструмент за подјармување, луѓето се кожни вреќи со коски, Библијата е само целулоза и олово, а мислите, свеста и чувствата се само физички и хемиски реакции во материите од кои е составен мозокот, тогаш какви божји зборови, какви бакрачи, за што дискутираш ти и другите атеисти?
Ако сте атеисти по уверување, или само скептици, тогаш богами на подфорумов религија го правите истото што и Дон Кихот, се борите против замислени непријатели.
Шом некој “верник“ почне да вади докази дека бог постои и дека кога го рекол тоа милслел на она а е запишано ова.. значи и него подсвесно, длабоко во душата го јаде црвот на сомнеж дека бог навистина постои, и дека на крај го чека само темнина и заборав а не вечен живот со ангели труби и златни улици во рајот

Верата подразбира верување, без оглед колку тоа во што веруваш е неверојатно, бессмислено, контрадикторно, недокажливо, нејасно....
Штом видам некој “верник“ како ваѓа докази дека навистина построел или рекол ова или она или дури што бог мислел кога нештото го рекол одма кај мене предизвикува чувство на сожалување.
 

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
Е ти сега ќе кажеш кој и колкав верник е. Верата се развива во тек на целиот живот. Нормално е кога си помлад нешто да не ти е јасно па дури и на момент да се посомневаш. Самиот факт дека Исус постоел и дека страдал за неговото учење, кое со ништо не навредува никого туку само го возигнува човечкиот дух, е доволно за сите да го слават неговиот лик и дело. Најтрагично од све е што денес а посебно во минатото луѓето од свашта правеле идол но најлош идол е егоцентричноста и самозљубеноста односно неспособноста да се препознае вистинската величина.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Самиот факт дека Исус постоел и дека страдал за неговото учење, кое со ништо не навредува никого туку само го возигнува човечкиот дух, е доволно за сите да го слават неговиот лик и дело.
Исус страдал оти бил крал на Израел, а тогаш Израел беше под римска окупација. Него Римјаните не го осудија ниту го камшикуваа а ниту го убија заради неговите учења или зборови туку затоа што бил крал на Евреите.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
323
Поени од реакции
7
Исус страдал оти бил крал на Израел, а тогаш Израел беше под римска окупација. Него Римјаните не го осудија ниту го камшикуваа а ниту го убија заради неговите учења или зборови туку затоа што бил крал на Евреите.
Римјаните го убија Исуса на инсистирање и под силен притисок на високото еврејско свештенство, познато под името фарисеи, поради нивната омраза кон Него кога Он велел дека е Христос, Син Божји, Цар на Вселената.
Ете затоа го осудија и го убија Исуса Римјаните, а не дека бил крал на Израел, ни пак дека барал некакво земно кралство.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
каков тоа притисок можело да направи високото еврејско свештенство кај римјаните за да овие зберат војска и се закренат да им тераат ќејф наоколу? и зошто го распнале, кога не се бунтувал против нив?
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Римјаните го убија Исуса на инсистирање и под силен притисок на високото еврејско свештенство, познато под името фарисеи, поради нивната омраза кон Него кога Он велел дека е Христос, Син Божји, Цар на Вселената.
Ете затоа го осудија и го убија Исуса Римјаните, а не дека бил крал на Израел, ни пак дека барал некакво земно кралство.
Каков бре притисок, Рим и римјаните беа господари на Израел, распнуваа на секој чекор, убиваа и казнуваа, на римјаните им се плаќаше данок, римски симболи се вееа низ цел Израел, римски војски и легии господареа над Јудеја....
Постоеа повеќе начини на казнување , каменување (кое можеа да го направат и самите Евреи без да го прашаат рим во верски спорови) отсекување на глава со меч (римскка казна за убијци, криминалци) и распнување на крст за најтешките злосторства против Римската држава, за велепредавство, бунтовништво и неприателство кон Рим. На самиот крст напишаа Римјаните зошто го казнуваат, напишаа Исус Христ цар јудејски. Не за проповеди не за вера. За неприателство кон Рим со казна распнување, предвидена за неприателите на Рим.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom