Прашања за Христијанството I

Статус
Затворена за нови мислења.

проф.

Величието е едноставно..
Член од
12 април 2009
Мислења
387
Поени од реакции
9
Да се обидам

Господ има план за се што постои во Вселената, па така и за планетата Земја и колку тоа да ни звучи чудно или свирепо е по некој план за спасение кој нам не ни е даден да го знаеме или не го разбираме.

Во контекст на ова
Оди некој човек на гатачка и таа му вели ке убиеш милиони недолжни луѓе.
Овој разочаран од себе си оди кон дома и се уште не му е јасно како тој да е злосторник кога ни на мравка не згазнува???
Така одејки гледа како се дави едно дете и си вели: барем ова дете да го спасам!
Скокнува во водата , го спасува детето, детето се созема и човекот му вели: Како се викаш малечок?
- Адолф, Адолф Хитлер! се викам

Значи ние не сме толку мудри за да ги знаеме Божјите промисли и Неговите патишта
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Оди некој човек на гатачка и таа му вели ке убиеш милиони недолжни луѓе.
Овој разочаран од себе си оди кон дома и се уште не му е јасно како тој да е злосторник кога ни на мравка не згазнува???
Така одејки гледа како се дави едно дете и си вели: барем ова дете да го спасам!
Скокнува во водата , го спасува детето, детето се созема и човекот му вели: Како се викаш малечок?
- Адолф, Адолф Хитлер! се викам
Затоа треба ко ќе видиш некој како сака да скокне од балкун да го поттурнеш , ако се дави да го маваш со камења да не оставиш да излезе од водата, ако сака да се обеси да му помогнеш да се качи на дрво или да му врзеш јамка....
Да му помогнеш на дедо боже во неговвите планови.

da te napadne nekoj ti nema da se branis???
Ако си верник ќе седиш и ќе му се молиш на дедо боже да те одбрани со светиот меч или да му прати ангел на смртта да го утепа душманино.Значи по тоа познаваш вистински верник. А крени рака да се брани или да врати удар - знај дека тој го обожава сатаната и пеколот и е еретик полош и од протестантите.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Мухамед водел борба против душманите,против луѓето што му мислеле лошо,а и колку што знам тој лично не убивал...:toe:
Мислиш дека душманите против кои водел борба Мухамед биле сушто демонско зло без никаква чесна мисла во умот? Мислиш дека постои човек кој е чисто зло? Мислиш дека постои праведна војна?!?! Или праведно убиство? Или богоугодно мачење?!?

Абе јасно си пишува по спорниве религии: НЕ УБИВАЈ! Здраво.

Нема никакво оправдување за одземен живот!!! Нема услови, нема околности, нема ситуации или оправдувања.

НЕ УБИВАЈ! Не знам што некој може воопшто да збори околу ова!?!?

Инаку, дали ти ќе му го кркнеш анџарот или „само“ ќе наредиш да го направат тоа - нема многу врска, нели?
 
проф.

Величието е едноставно..
Член од
12 април 2009
Мислења
387
Поени од реакции
9
Затоа треба ко ќе видиш некој како сака да скокне од балкун да го поттурнеш , ако се дави да го маваш со камења да не оставиш да излезе од водата, ако сака да се обеси да му помогнеш да се качи на дрво или да му врзеш јамка....
Да му помогнеш на дедо боже во неговвите планови.

Па добро не баш до толку , но најдобро е да не се мешаме во туѓите работи кои и нг ги разбираме (можеби)
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Господ има план за се што постои во Вселената, па така и за планетата Земја и колку тоа да ни звучи чудно или свирепо е по некој план за спасение кој нам не ни е даден да го знаеме или не го разбираме.
-
-
-
Значи ние не сме толку мудри за да ги знаеме Божјите промисли и Неговите патишта
1. Господ нема план. Да имаше план, немаше луѓето да му се молат за да им исполни желби и потреби, пошто он, нели, нема да го смени планот само за да им излезе во пресрет. Ако го смени планот - значи дека нешто непредвидливо се случило. За господ, ако е таков ко што викате, би било малку чудно да направи грешка, нели, па да го мења планот после. Затоа, или се луѓето не-многу-бистри кога се молат за нешто што нема никакви шанси да го добијат, или е господ лош планер, па патем мора да го менува сеопфатниот божествен план.

2. Ние сме мудри. Барем некои од нас се. Другите луѓе се сметаат себеси за недоволно мудри (да не отидам предалеку па да кажам глупави) пошто мора да се справат со приказнава за господ - приказна која на многу нивои нема смисол - па така, најлесната варијанта е да престанат да користат логика и разум и да кажат: „Значи ние не сме толку мудри за да ги знаеме Божјите промисли и Неговите патишта“. Не значи тоа. Значи само дека се предале и покориле на наметнат авторитет кого (а) воопшто не го познаваат (пошто немаат никакви информации за него) (б) воопшто не го разбираат (пошто он по чудни патишта одел).

Аха... и што е овој муабет за спасение?!?! Какво спасение!? Од што спасение?! Има ли некој на форумов што може да каже точно што е тоа од што ни треба спасение?!?! Кој тука се дави?!
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131

Сите се давиме..ама не во вода...туку во грев...кој води до распадливост и вечна смрт...кој не држи подалеку од Бога
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Сите се давиме..ама не во вода...туку во грев...кој води до распадливост и вечна смрт...кој не држи подалеку од Бога
Не, бе, Маркус, ја не се давам во грев. И имам еден потесен круг на пријатели за кои гарантирам дека не се дават во грев!

Ова „грев“ е многу фина измишљотина, не? Сите сме „одговорни“ за гревот на „расипаната“ жена од пред 6000 години. И нема везе што живееш искрен, чесен и доблесен живот - пак си грешен!

Не ви смета ова малку како концепт? Не наоѓате можност за подвала тука? Од некоја институција, на пример, што искористува, манипулира и цица чесен народ плашејќи го со нешто непроверливо?

Не мислите дека после 6000 години отворено мачење на својата најсовршена креација на господ му е преку такво од испаштање за тоа е*ано јаболко (или што плод и да е више)?

Не е малку чудно тоа што толку не' сака и толку не' мачи?

Еден живот имаме како себе самите (ова само претпоставувам) и ние треба да поверуваме дека све ова е тест за задгробен живот за кој освен „све ќе биде добро“ никој ништо друго не знае?!?

Мене ми смрди на превара од километар. Не знам од каде толку слепа верба кај некои луѓе без воопшто сомнеж да го поминат животот убедени дека се грешни без нешто конкретно да згрешиле.
 
проф.

Величието е едноставно..
Член од
12 април 2009
Мислења
387
Поени од реакции
9
1. Господ нема план. Да имаше план, немаше луѓето да му се молат за да им исполни желби и потреби, пошто он, нели, нема да го смени планот само за да им излезе во пресрет. Ако го смени планот - значи дека нешто непредвидливо се случило. За господ, ако е таков ко што викате, би било малку чудно да направи грешка, нели, па да го мења планот после. Затоа, или се луѓето не-многу-бистри кога се молат за нешто што нема никакви шанси да го добијат, или е господ лош планер, па патем мора да го менува сеопфатниот божествен план.

2. Ние сме мудри. Барем некои од нас се. Другите луѓе се сметаат себеси за недоволно мудри (да не отидам предалеку па да кажам глупави) пошто мора да се справат со приказнава за господ - приказна која на многу нивои нема смисол - па така, најлесната варијанта е да престанат да користат логика и разум и да кажат: „Значи ние не сме толку мудри за да ги знаеме Божјите промисли и Неговите патишта“. Не значи тоа. Значи само дека се предале и покориле на наметнат авторитет кого (а) воопшто не го познаваат (пошто немаат никакви информации за него) (б) воопшто не го разбираат (пошто он по чудни патишта одел).

Аха... и што е овој муабет за спасение?!?! Какво спасение!? Од што спасение?! Има ли некој на форумов што може да каже точно што е тоа од што ни треба спасение?!?! Кој тука се дави?!

МУДРИ - не во однос на нивниот IQ , но мудри за да можат да знаат што би се случили, да ја знаат секоја последица од секоја постапка (зборувам за многу подлабока последица) за таква мудрост мислев.

НИКОЈ не верува во Бога (зборувам за верниците) од страв или поради авторитативност. Во Бога веруваш поради љубов и поради ништо повеќе.

Дали Бог ги исполнува молитвите , зависи од желбата - не секоја желба е и оправдана(верувам повеќето се)
Но како се вели кога молиме или бараме треба да имаме и верба, правиме грешка кога се молиме формално.

Пријателе НА СИТЕ НИ ТРЕБА СПАСЕНИЕ ако не од нешто друго тогаш сигурно од нас самите
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Остај ја Ева на страна..заедно со плашилата на католичката црква..
Мислиш ли дека луѓето се безгрешни..еве почни од тебе...сметаш ли дека си толку безгрешен што сите тие христијани кои умреле "бранејќи" го она во што верувале и овие денешниве залоени во удобниот живот се под дејство на халуцинации..

Знаеш да бевме безгрешни светот оддамна ќе ја изгубеше потребата од Господ..и колку луѓе се повеќе се претвараа во безгрешници светот ќе изгледаше се посовршен..ама ја како што гледам лошо ви оди...
 
проф.

Величието е едноставно..
Член од
12 април 2009
Мислења
387
Поени од реакции
9
Не, бе, Маркус, ја не се давам во грев. И имам еден потесен круг на пријатели за кои гарантирам дека не се дават во грев!

Ова „грев“ е многу фина измишљотина, не? Сите сме „одговорни“ за гревот на „расипаната“ жена од пред 6000 години. И нема везе што живееш искрен, чесен и доблесен живот - пак си грешен!

Не ви смета ова малку како концепт? Не наоѓате можност за подвала тука? Од некоја институција, на пример, што искористува, манипулира и цица чесен народ плашејќи го со нешто непроверливо?

Не мислите дека после 6000 години отворено мачење на својата најсовршена креација на господ му е преку такво од испаштање за тоа е*ано јаболко (или што плод и да е више)?

Не е малку чудно тоа што толку не' сака и толку не' мачи?

Еден живот имаме како себе самите (ова само претпоставувам) и ние треба да поверуваме дека све ова е тест за задгробен живот за кој освен „све ќе биде добро“ никој ништо друго не знае?!?

Мене ми смрди на превара од километар. Не знам од каде толку слепа верба кај некои луѓе без воопшто сомнеж да го поминат животот убедени дека се грешни без нешто конкретно да згрешиле.

Ако внимателно го прочиташ Светото Писмо ќе видиш дека грев е и посакување на нешто што не е твое!
Ајде да сме искрени - дали некој од нас не посакал (барем во мислите) нешто што не му припаѓа
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Дали Бог ги исполнува молитвите , зависи од желбата - не секоја желба е и оправдана(верувам повеќето се)
Но како се вели кога молиме или бараме треба да имаме и верба, правиме грешка кога се молиме формално.

Пријателе НА СИТЕ НИ ТРЕБА СПАСЕНИЕ ако не од нешто друго тогаш сигурно од нас самите
1. Добро, како да не е прочитан аргументот погоре... Ако има план - нема исполнување ад-хок желби, разбираш? Нонсенс е! Спротивно е на самото себе! Нема резон, логика, а ни божја мудрост!

2. Мене, од себе, не ми е потребно спасение! Мене ми е ОК со себе. не викам дека нема луѓе кои сакаат да си излеза од кожа, ама познавам многу на кои им е ОК и не сакаат никој да ги спасува од ништо.

Тажно е да го утепа чоек животот барајќи спас од животот, наместо барајќи среќа! Уби се - ќе се спасиш, ако ти е шит (не мислам ти конкретно, нели)

лол......зошто да не.....кога се вративме од социјализам во феудално...
Абе ние никогаш не сме ни биле у социјализам. Тоа феудалните газди не лажеа дека е социјализам, а ние, како покорни закрепостени селани им климавме со глава, плашејќи се од авторитетите недопирливи. Тогаш беше феудализам - и сега е феудализам. Имаме бар уште 15-20 години транзиција за да дојдеме до капитализам. За социјализам ќе се изначекаме. Треба сите што сме сега живи у МК урагански да се утепаме за да може од феудализмов да искочиме.
 
Член од
6 јули 2008
Мислења
458
Поени од реакции
10
Гледав клип на јутуб па да прашам.:smir:

Господ не создал сите (луѓе ,животни ,растенија итн.) така ? ....така.

Ако господ не создал сите одделено како раси како организми тогаш логично е да немаме никакви допирни точки кога доаѓа во збор генетиката така ?....така

Докажано е дека луѓето имаат некој исти днк низи со животните што го поддржува ставот дека сите сме настанати по пат на еволуција ,и дека сите организми на оваа планета имаат заеднички предок и го уништува ставот дека господ не создал.

[сарказам]т.е. може одкога не создал господ ние сме се размножиле со животни и растенија и затоа имаме исти днк низи ....или сме ги придобиле днк низите од господ засто тој не создал..... [/сарказам]

Do i win ??
 
проф.

Величието е едноставно..
Член од
12 април 2009
Мислења
387
Поени од реакции
9
1. Добро, како да не е прочитан аргументот погоре... Ако има план - нема исполнување ад-хок желби, разбираш? Нонсенс е! Спротивно е на самото себе! Нема резон, логика, а ни божја мудрост!

2. Мене, од себе, не ми е потребно спасение! Мене ми е ОК со себе. не викам дека нема луѓе кои сакаат да си излеза од кожа, ама познавам многу на кои им е ОК и не сакаат никој да ги спасува од ништо.

Тажно е да го утепа чоек животот барајќи спас од животот, наместо барајќи среќа! Уби се - ќе се спасиш, ако ти е шит (не мислам ти конкретно, нели)

1. болдираното ти е ок! но до прашалникот - Токму така Тој знае и пред да ни притреба тоа на нам.

2. Апсолутно верувам дека на многу луѓе не им треба спасение и им е добро, веруваат дека живеат правилен живот (верувам кај тебе е така) но постојат универзални категории па можеме да разликуваме и да разделиме што е добро а што лошо. Но дали не им треба спасение на дилерите на дрога на конзументите на истата е и тие не сакаат никој да ги спасува.....
Но добро зборот беше колку сме грешни,а сите сме по малку (зборувам од строга библиска перспектива)

3. Самоубиството е грев кој не може да се прости. Зошто? - Па нема време кога грешникот може да се покае

4. Вистинските верници верувам се среќни.:smir::smir::smir::smir:
 
Член од
6 јули 2008
Мислења
458
Поени од реакции
10
Убаци и атеисти ,веруваат дека не постои бог = верници.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom