„...Во почеокот Бог ги создаде небото и земјата...„ (Битие, 1.1).
Од стихот, јасно е дека Бог е Творец на целата Вселена, на духовниот и материјалниот Свет.
„...и Бог рече: „Нека израсне од земјата зеленеило-трева, што дава семе, плодоносни дрвја кои во себе имаат семе според својот род и вид...„ (Битие, 1.11).
„...Потоа рече Бог: Водата нека се исполни со живи суштества, а низ небескиот свод над земјата нека полетаат птици..„ (Битие, 1.20)
„...Пак рече Бог:„Нека изведе земјата од себе разни суштества спред родот нивни: добиток, лазачи и ѕверови земни според нивниот род...„ (Битие, 1.24).
„...Потоа Бог рече: „ Да создадеме човек според Нашиот образ и според Нашето подобие како што сме Ние, кој ќе биде господар на морските риби, над небеските птици, над ѕверовите и над добитокот-над целата земја и над сите гадинки што лазат по земјата...„ (Битие, 1.26).
Од стиховите, јасно е дека Бог ги створи и растенијата и животните, и конечно, човекот, и сите нив на Земјава а не некое друго место во Вселената. Јасно е и тоа дека Бог се именува/заменува со терминот „ние„ а не со терминот „јас„-значи, има повеќе Божји ликови.
„...Откако ги крена очите свои, виде Тројца мажи как стојат спроти него. Откако ги виде, им притрча вои пресрет пред вратат на шаторот свој, и им се поклони...„(Битие, 18.2).
Од стихот е јасно дека Авраам, старозаевтниот патријарх, се сретнал со Тројца патници, т.е. со Бога, во Три Лика.
„...И им рече: „ Господи, ако сум нашол милост пред Тебе, немој да го одминеш слугата свој...„(Битие, 18.1).
Од стихот е очигледно дека Аврааам им се обраќа на Тројцата (Света Триоца) со заменска форма во еднина: „тебе„, а не со „вие„.