Прашања за Христијанството I

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
15 февруари 2009
Мислења
6
Поени од реакции
1
Slava e srpski zbor koj kaj nas se imenuva kako den na kukata,a imendenite se vovedeni vo vreme na turskoto ropstvo,za da mozat nasite predci-komiti,vojvodi i za zal spioni da mozat da se srekavaat.Bog da gi bie spionite.Da zivee Makedonija
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.164
Поени од реакции
83.969
Еднаш ми велиш "не можеме а да не ги приметиме сигналите (а тие се и многу повеќе од тоа)
кои укажуваат на Неговата божественост" а потоа "Не можам да ти го презентирам кабалистичкото гледање на Исус"
Нема контрадикторност во двата мои цитати. Околу ова сметам дека настанало недоразбирање. Ти побара од мене нешто што не постои (колку што знам) и што јас не ни го спомнав. Затоа ти реков дека не можам да ти го презентирам. Тоа што сум рекол дека постојат нешта кои укажуваат на Неговата божественост, не значи дека тоа е кабалистичко гледање на Исус. Затоа ти реков дека такво нешто, не можам да ти презентирам. Нештата кои кои укажуваат на Неговата божественост, се првенствено нешта кои индиректно укажуваат на Неговата божественост, а се однесуваат на Светото Тројство чиј што интегрален дел е Синот Божји. Но има и нешта кои директно се поврзуваат за Него, поточно за неговото име.

Недоразбирањето најверојатно настанало при предпоследниот мој пост:
Дури и доколку гледаме од еден поинаков духовен аспект*(а не од аспектот на официјалното Христијанство), не можеме а да не ги приметиме сигналите (а тие се и многу повеќе од тоа) кои укажуваат на Неговата божественост.
Болдираното не се однесува на насочено гледање кон проблематиката Син Божји. Тука мислам на глобално гледање на нештатата. Еден целосен светоглед. Карактеристичен животен став. Значи не станува збор за кабалистичко гледање на Исус, како што кажа ти.
Кабалистичко гледање на Исус како дисциплина не постои (или можеби јас не сум сретнал). Оттука и не можам да го презентирам (можеби и не знам, можеби има). Ако наредниов муабет некој го нарече Кабалистичко гледање на Исус, ОК.
Во секој случај ова е повеќе граматичко недоразбирање.

Се чини дека со Кабалава згазна на трула штица...
Како што е горе така е и долу.
Е околу горниов и долниов цитат, дури нема ни недоразбирање. Се сложувам со тебе.
Тоа што реков дека можат да се најдат нешта во кабализмот кои укажуваат на Синот Божји, во никој случај не е тврдење (од моја страна) дека сум врвен или било каков еминентен познавач. Но дури и како таков (неврвен, нееминентен) сепак можам на овој форум да изнесам некое мислење (секако доколку не ги прекршувам форумските правила, но и за тоа има надлежни). И кога некој смета дека не е така како што пишувам, нека ми укаже. Стварно, овој цитат долу одговара на вистината: моите познавања на оваа материја ни оддалеку не се задоволителни.
Се гледа дека немаш познавање од Кабала можеби нешто површно но површното познавање е полошо од незнаење така да ќе сметам дека за тебе Кабалата е непознаница.
Добро е што така сметаш, па доколку ти се укаже шанса се надевам, ќе поделиш нешто од твоето сугурно многу поголемо знаење. Како што направи, на пример, во понатамошниот дел од твојот пост.

Кабалата е поделена на три дела:
GMTRIA, Гематрија;NVTRIQVN, Нотарикон; и ThMVRH, Темура.
Сигурно е потребно, но времето и просторот верувам не дозволуваат подлабоки навлегувања, во оваа насока (што е Кабала, од што е составена, историјат и генеза...). Но, битно е да се покаже дистикнцијата помеѓу Мистчната (Западната) Кабала и онаа такнаречена класична. Иако првава извлекува есенција/основа од втората, сепак има некои елементи во првата, кои на класичната и се непознати. Нештата за кои зборувам погоре се извлечени од Западната*, но и од класичната. Мене твоите написи ми делуваат исклучиво класично (ако не се лажам). Последниот дел од твојот пост бара да се укаже на разликата помеѓу класичната и западната.
...за Кабалистите Исус е само пророк исто како и Мухамед и Буда.
Ова е став на класичните еврејски кабалисти. Дури не сум ни сигурен дека го сметаат и за пророк.
Кај западните кабалисти има поделба, по ова прашање, бидејќи некои ја знаат вистинската природа на Исус Христос.
Доколку се обраќа внимание на законот: [FONT=&quot]Како што е горе така е и долу[/FONT], не може да се негира отелотворувањето на Господ, заради откуп на нашите гревови. Божјата жртва (грубо кажано) е дел од неговиот план за наше спасување.
Дрвото на Животот не е само обична шема со симболика. Го нарекуваат метод на работа по кој функционираат божјите механизми. Типичен доказ за апсолутноста на погоре болдираното, бидејќи ја претсавува и Божјата Слика во човекот (односно макрокосмосот во микрокосмосот) и тн.. Многу може да се зборува за неговата симболика и значење.
Истото важи (последната реченица) и за Средниот Столб, неговата улога, поставеност, сефиротски состав и значење во однос на другите два. Во врска со тоа вреди да се спомене дека некои системи се качуваат само по овој столб.
На дното е Малкут (единствената сфера на Земјата), “заземјувањето” на Дрвото, кој е поврзан и со другите два столба. Неговата симболика во контекстот во кој зборуваме, може да се вклопи, но ќе го скокнеме (заради штедење време-простор).
За Дрвото на животот не се обидувај да ми објаснуваш бидејќи го знам и од лево и од десно и озгора и оздола со сите кореспонденции и гематриски вредности. .


Во ред. Затоа околу симболиката, значењето на Сефиротите од Средниот Столб, во контекст на Светото Тројство, само ќе ги наредам асоцијациите без додатно објаснување:
Ќе тргнеме од врвот.

> Врховниот сефирот Кетер (Круна)
-почеток
- Вечниот Мудрец
–Највозвишен
- Амин
-Јас сум оној што е
-Кетер се манифестира преку Метатрон

>Тифарет
Магијска претстава:
-Достинствен Крал
-Дете
-Жртвуван Бог
Положба:
-Во центарот на Столбот на Рамнотежа (Средниот)
Имиња (меѓу другите): Крал, Син...
Духовното искуство кај овој сефирот се Визија за хармонијата на нештата и Мистериите на Распетието
Симболи:
Крст со Ружа, Крстот на Распетието...

>Јесод
Во Јециратските текстови се нарекува и Чиста Интелегенција бидејќи ги прочистува еманациите...
Кој од дел од Светото Тројство е познат како прочистувач?
Јесод е сфера на материјата позната како Етер на Мудреците. А Етерот е аналоген на Светиот Дух (не се мисли на физичкиот етер).

Нотарикон потекнува од латинскиот збор нотариус, препишувач. Постојат два облици на Нотарикон, по првиот секоја буква од еден збор се зема како почеток на друг збор така да од еден збор може да се обликува цела реченица. според тоа секоја буква од зборот BRAShITh, Берашит, првиот збор во постанокот земено за почеток на нов збор се добива-BRAShITh RAH ALHIM ShIQBLV IShRAL ThVRH, Берашит Рахи Елохим Шејеквебело Израел Тора, "На почетокот
Елохим виде дека Израел би можел да ја прими Тората (Законот)". Другиот облик на Нотарикон е обратен, почетните букви на зборовите од еден израз или реченица се земаат за да се состави еден или повеќе зборови.
Темурата е пермутација. Према одредени правила една буква се заменува со друга која е пред неа или зад неа во Алеф-Бетот, за ова сликовито да се прикаже ќе требаат и табели со буквите. .
Многумина Атеисти и останати неверници, често се обидуваат да ги толкуваат нештата што не можат да бидат опфатени со човековиот разум додека е во инкарнација, па прашуваат ако е Бог створител на се, тогаш кој го створил него. Пред Бог нема ништо тој е Прв. Библијата всушност не започнува со нешто друго, туку со Господ:
BRAShITh (На почетокот), го има првиот слог BRA: B-B’nei ; R-Ruch; A-‘Ab. А тоа се елементите на Светото Тројство. Создавањето во својот зачеток го има Господ. А поентата ми е дека знаењето за троичната природа на Бог им е наговестено на луѓето уште многу пред неговото отелотворување. А докази за ова има и други.
Значи станува збор за асоцијации/паралели кон Светото Тројство. Некој би го поставил пршањето зошто баш Исус е тој отелотворен Бог, а ако е , дали нема и други?
Не, нема други. Точката од која доаѓа се и кон која се слева се е една. Во една само точка се пресекуваат временската и просторната оска на крстот, во чиј што центар е Божјата инкарнација (воедно и жртва), за откуп на нашите гревови.
Кога сме кај тетраграматонот тој е YHVH што значи буквата Шин ја нема во него.
Да, ја нема. И благодарам на укажувањето, но овој дел од мојот пост:
-Буквата Шин и нејзиното значење во контекст на тетраграматонот.
-не го имплицира тоа дека ја има, така да ниту тука не гледам потреба од демант.
Што се однесува до Јахве:
Го читаат Јахве, го пишуваат YHVH (Yod He Vau He) некаде може да се сретне и како YAHVAH. Широко е познато неговото основно значење, на што нема да се задржувам.
Но, доколку се вметне Шин точно во неговата средина, се добива YHShVH** (Yod He Shin Vau He), што би се прочитало како Јешуа или Исус (на нашки).
[FONT=&quot]Името на нашиот Господ Бог Исус Христос го содржи тетраграматонот во себе. [/FONT]

Од Јахве добивме Исус. Дали Јахве е Исус или Јахве се претвори во Исус.
Може да се дискутира што носи промената и што симболизира Шин (што ја изврши промената).
Дел од симболиката на Шин:
[FONT=&quot]Како случајно, едно од значењата на зборот (буквата) Шин на Еврејски е промена (шинуи).[/FONT]
[FONT=&quot]Шин го поврзуваат со јагленот. Поточно со огнот што тлее(Божјото Откровение) сврзан за него (Божјата Суштина). Јагленот симболизира непроменлива суштина, тајната на реченицата од Малахиј 3[/FONT][FONT=&quot]:[/FONT][FONT=&quot]6[/FONT][FONT=&quot]: “[/FONT][FONT=&quot]Јас сум Господ, јас не се сменив[/FONT][FONT=&quot]”[/FONT][FONT=&quot] (оваа реченица исто така ја поврзуваат со Шин). [/FONT][FONT=&quot]Огнот што тлее во него ја представува парадоксалната латентна присутност на силата што менува во неменливото. [/FONT]

[FONT=&quot]Грубо кажано, Бог не се променил. Истиот е, еден е.[/FONT]
[FONT=&quot]Исто така Шин со својот облик (многу личи на нашето Ш) претставува идеална симетрија (трите Столба од Дрвото) и најприродната позиција за него е врховната позиција во центарот каде и што е. [/FONT]
[FONT=&quot]Центарот на човековата историја и воопшто човештвото е Исус. Од него и кон него течат сите настани.[/FONT]
[FONT=&quot]Исус докажа дека е Месија исполнувајќи 300 пророштва од Стариот Завет. Така го познаа многумина. Таа бројка ни укажува на него, како и да свртиш. [/FONT][FONT=&quot]Како што е горе така е и долу.[/FONT]

... буквата Шин - 300 има иста вредност како и зборовите RVCh ALHIM, Духот на Елохим па затоа таа буква и е симбол на божествениот Дух.
Да, кабалистите повлекуваат аналогија помеѓу Шин и Светиот Дух (Етер или Акаша), оној кој ги обединува (владее над) елементите, таканаречениот петти елемент. Неговата врховна позиција (во зборот Исус, со букви распоредени во елементарниот пентаграм) укажува на неговото владеење над четрите елементи (верувам дека ти е позната кабалистичката компарација помеѓу деловите на тетраграматонот и елементите).
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
*-во Западната спаѓа и такнаречената Христијанска Кабала
**-некаде се среќава како YAHSHVAH


[FONT=&quot]За знаењето Фала им на Дион Форчн, Харав Јицак Гинсбург, Јашуа Соул Чрч, Франц Бардон и др.

[/FONT]
 
O

Omer el Faruk

Гостин
А јас од тебе дознавам дека капата е именувана со тој израз - „митра„. Ќе се распрашам кај свештенството па ќе видиме што ќе речат.
:nesvest: Немој бе МИКИ!,па кај си бил ти досега?
Ок, распрашај се,ќе го чекам твојот одговор,а патем уште две прашања:

-Каков е ставот на православието ако дете умре некрстено,дали тоа е ослободено од првобитниот (наследениот) грев или не е,и каде ќе оди тоа, во Рајот или Пеколот?

-Зошто некрстените бебиња православните не ги закопуваат во гробиштата (православни) кај другите,туку негде понастрана без да им се стави некој нишан/знак (ова е проверено и докажано во некои православни села).
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
:nesvest: Немој бе МИКИ!,па кај си бил ти досега?
Ок, распрашај се,ќе го чекам твојот одговор,а патем уште две прашања:

-Каков е ставот на православието ако дете умре некрстено,дали тоа е ослободено од првобитниот (наследениот) грев или не е,и каде ќе оди тоа, во Рајот или Пеколот?

-Зошто некрстените бебиња православните не ги закопуваат во гробиштата (православни) кај другите,туку негде понастрана без да им се стави некој нишан/знак (ова е проверено и докажано во некои православни села).

- И досега бев на истото место. Од друга страна, моето НЕЗАНЕЊЕ за мојата е вера е поголемо од моето ЗНАЕЊЕ за истата. Мене лично, понајмалку ме „занима„ како се нарекува одреден дел од свештеничката одора, оти деловите од облеката од свештеникот сигурно НЕМА да ме однесат во Рајот. Лично, ме „занимаат„ категории од кои зависи спасението на мојата душа.
- Ако бебето умре некрстено, НЕ Е ослободено од провородниот грев. Само крштевањето е Свте атајна, која имболично и фактички го мие вродениот грев. А дали ќе оди во Рајот или пеколот, лично, незнам. Тешко дека некој знае, оти само Хрситос одлучува кој каде ќе „отиде„. Според моите разговори со свешетник, веројатноста е на странат на Рајот, што значи дека и некрстеното бебе може да отиде во Рајот , оти нема ниту еден ЛИЧЕН грев сторено. Но, тоа е само претпоставка.
- дека некрстените бебиња се закопуваат „понастрана„, тоа е принцип на погребување. На пример, „настрана„ се закопувата и самоубијците, на кои никој не им дозволил да си го одземат животот. Ако бебето е закопано „настрана„, тоа е показател дека неговото некрштевање го прави бебето да остане член кој е НАДВОР од Црквата па затоа и при погребувањето , останува надвор од црковните гробишта.
 
O

Omer el Faruk

Гостин
Видиш бе МИКИ1, тоа е сурова неправда (ако навистина е таква каква ШТО ВИЕ Православните ја прикажувате) од страна на Бога.

Зарем може една душичка од неколку недели,месеци или години,која ниту самата за себе е свесна дека постои,да биде казнета за наследениот грев?

И да се изедначуваат некрстените бебиња со самоубијците и да се закопуваат на посебни места е надвор од секоја памет и логика и исправно поимање и практикување на верата.

Еднаш ви спомнав дека според Исламот секое дете се раѓа чисто од гревови како неиспишан лист. Постојат и зборови од Пратеникот Мухаммед а.с. во кои вели дека секое дете се раѓа со чиста природа ( фитрет,муслиман),а подоцна родителите од него прават христијанин,евреин,огнопоклоник итн.

Дури сега ми се појасни некои преданија кои што кружат во народот од очевидци,каде одредени христијани кога ќе им умрело бебе некрстено го закопувале надвор од гробиштата,по меѓи, туѓи ливади, без да му се знае местото на гроб,без никаква трага со образложение дека тоа дете не е нивно туку Турско (муслиманско).

Жалосно...
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Видиш бе МИКИ1, тоа е сурова неправда (ако навистина е таква каква ШТО ВИЕ Православните ја прикажувате) од страна на Бога.

Зарем може една душичка од неколку недели,месеци или години,која ниту самата за себе е свесна дека постои,да биде казнета за наследениот грев?

И да се изедначуваат некрстените бебиња со самоубијците и да се закопуваат на посебни места е надвор од секоја памет и логика и исправно поимање и практикување на верата.

Еднаш ви спомнав дека според Исламот секое дете се раѓа чисто од гревови како неиспишан лист. Постојат и зборови од Пратеникот Мухаммед а.с. во кои вели дека секое дете се раѓа со чиста природа ( фитрет,муслиман),а подоцна родителите од него прават христијанин,евреин,огнопоклоник итн.

Дури сега ми се појасни некои преданија кои што кружат во народот од очевидци,каде одредени христијани кога ќе им умрело бебе некрстено го закопувале надвор од гробиштата,по меѓи, туѓи ливади, без да му се знае местото на гроб,без никаква трага со образложение дека тоа дете не е нивно туку Турско (муслиманско).

Жалосно...
- Бог е суров, но и праведен.
- новороденчето го има само наследениот грев, како веќе напишав. Тоа НЕМА свој личен грев. Оттаму и големата веројатнсот дека и некрстеното бебе ќе „оди„ во Рајот, оти голема е милоста Божја.
- Не ги изедначив самоубијците со некрстените бебиња, туку само дадов „паралела„.
- бебето се раѓа без грев само според Исламот, но не и според христијанството. Кога бебето нависитна би се раѓало без грев, тогаш не би имале потрба од крштевање, не би имало грешни луѓе, и во крајна истанца, Исус немаше потреба да дојде првиот пат.
- таман работа кога родителите би им наметнувале вера на своите деца. А да: заборавив: Исламот не познаваше слободна волја (за избор), барем така велат исламските верници на форумов.
- преданијата, т.н. „бабиби деветини„ и слични будалаштини, НЕ СЕ дел од црковното учење. Погребувањето бебиња по ниви и ливади, НЕ Е според Црквата, оти иако телото е смртно и распадливо, душата не е смртна и не умира. Закопувањето бебиња „кој каде стигне„ е поакзател на апсолутно непознавање на учењето за бесмртноста на душата човекова и покажува негрижа на погребувачите кон погребените.

Зашто „жалосно„? Православното христијанство не е засновано на сентименталности, туку на духовни категории, како што е волјата Божја и слободната волја човекова, дали ќе Го следи Бога или ќе се следи самиот себе.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Тоа што се е Божја волја
не може да биде оправдување за она што го правиме
Пример, оној кој убива ја изршува Божјата волја
(Оти ништо не може да се случи без Божје знаење, допуштање и најнакрај без негова волја оти се е во Божји раце)
Но оној кој убива неправедно, тој ја крши Божјата наредба да не се убие никој без кабает оти ако убиеш невин човек исто ко да си ги убил сите луѓе
така да Божјата предестинација, Судбината, она што е пишано
никако не може да се користи како оправдување ние да грешиме
Јасно се разликува доброто од злото!
Она што бог забранил е харам!
Тоа не смее да се прави, значи неправедникот ја прекрсшува Божјата наредба
да се прави добро
а да се спречува зло
така да Фактот дека се е Божја волја
не може да се користи како оправдување
за прекршувањето на Божјите наредби!
Моето лично мислење во однос на Исламот апропо ова е поблиску до Хаџиритското толкување
дека и оној кој прави гревови мали или големи престанува да биде муслиман...
 
O

Omer el Faruk

Гостин
- Бог е суров, но и праведен.
Токму така! Но Бог дал/дава и право на избор,па кажи ми каде е правото на избор на бебенцето за тоа да биде казнето или да го сноси гревот на Адам и Ева?

- новороденчето го има само наследениот грев, како веќе напишав. Тоа НЕМА свој личен грев. Оттаму и големата веројатнсот дека и некрстеното бебе ќе „оди„ во Рајот, оти голема е милоста Божја.
Новороденчето нема никаков грев наследен од проста причина што за гревот Адам и Ева си биле на време казнети со протерувањето од Рајот. Па затоа и Адам бил создаден како човек ( со можност на грешење),во спротивно ќе бил Ангел,оти ангелите се безгрешни.

И тука нема нагаѓање од типот МОЖЕБИ,туку јасна и децидна пресуда:-Бебето си оди директ во Рајот без никакво сомнение за тоа.:wink:


- Не ги изедначив самоубијците со некрстените бебиња, туку само дадов „паралела„.
Таа паралела не вреди пет пари.


- бебето се раѓа без грев само според Исламот, но не и според христијанството. Кога бебето нависитна би се раѓало без грев, тогаш не би имале потрба од крштевање, не би имало грешни луѓе, и во крајна истанца, Исус немаше потреба да дојде првиот пат.
Токму така! Според Исламот,т.е. според вистината детето се раѓа безгрешно, и исто така нема никаква потреба од крштевање (дури ни вие самите христијани не сте со ист став кога станува збор за крштевањето на која возраст тоа треба да се направи,што јасно става до знаење дека нешто не е во ред со тоа)

Напротив,луѓето дали се крстени или не,тие и понатака ја имаат склоноста кон доброто и злото и според тоа за својот избор ќе си сносат и последици. Да не ти повторувам: -зборуваме за луѓе,не за Ангели,а тука има гооолема разлика.

Исус дојде како и сите негови претходници од плејадата на Божјите избраници,со истата мисија и задаќа.Ништо повеќе и ништо помалку од тоа!


- таман работа кога родителите би им наметнувале вера на своите деца. А да: заборавив: Исламот не познаваше слободна волја (за избор), барем така велат исламските верници на форумов.
Ма немој, сега почна и со лаги да се служиш. Па јас цело време ти зборувам дека врз база на таа слободна волја која ја поседува човекот ќе сноси одговорност пред Бога за своите дела. Во спротивно ако беше како што ти велиш,ако немавме слободна воља (твојата лага за исламското гледиште на ова) кажи ми која би била смислата на Божјото казнување?

И на крајот ќе те замолам најљубезно да ми цитираш,кои тоа исламски верници на форумот велат дека Исламот не познава слободна воља?
 

jeeeee8

Like dreams
Член од
28 ноември 2008
Мислења
647
Поени од реакции
16
Токму така! Но Бог дал/дава и право на избор,па кажи ми каде е правото на избор на бебенцето за тоа да биде казнето или да го сноси гревот на Адам и Ева?



Новороденчето нема никаков грев наследен од проста причина што за гревот Адам и Ева си биле на време казнети со протерувањето од Рајот. Па затоа и Адам бил создаден како човек ( со можност на грешење),во спротивно ќе бил Ангел,оти ангелите се безгрешни.
За ова само сакам да прашам, зошто мислам грешиш.
Па нели самото тоа што Адам и Ева згрешиле нивните потомци исто така биле казнети со тоа што и тие се создадени како луѓе(протерани од рајот), значи доаѓаме до некаков заклучок дека гревот се наследува или ....?
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Da, se nasleduva
i toa e nepravedno
zaklucok
Svetot e los
Zivotot nikogo ne pazi...
 

jeeeee8

Like dreams
Член од
28 ноември 2008
Мислења
647
Поени од реакции
16
Da, se nasleduva
i toa e nepravedno
zaklucok
Svetot e los
Zivotot nikogo ne pazi...
не е светот,:) луѓето се лоши!
Се повеќе и повеќе злобни луѓе има, алчни за пари и слава!
Секој оној кој прави добро безразлика која вера или националност е ќе биде помилуван од Бога! Во тоа е клучот на човечноста а не во тоа која вера е правилна или не е,и ако не си во правилната вера ќе идеш во пеколот - глупости!
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
не е светот,:) луѓето се лоши!
Се повеќе и повеќе злобни луѓе има, алчни за пари и слава!
Секој оној кој прави добро безразлика која вера или националност е ќе биде помилуван од Бога! Во тоа е клучот на човечноста а не во тоа која вера е правилна или не е,и ако не си во правилната вера ќе идеш во пеколот - глупости!
oва според мене е единтвено прифатливо
и јас постојано го истакнувам.
 
Член од
6 ноември 2007
Мислења
848
Поени од реакции
44
не е светот,:) луѓето се лоши!
Се повеќе и повеќе злобни луѓе има, алчни за пари и слава!
Секој оној кој прави добро безразлика која вера или националност е ќе биде помилуван од Бога! Во тоа е клучот на човечноста а не во тоа која вера е правилна или не е,и ако не си во правилната вера ќе идеш во пеколот - глупости!
Но нели во христијанската вера се вели,дека треба да се верува само во нашиот Господ Бог,тој е еден и единствен другите се сите лажни,или пак јас се лажам??:toe:...Значи кажува дека не треба да се признава никаква друга вера..Тоа што го кажа ми е повеќе како од будистичката религија,кај нив без разлика на која религија припаѓаш,ако правиш добро ќе те чека повисоко ниво,од тоа што си сега..И се сложувам со твоето мислење,дека човечноста лежи во добрината...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom