Прашања за Христијанството I

Статус
Затворена за нови мислења.

moof KOOZ tee

Mystis
Член од
26 ноември 2008
Мислења
361
Поени од реакции
63
@SUCKON: Не верувам дека мислиш оти Исус се смета за Бог, затоа што прави чуда. Зарем си толку плиток да мислиш дека Христијаните го обожуваат Бог, само затоа што правел чуда. Многу посуштинска е неговата божественост. Многу повеќе и подлабоки се искуствата на човештвото кои го насочуваат кон Бога.
Зошто го споредуваш со луѓе кои прават чуда. Не се чудата тие што го прават Бог, да биде тоа што е.

Навистина не верувам дека логиката ти е на нивото на ateist:

Исус прави чуда, Чимој прави чуда. Дали и Чимој е бог?
Багерот копа ров, човекот копа ров. Дали и човекот е багер?
Не се возбудувај толку, види добро дека му реплицирав на Трилобите за делот кој му го болдирав...јас не го отфрлам постоењето на цела една хиерархија на ентитети од повисок ред...Исус е бог колкушто и јас сум бог...тој само изнапредувал во духовниот развој како и повеќемина други...секој човек има способност да стане рамен на него.
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Не се возбудувај толку, види добро дека му реплицирав на Трилобите за делот кој му го болдирав...јас не го отфрлам постоењето на цела една хиерархија на ентитети од повисок ред...Исус е бог колкушто и јас сум бог...тој само изнапредувал во духовниот развој како и повеќемина други...секој човек има способност да стане рамен на него.
Ти тоа озбилно? Мислам дека си се преценил..пази и Луцифер мислел како тебе..
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.512
Поени од реакции
82.058

Дури и доколку гледаме од еден поинаков духовен аспект*(а не од аспектот на официјалното Христијанство), не можеме а да не ги приметиме сигналите (а тие се и многу повеќе од тоа) кои укажуваат на Неговата божественост.

*-херметички,кабалистички
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Па да,татко во вообичаена смисла не,но родител во секоја друга.
Пророштвата од претходно за Кралската(месијанска) линија на Давид се исполнува со раѓањето Исус.
Јосиф е наследник на Давид по таа линија.
1 Книга на родословот на Исуса
Христа, син Давидов, син Аврамов.

2 Аврам го роди Исака, Исак го
роди Јакова, а Јаков го роди Јуда
и браќата негови

................ и така набројува се до Исус Христ, вкупно 42 колена се до Јосифа.

Значи РОДОСЛОВ на Исуса, со наброени претци
 
moof KOOZ tee

Mystis
Член од
26 ноември 2008
Мислења
361
Поени од реакции
63
Дури и доколку гледаме од еден поинаков духовен аспект*(а не од аспектот на официјалното Христијанство), не можеме а да не ги приметиме сигналите (а тие се и многу повеќе од тоа) кои укажуваат на Неговата божественост.

*-херметички,кабалистички
ај накратко појасни ми го кабалистичкиот аспект на гледање на Исус
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.512
Поени од реакции
82.058
Не можам да ти го презентирам кабалистичкото гледање на Исус, a можам, како што кажав, да напишам нешто за (условно кажано) знаците кои се појавуваат во кабализмот, па и херметиката, а кои укажуваат на божественоста Негова.
Но тоа навистина не може да се срочи накратко, а да не биде нешто битно не дообјаснето. Доколку сакам тоа да го напишам тука, ќе треба тој што ме чита да има предзнења. Во спротивно, зборовите и нивното значење нема баш да бидат јасни, а со тоа и целата поента. Ќе треба да му се објаснуваат многу работи. Работите што треба да се знаат, за да нема прешироки и долги објаснувања, се одприлика:
-Најважно: Сето напишано ќе треба да се земе како дел од реалноста, со која управува Како Што е Горе Така е и Доле. Неговата сеприсутност и ултимативна манифестација.
-Треба да се знае што е Кабала, а што Мистична Кабала (која уште се вика и Западна). Од тука знаења за Дрвото, елементите, кабалистичките клучови.
-Малку Гематрија.
-Можеби уште нешто, не ми текнува сега.

Грубо, кратко и сконцентрирано. Знаците за кои зборам можат да се барaат во:
-Распоредот на сефиротите по средниот столб, нивното и неговото значење и симболика.
-Буквата Шин и нејзиното значење во контекст на тетраграматонот. Тука може да се нафрли збор два и за четворосложниот и петосложниот кабалистички клуч.
-Почетокот на Стариот Завет и значењето на Брашит/Брешит (поточно на првиот слог).
И друго.
 
Zeng

Thinking inside the box
Член од
9 април 2008
Мислења
1.103
Поени од реакции
31
Многу е едноставно не комплицирајте без врска, Исус воскресна и ја победи смртта.
Дури и најголемиот илузионист на сите времиња не му успеа тоа иако на своите следбеници им го ветил.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.512
Поени од реакции
82.058
Многу е едноставно не комплицирајте без врска, Исус воскресна и ја победи смртта.
Ова е јасно и никој не го спори. (добро не баш никој)

Дури и најголемиот илузионист на сите времиња не му успеа тоа иако на своите следбеници им го ветил.
Худини ветил нешто вакво?
 
Zeng

Thinking inside the box
Член од
9 април 2008
Мислења
1.103
Поени од реакции
31
Худини ветил нешто вакво?
Да бе. Сега не му ги знам точните зборови ама нешто во стил ќе пробал на секаков начин да се врати, отприлика.
 
moof KOOZ tee

Mystis
Член од
26 ноември 2008
Мислења
361
Поени од реакции
63
Не можам да ти го презентирам кабалистичкото гледање на Исус, a можам, како што кажав, да напишам нешто за (условно кажано) знаците кои се појавуваат во кабализмот, па и херметиката, а кои укажуваат на божественоста Негова.
Но тоа навистина не може да се срочи накратко, а да не биде нешто битно не дообјаснето. Доколку сакам тоа да го напишам тука, ќе треба тој што ме чита да има предзнења. Во спротивно, зборовите и нивното значење нема баш да бидат јасни, а со тоа и целата поента. Ќе треба да му се објаснуваат многу работи. Работите што треба да се знаат, за да нема прешироки и долги објаснувања, се одприлика:
-Најважно: Сето напишано ќе треба да се земе како дел од реалноста, со која управува Како Што е Горе Така е и Доле. Неговата сеприсутност и ултимативна манифестација.
-Треба да се знае што е Кабала, а што Мистична Кабала (која уште се вика и Западна). Од тука знаења за Дрвото, елементите, кабалистичките клучови.
-Малку Гематрија.
-Можеби уште нешто, не ми текнува сега.

Грубо, кратко и сконцентрирано. Знаците за кои зборам можат да се барaат во:
-Распоредот на сефиротите по средниот столб, нивното и неговото значење и симболика.
-Буквата Шин и нејзиното значење во контекст на тетраграматонот. Тука може да се нафрли збор два и за четворосложниот и петосложниот кабалистички клуч.
-Почетокот на Стариот Завет и значењето на Брашит/Брешит (поточно на првиот слог).
И друго.
Се чини дека со Кабалава згазна на трула штица...

Еднаш ми велиш "не можеме а да не ги приметиме сигналите (а тие се и многу повеќе од тоа)
кои укажуваат на Неговата божественост" а потоа "Не можам да ти го презентирам кабалистичкото гледање на Исус"

Се гледа дека немаш познавање од Кабала можеби нешто површно но површното познавање е полошо од незнаење така да ќе сметам дека за тебе Кабалата е непознаница.

Кабалата е поделена на три дела:
GMTRIA, Гематрија;NVTRIQVN, Нотарикон; и ThMVRH, Темура.
Гематријата се заснова на зборови со сродни бројчани вредности. За тие зборови се смета дека се објаснуваат еден со друг, а тоа се проширува и на цели изрази.Така буквата Шин - 300 има иста вредност како и зборовите RVCh ALHIM, Духот на Елохим па затоа таа буква и е симбол на божествениот Дух.
Нотарикон потекнува од латинскиот збор нотариус, препишувач. Постојат два облици на Нотарикон, по првиот секоја буква од еден збор се зема како почеток на друг збор така да од еден збор може да се обликува цела реченица. според тоа секоја буква од зборот BRAShITh, Берашит, првиот збор во постанокот земено за почеток на нов збор се добива-BRAShITh RAH ALHIM ShIQBLV IShRAL ThVRH, Берашит Рахи Елохим Шејеквебело Израел Тора, "На почетокот
Елохим виде дека Израел би можел да ја прими Тората (Законот)". Другиот облик на Нотарикон е обратен, почетните букви на зборовите од еден израз или реченица се земаат за да се состави еден или повеќе зборови.
Темурата е пермутација. Према одредени правила една буква се заменува со друга која е пред неа или зад неа во Алеф-Бетот, за ова сликовито да се прикаже ќе требаат и табели со буквите.

Кога сме кај тетраграматонот тој е YHVH што значи буквата Шин ја нема во него.
За Дрвото на животот не се обидувај да ми објаснуваш бидејќи го знам и од лево и од десно и озгора и оздола со сите кореспонденции и гематриски вредности.

Темелите на Кабалата се во делото Зохар а таму никаде не е споменат Исус како Бог...за Кабалистите Исус е само пророк исто како и Мухамед и Буда.
 
A

ateist

Гостин
Не се возбудувај толку, види добро дека му реплицирав на Трилобите за делот кој му го болдирав...јас не го отфрлам постоењето на цела една хиерархија на ентитети од повисок ред...Исус е бог колкушто и јас сум бог...тој само изнапредувал во духовниот развој како и повеќемина други...секој човек има способност да стане рамен на него.

."секој човек има способност да стане рамен на него"....вели SUKON

ДА !...............ДА !..............................ДА !

таа е поентата на Новиот Завет...........крајната поента.......баш таа

но си има правила..........,могу строги правила..........

едно од нив е да не биде затруен од религиозни лаги и измислици......
па дури и така има услов ......."немој да идеш над твојте можности"-апостолите..
што ќе рече........немој да се преценуваш.....оти може да забегаш......

значи условот на Приземноста , логичноста , здраворазумноста , совесноста.. Никогаш под никакви околности не смее да се напушти
.
.
Нели самиот Христ рекол ....тие што ќе поверуваат (стекнат Доверба нели верување=Доверба ..а не како што лажат религиите дека верување=претпоставки ) и поголеми чудесии од мене ќе прават

.
..
е се разликуваме во тоа што..........
Исус не достигнал Ништо............
Исус е Достигнувањето..........совршена Личност
Оваа личност ја отелотворил формирал пророкот Емануил...биолошки човек ..како и секој од нас .........
Умрел на крстот..........НЕВОСКРЕСНАЛ........
библијата и несамо што не гарантира оживување на биолошки тела
туку гарантира распад и уништување на цела вселена кога - тогаш
па така и на сите без исклучок биолошки тела на луѓето

Апостолот Павле ...( исите други па и иИсус)..гарантираат дека тие Личности
што ќе положат тест...ќе добијат други биолошки тела ...нооооооооооооо
без било каква гаранција дека тоа би биле овоземските
.
.
.
.
Павле..".додека Христос=Исус Личноста се оформува во вас..".

значи нестанува никаков збор за возгордејување за себерамнење со некаков свемогучи бог
туку тоа е поставено како УСЛОВ за тие што сакаат вечен живот

Ти тоа озбилно? Мислам дека си се преценил..пази и Луцифер мислел како тебе..
всушност потполно истите зборови од marcus ..во Новиот завет пишува дека евреите му ги упатувале на пророкот Емануил ( Исус ).........со истата забелешка дека обичен смртник се рамња со свемогучи бог дека се возгоредеал итн
 
O

Omer el Faruk

Гостин
:music5:Јас сеуште чекам некој да ми одговори зошто капата на православните свештеници (митрополити,архиепископи...) се вика Митра?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
А јас од тебе дознавам дека капата е именувана со тој израз - „митра„. Ќе се распрашам кај свештенството па ќе видиме што ќе речат.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom