За врската на човекот со својот Ангел Чувар, не е умесно да се расправа. Премногу осетлива е таа тема и премногу лична. Можеби е подобро да ја разгледаш книгата Разбудениот свет и патот на Лола
А и во документот од каде што извади мал дел пишува вака:
И во извадокот што ти го посочи доволно добро е опишан Светиот Ангел Чувар.
Може да се разгледа како за споредба и египетскиот концепт на душата како е поделена (во книгите на Баџ), или пак кабалистичките нивоа на душата, на свеста и што со нив.
За смртта има на повеќе места пишувани есеи, во Коментарите на Либер AL, во Книга на мудроста или лудоста. Нормално, нема ништо концизно, јасно, логично запишано никаде по овие книги.
Еве
за смртта мал осврт (сосема мал за неупатени во праксите). Може да ја видиш и
Liber 106 , ако некако ти ја задоволи логиката, која не е некој битен фактор во случајов.
Се вели во одредени книги дека со пракса, можно е да се сети човекот на својот континуитет низ универзумот.
Како што велиш ти, некои одредени „екстремни“ настани може да предизвикаат сеќавање (некои тоа го викаат бладање), но велат дека со одредени методи можно е без тие екстреми човекот да го придвижи сам целото тркало на заборавот.
П.С. Елифас Леви некаде по своите книги зборува за тоа дека човекот се сеќава, но ја заборава методата да ги прибира тие сеќавања и да има фајде од нив.
П.П.С. И бидејќи го спомнавме зборот магика, повелете прочитајте
Што е Магика и
Трите школи на магиката (нормално во кратки црти) за да бидете поупатени како аутсајдери и да ве натера можеби повеќе да истражувате и да имате пракса која толку упорно барам да ја имате! :smir: