Ајде еден по еден:
@Господ:
Што е Вистина? Што е тоа индивидуалец? Зборуваме за Вистината и Индивидуата преку призмата на нашата пракса која ете ви ја нудиме да ја пробате, ако не со години тогаш со месеци можеби да ја вежбате и усовршувате, или зборуваме за нив како филозофски напунпани бладања кои повеќе замрсуваат отколку што даваат одговор?
Зарем не велиме на повеќе места, во многу наши пракси дека сепак даваат ако не исти, но слични резултати без разлика дали вашата "индивидуа" е од Македонија, дали е од Мексико, или пак од Мариово?
За потенцијалот: Ако не се искористи, се е залудно. Равенката нема да биде потполна.
Праксата ако се одбегнува станувате пусти филозофи кои нема да решат ништо од равенката. Тоа насекаде го зборуваме и тврдиме со сигурност која оставаме тој ваш поединец да ја потврди самиот за себе. Кој колку сериозно не' сфаќа и разбира, зависи од повеќе работи кај поединецот кој стапнал или сака да стапне на Патеката.
Ако мислиш дека не сме способни да увидиме кој е на Патеката и дали е на истата, грешите, има начини и начини.
@Joey: Се надевам дека грешам во врска со тој мој став :smir:
@Zaratustra: Да научам нешто од твоите пишувања на темата?! Ќе пробам да научам нешто, штом велиш дека има нешто за учење. Може пак и да сум пропуштил нешто, се си бидува.
И не се плаши, Робовите ќе служат секако! Така било од секогаш. Научи ги симболите ако можеш, барем еднаш помини подолго време студирајќи ја темата. Ако мислиш пак дека Ајк и останатаа банда на теории на заговори ќе ти го олеснат животот, остани на тоа.
Убаво си кажа дека не треба да пишуваш на темата. Претходно ти кажав јас,
пракса па потоа овде прашања за темата, за да имаме што да дискутираме. Онака се е бесцелно и ова заликува подфорумот на христијанските или муслимански подфоруми каде што се оди од една во друга крајност.
Мене ми е сеедно вие како поединци што мислите за телемата, дали е филозофија, дали е религија, дали е пракса или се во едно или пак нешто трето. Мене ми се битни само прашањата што ги поставувате(некои се бесцелни и некорисни). Велат прашањето е пола одговор :smir:
Јас сум тој што сум. Што и да правам овде, каква и да градите слика за мојот виртуелен лик ви е бесцелно потрошено време. Како поединци вие не треба да се грижите за мене кој сум, каков сум итн итн. За секој сме различни (барем така велат некои книги).
Вие што коментирате тука, прашувате, пробувате да го завртите муабетот да изгледа како прост профанизиран кафански муабет, кој е кој во целата структура на овој систем, зборување каков е Кроули, каков е оној овој, а никаде ништо да кажете за праксите што мислите или што сте добиле од сето тоа...
Вие сте тука само дел од мојот пат кој намислив да го изодам до моја некоја цел, вака или онака и да си заминам. Толку од приказната.
Заратустра, не се плаши, јас сум никој за тебе, аман си се наплашил од хиерархии световни и од општеството до немајкаде. Полека.
НЕ се плаши од непријателот. Како ќе го му ги научиш законите по кои се владее инаку?
Но вие што постојано се сомневате и се полните со инфо од кај стигнете (од овој или оној автор), а праксата никогаш немате време да ја завршите и да има конечно фајде од сето тоа бесцелно трошите време. Некои секогаш остануваат „војници“ кои никогаш не пукнале со пушка а најгласно викаат Ураааа.
![Тоа е :toe: :toe:](/styles/default/xenforo/emot/toe.gif)
Мора да има и такви по се изгледа.
Робовите ќе служат, нели! :smir:
П.С. Малку подолго пишување, но и ова е малку за сите тројца
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)