Законот на Телема

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
A law utno itself is not a law!

Btw. ne znaev kade, ama nekoj me pasa pred nekoj den, sto se toa Sarafijani t.e Serafimi.

In vision of prophet Isaii they are represented surrounding a throne God; they have a human image; at each of them on six wings: to two they close the face, to two - close the foots, to two fly. They unremittingly sing a song: «sacred, sacred, sacred God of troops, all ground is full of His glory». One of Angels has touched the lit coal of lips of Isaii, having told to him: «here it has touched your lips, and your lawlessness is removed from you, and your sin is cleared» (Isaii VI, 1-7).

On classification by Dionis Areopagit, Serafims concern to the first triad: "... multiwinged Serafims are in the greater and непосредственој пред others of affinity to the God. As to name Serafims, it clearly shows incessant and their usual aspiration to Divine, their fervour and speed, their ardent, constant, unrelenting and steady precipitancy, also their ability to erect the lowest in high, to ignite them to similar heat: it also means ability, burning thus to clear them is always open unextinguishable, constantly identical, light and educating force their banishing any gloom.
 

moof KOOZ tee

Mystis
Член од
26 ноември 2008
Мислења
361
Поени од реакции
63
Прави што ти е Волја и тоа нека биде цел Закон

ЗА КРОУЛИЈАНСТВОТО

Старите кралеви имале несреќна навика да ги убиваат гласниците кои донесувале лоши вести. Убивањето на гласникот не ги решавало проблемите, но секако правело кралот подобро да се чувствува. Современите кралеви како ги нарекол Liber Legis изгледа дека развиле една нова лоша особина; обожавање на гласникот, кој ги донесол добрите вести.. Тие нови Кралеви, се разбира се Телемитите; добра вест е изгревањето на Хорусовиот Еон; а гласникот е, не треба ни да се рече, Алистер Кроули.

Разликата меѓу Телемата и "обожавањето на Кроули" е јасна. Телемата бара од секој поединец лично да го оствари соединувањето на Хадит и Нуит, опфајќајќи го целокупното искуство со "љубов под волја". Кроулијанството од поединецот не бара ништо; откако вујко Ал ја помина Бездната и ги прибележа своите впечатоци и ние можеме да постигнеме посредничко Просветлување со читање на неговите дела. Не можам да одолеам на споредбата со Исус, кој умре за да ги откупи гревовите на Христијаните; очигледно Кроули преминал за да ја исповеда мрзливоста на Телемитите.

Да погледнеме една Кроулиева песна:
Ние не веруваме
Ни во Девица ни во гулаб;
Нашиот метод е Научен,
А целта Религиска

Што конкретно кажува третиот стих? Научната метода е емпиризам. Еден искуствен метод на знаењето го избегнува судот и авторитет, барајќи сите идеи да се прифатат или отфрлат врз база на непристрасно набљудување од прва рака. Да погледнеме како тоа се применува во една еднозтавна работа на пример начинот на изведување на Помалиот Терачки Ритуал на Пентаграм. За да одговори на ова прашање некој"обожавател на Кроули" би ги прочитал сите Кроулиеви инструкции по тој предмет, а веројатно и некој од Кроулиевите коментатори исто така. Со помош на овие информации тој би конструирал еден ритуал базиран на што повеќе Кроулиеви намери. Емпиристот би направил исто за да добие некоја "прва апроксимација" за одговор, а потоа би почнал да експериментира со промените проценувајќи и бележејќи ги резултатите кои би ги добивал кај секоја варијанта. На крајот емпиристот би дошол до оној резултат кој најмногу би одговарал на целта, базиран на личното набљудување.

Самиот Кроули без прекин ги храбрел Телемитите да се стремат кон практично лично искуство. На пример, тоа е главна тема на неговите писма во Магика Без Солзи. Сосема е возможно дека Кроули се плашел неговата судбина да не биде иста како и судбината на другите големи Пророци пред него. Буда, Христос, Кроули сите дошле како учители и сите биле обожавани од некои како Богови. Ова е смислата на езотеричната будистичка доктрина "Ако го сретнеш Буда на пат убиј го". Учете од мудроста на Учителот; не обожавајте го ниту учителот ниту неговите лекции."Убивањето на Буда" ве ослободува да продолжите по својата патека, а не да ја следите патеката на некој друг.

Кроули бил гласник. Тој секогаш настојувал да потенцира дека Liber Legis и другите Телемитски свети книги се диктирани, а не составени. Како Телемити ние нашите животи ги посветуваме на пораката која Кроули ја пренесол. Како Магичари ние извлекуваме корист од морето на знаење што Кроули го собрал. Како емпиристи иамме одговорност да ја ускладиме и прошириме нашата посветеност и знаење преку сопствените напори на лабараториите на нашите животи.

Љубовта е закон љубов под волја
 

moof KOOZ tee

Mystis
Член од
26 ноември 2008
Мислења
361
Поени од реакции
63
Телемата и Христијанството

Телемата не го изостава Бог, но прави помало разграничување помеѓу Бога и Човекот отколку современото Христијанство."Прави што ти е волја и тоа нека биде цел закон" заменувањето на "божјата волја" со "твојата волја" ја промашува сета поента. Императивот "нека биде" е
клучот. Колку повеќе сте ја откриле вашата вистинска волја, толку повеќе вие сте едно со волјата на Бог. Во такви моменти вашата волја "ќе/нека биде (shall be)" целиот Закон."Не мојата, туку нека биде твојата волја, о Господе" ова е совршено компатибилно со Телема се
додека природата на вистинската волја е поистоветена со ожествената волја. "Сакам" во оваа смисла е волја на смртникот, а не "вистинска волја".Ако сме создадени од страна на божество, нашите природи мора да бидат компатибилни со се друго и со божеството. Да се разгледува тоа поинаку значи да се претпостави дека божеството е ограничено, а не сеприсутно и семоќно. Кога достигнуваме будна свесност за својата природа, својата вистинска волја, тогаш дејствуваме во совршено свесна хармонија со својата природа и со божествената волја. Таква состојба вообичаено не се постигнува лесно.

Многу телемити не се среќни со Христијанството од детство и поради социјални искуства. Повеќето форми Христијанство би го ужаснале и самиот Христос! Идејата за искупувачки месија се смета застарена во Телемата, но некогаш била валидна во минатото, за некои луѓе е
валидна и денес. Во Телемата, индивидуата е одговорна за неговото или нејзиното спасение, било преку контакт со божество или на друг начин. Повеќето форми на Христијанство го отфрлаат ова. Христијанството од првите неколку века од нашата ера би било совршено компатибилно со Телемата, особено Гностичкиот облик. Денес постојат Лутерани, Католици и други Христијански деноминации во О.Т.О. Исто така имаме Будисти, Хиндуси, Атеисти, Евреи, Мухамеданци, Конфучијанисти, Агностици, Гностици и практично секој друг вид на "...сти","...ани" итн.Телемата не е ексклузивна философија и религија. Телемит е оној што ја прифаќа "Liber AL vel Legis" на начин одреден од самиот него или неа. Повеќето западни религии се ексклузивни и забрануваат вклучување во други религии. Телемата нема таков проблем. Единственото ограничување што О.Т.О. го наметнува за религиозната активност на своите членови е дека таквата активност треба да биде толерантна и не треба да се вмешува во правата или безбедноста на другите.
...
 

Picasso`

Schizophrenic!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
4.149
Поени од реакции
197
SUKON, само да те корегирам, инаку ќе те караат Талибанциве...

Не Мухамеданство, туку Ислам, односно Муслимани. Се лутат на Мухамеданството :)
 

moof KOOZ tee

Mystis
Член од
26 ноември 2008
Мислења
361
Поени од реакции
63
...
Исус Христос е Бог!? Голема работа. Сите ние сме богови. Христијанството започнало како Еврејска ерес и станало владина привилегија за контрола на човечките умови. Пред да биде извештачено, Христијанството било многу добра работа. Тоа сеуште е добра работа кога луѓето не стануваат премногу тесногради во врска со него и кога се навраќаат кон вредностите од првиот век. Можно е да постоел некој по име Јешуа во Палестина отприлика во периодот цитиран во евангелијата. Некои од неговите дела ја поттикнале Христијанската традиција и некои од неговите следбеници веројатно биле вклучени во тоа. Евангелијата биле напишани многу повеќе од еден век по Јешуа и содржат груби искривувања. Никогаш не постоела личност од тој период наречена "Исус Христос", тоа е грчки превод од "Јешуа Помазаниот". Приказот за животот за овој човек на Хебрејски или Арамејски е споменат во ранохристијански списи, но не преживеал. Чудно е зошто? Веројатно не било погодно за патот по кој се движело Христијанството.

АЛ 3.55: Нека Марија пречиста биде растргната на тркала: заради неа нека сите девствени жени бидат потполно презрени меѓу вас.

Ова е воинственото божество Ра-Хор Куит. Тоа божество не е познато по одмереност! Телемата е и пантеистичка и политеистичка дури иако постои само едно врвно божество, таа врховност е сфатена како разноликост на одделни "божества" од страна на ограничената човечка свесност. Секое такво божество или "лице на врховното божество" има атрибути и карактеристики кои обликуваат одделна личност. Ра-Хор Куит е по малку како бесниот Јехова од Петокнижието. Настрана од ова, изјавата не е толку против Марија колку против лажната побожност. Со текот на вековите се појавил култ на Марија кој апсолутно ја повредува нејзината природа и Христијанската Побожност станува ментално пореметување кога ги надминува границите на обожавање. Марија од Новиот Завет е едноставно опишана како жена која затруднела надвор од чевечки брак. Побожно да се мисли за неа како за совршено и невино суштество значи да се негира нејзината природа и женскиот аспект на спасител. Колку и да звучи шокантно Марија билас курва според острите стандарди од нејзиното време. Таа би била каменувана до смрт ако Јосиф не се оженел со неа. Во нејзино име невенчана мајка е најсветото човечко суштество во традициите на О.Т.О.. Богохулието дека таа била пречиста треба да биде растргнато на тркала, зашто тоа негира дел од чудото на нејзината природа. "Девстфени" жени се оние кои ги колнат своите тела и ја срамотат страста на Христовата Мајка. Тоа не значи дека секоја жена треба да се проституира за да биде света, но "девственост" до точка кога се негира светоста на телото е погрешна. Кога сме веќе кај Марија, што е со Магдалена? Христовата единствена забележана пријателка била поранешна курва. Девствената жена не е чиста жена, чиста жена е комплетна жена. Ако е во природата на жена или маж цел живот да апстинира од сексуален однос, тоа е во ред. Погрешно е кога таквата личност наоѓа грешка или "грев" кај другите луѓе кои имаат поинаква природа. Малкумина од нас се родени без сексуална природа.
...
 

moof KOOZ tee

Mystis
Член од
26 ноември 2008
Мислења
361
Поени од реакции
63
Прави што ти е Волја и тоа нека биде цел Закон

На сите Телемити како и на сите оние кои ја слават Соларната Нова Година, Среќна Нова Година...

Љубовта е Закон љубов под Волја
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Ова е нешто од Господар на прстените ?
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Не бе прашвам оти има некои ликои како во Господар на прстени... Урук Хаи, Гоблини, Леголас, Саруман....
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
Не од мачорот во чизми...
Во новата година ти посакувам нови чизми, за нови патишта, кои ќе те одведат до СОВРШЕНИОТ ПАТ! :helou:
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Прашав во еден друг подфорум, ќе се само-цитирам и тука:

-Ако љубовта е закон под вољата, тоа значи дека се наоѓа под, односно е помалку вредна/важна од Законот на личната воља? Значи, има ли таква градација во случајов, или не?

-Дали она прави што ти е воља, значи дека, се буквално се, што правам е сосема во ред и потпаѓа под Законот, мојот закон?

-Ако секој е ѕвезда, дали јас имам одговорност само кон својата ѕвезда, или и кон ѕвездите на другите?
Дали се што правам и сметам дека ја засилува мојата ѕвезда е оправдано само по себе, и не е важно дали со тоа се "загрозува" некоја туѓа ѕвезда?
P.S
Дали јас погрешно читам, или во почетните цитати на темава има многу честа употреба на : Следи ме..., Јас давам тоа..., Јас велам тоа...Прави тоа...Не прави тоа...?

Оттаму, гледам и предмети/субјекти, сеедно на обожување, и хиерархија и упатства...нешто многу блиско до религија.
Нели, со Телемата, против истото и се бунтувавме?
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Kolku jas znam, buntot e protiv nametnuvanjeto teokratski ili drugi ramki za odnesuvanje, a koi se von prirodniot red na nesatata t.e. bunt protiv vestacki nametnatite ogranicuvanja, granici.
Jas mislam taka.

Ama jas sum Jedi. Pa....sepak mislam deka pravilno tolkuvam.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Kolku jas znam, buntot e protiv nametnuvanjeto teokratski ili drugi ramki za odnesuvanje, a koi se von prirodniot red na nesatata t.e. bunt protiv vestacki nametnatite ogranicuvanja, granici.
Jas mislam taka.

Ama jas sum Jedi. Pa....sepak mislam deka pravilno tolkuvam.
Добро.
Тогаш, може ли да ми се протумачи ова :
57. Invoke me under my stars! Love is the law, love under will. Nor let the fools mistake love; for there are love and love. There is the dove, and there is the serpent. Choose ye well! He, my prophet, hath chosen, knowing the law of the fortress, and the great mystery of the House of God.
All these old letters of my Book are aright; but [Tzaddi] is not the Star. This also is secret: my prophet shall reveal it to the wise.
58. I give unimaginable joys on earth: certainty, not faith, while in life, upon death; peace unutterable, rest, ecstasy; nor do I demand aught in sacrifice.
59. My incense is of resinous woods & gums; and there is no blood therein: because of my hair the trees of Eternity.
60. My number is 11, as all their numbers who are of us. The Five Pointed Star, with a Circle in the Middle, & the circle is Red. My colour is black to the blind, but the blue & gold are seen of the seeing. Also I have asecret glory for them that love me.
61. But to love me is better than all things: if under the night stars in the desert thou presently burnest mine incense before me, invoking me with a pure heart, and the Serpent flame therein, thou shalt come a little to lie in my bosom. For one kiss wilt thou then be willing to give all; but whoso gives one particle of dust shall lose all in that hour. Ye shall gather goods and store of women and spices; ye shall wear rich jewels; ye shall exceed the nations of the earth in spendour & pride; but always in the love of me, and so shall ye come to my joy. I charge you earnestly to come before me in a single robe, and covered with a rich headdress. I love you! I yearn to you! Pale or purple, veiled or voluptuous, I who am all pleasure and purple, and drunkenness of the innermost sense, desire you. Put on the wings, and arouse the coiled splendour within you: come unto me!
62. At all my meetings with you shall the priestess say -- and her eyes shall burn with desire as she stands bare and rejoicing in my secret temple -- To me! To me! Calling forth the flame of the hearts of all in her love-chant.
63. Sing the rapturous love-song unto me! Burn to me perfumes! Wear to me jewels! Drink to me, for I love you! I love you!
Значи, не барам поединечно тумачење, туку генерално, односно појаснување само околу тоа кој е Јас во случајов, кој треба да се слуша, да се повикува, да му се пеат восхитни љубовни песни, затоа што и тој љуби и копнее по нас?

21. We have nothing with the outcast and the unfit: let them die in their misery. For they feel not. Compassion is the vice of kings: stamp down the wretched & the weak: this is the law of the strong: this is our law and the joy of the world. Think not, o king, upon that lie: That Thou Must Die: verily thou shalt not die, but live. Now let it be understood: If the body of the King dissolve, he shall remain in pure ecstasy for ever. Nuit! Hadit! Ra-Hoor-Khuit! The Sun, Strength & Sight, Light; these are for the servants of the Star & the Snake.
22. I am the Snake that giveth Knowledge & Delight and bright glory, and stir the hearts of men with drunkenness. To worship me take wine and strange drugs whereof I will tell my prophet, & be drunk thereof! They shall not harm ye at all. It is a lie, this folly against self. The exposure of innocence is a lie. Be strong, o man! Lust, enjoy all things of sense and rapture: fear not that any God shall deny thee for this.
И тука повторно...Кои се Ние и кој е Јас?

(однапред се извинувам за наивноста на прашањава, но искрено ме интересира дали воопшто има хиерархиски концепт)
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Jas sme site nie, a Nie sme negovoto otelotvoruvanje vo mnostva Jas.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Jas sme site nie, a Nie sme negovoto otelotvoruvanje vo mnostva Jas.
Оттаму, јас сум бог сам на себе, и бог на сите, затоа што сите се само фрагментирано отелотворение на јас?

Како тогаш, ако постои таква целовитост и единство, се вели и дека немаме ништо со слабите и неподобните, дека сочуството е слабост, и дека слабиот треба да биде згазен?

По првичната логика на сплотување на сечие јас, не би требало да има градација и хиреархија меѓу ние, односно да има слаби и силни, згазени и воздигнати..ниту пак сочуството би било порок, затоа што кога сочуствувам, јас сочуствувам и си угодувам на себе.

Или, сепак има избрана група на јас, обожена и со сите слободи, затоа што и се подразбираат сами по себе?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom