Ова немој да мислиш дека сум тенденциозен према тебе и Исламот, ама даваат пари, особено во Битола, на Ромска популација.
Сведоштво на мајката на еден од по главните вахависти во Битола (Роми, се разбира).
Не бе пријателе, се тера со прање мозга. Прво милост, после се пропагира НЕМИЛОСТ према неверниците. Јас знам дека и тоа е масло на некој НЕ-Муслиман, ама реалноста е таква, да ти сакаш дури и самоубица муслиман да амнестираш. Широкограден тип си.
Како што споменав во коментарот каде што си ме цитирал , дека оние кои примаат пари за да ги обават верските должности и да бидат покорни на Аллах ,тогаш тие не се вистиснки верници муслимани , туку покорни робови на овосветските работи , поточно , робови на парите , а тоа пријателе не постои во вистинскиот ислам , туку во залутани поединци , според кои во никој случај не треба да се суди за исламот според таквите поединци .
Ако некој мисли дека со пари ќе добие Аллахова заштита и награда , и ако мисли дека наместо делата парите ќе ги понесе во гроб и на идниот свет , тогаш се излажал и тоа наголемо .
А ако некој финансирал на пример во изградба на верско училиште , во печатење на исламски книги и едуцирање на муслиманските деца и т.н , тогаш тоа е сосема друго , и не смее да се поврзува или нарекува вехабизам , туку хумано дело кое е една од одликите на исламот .
Шеријатот да беше арен, ќе опстоеше во изворната архаична форма. И тоа не им чини.
Овде грешиш пријателе , не дека шеријатот не бил арен , туку со тек на време народот се навлекол на денешнава „демократија “ .
А демократија го напишав во наводници затоа што ќе ти дадам една споредба меѓу шеријатот и демократијата :
За време на халифетот кога се владеело според шеријатот , за време од
70 години се случиле само
3 кражби , замисли во 70 год. само 3 ситни кражби .
Е сега пријателе направи споредба со шеријатот и денешнава демократија , колку кражби се случуваат во 1 секунда , а да не споменуваме денови , месеци или пак години . И сам одлучи според кој закон би било подобро да се живее , каде што има правда или пак онаму каде што правиот и сиромавиот секогаш ќе бидат прогласувани како виновници ( според денешнава демократија ) .