O
Omer el Faruk
Гостин
:nenene: Ебу Бекир не му бил брат по крв на Мухаммед а.с., туку брат по вера, не мешај поими. Во исламот сите муслимани (верници) се сметаат за браќа. За годините на Ајша имаш цела статија некаде во почетните страници од оваа тема.Како што!
Имал 56 години а земал од брат му керка за жена од 9 години!
Тоа као не е за жалење!
Пророк а имал жена од 9 години!
Ајде бегај!
Патем прашај ги твоите христијански апологети колку години имал Јосиф кога ја зел Марија за жена, и едно потпрашање упати им, зошто баш Светиот Дух ја засенил на Марија кога таа имала 13-14 години?
Според твојот терк и ова е за жалење!
Свет Дух = дел од Тројството, Бог а засенил девојка од 13-14 години. :wink:
:nenene: Со лопата се ринат сличните на тебе кои кога ќе добијат одговор поинаков од што очекувале им доаѓа да пукнат од мака.Вистинска небулоза и контрадикторност со Исламот е да се самоубиеш. Понебулозно и врвно-богохулно е да кажеш дека тоа го правиш во име на Алах.
Ултра-идиотски е да се самоубиеш и да кажеш дека тоа го правиш во име на Бога, а притоа да повлечеш со себе многу невини луѓе (мажи, жени, стари и деца).
И врвот на сето тоа е дека тоа, во најголем број на случаи, го правиш на свои соверници Муслимани и тоа кога идат во џамија или на пазар.
Е сега доаѓаат на ред малоумниците, кои тврдат дека ваквите одвратности се маченички дела. Можете на ИЦ форумот вакви со лопата да ги ринете.
Читај сега, што се пишува на ИЦ за самоубиствените напади:
http://www.islamski-centar.org/forum/showthread.php?t=4859
Почитуваниот доктор и алим, член на Високата комисија за Вискоко тело на Улемата - шејх Салих ибн Февзан, ги нарече тие што извршуваат самоубиствени напади под закрилата на „џихад на Аллаховиот пат“дека се ништо повеќе од обични самоубијци. Извршителите на овие напади спрема него се приклониле на толкување кое е непознато за исламот и е од некои странски идеологии и дека при тоа не ја консултирале улемата, ниту ја учеле исправната доктрина, туку се оддалечиле од муслиманите и се осамиле со лоши советници, по што ги индоктринирале, и потоа почнале да ги сметаат исправни тие постапки кои во исламот немаат никакво втемелување.
Спрема шејхот овие идеи биле причина да се прогласат муслиманите за неверници, да се убиваат деца, жени и старци и невини луѓе, немуслиманите кои се зимии (заштитени во исламска држава), како и на немуслимани со кои постои договор, и воедно со бомби и експлозив да се решават проблемите.
Кога Пратеникот, а.с., бил запрашан при една прилика за смутњите пред Судниот Ден и тој, а.с., ни кажал дека: „Ќе се појават мисионери/повикувачи на вратите на џехенемот, и кој ќе им се отповика ќе биде фрлен во него“. Значи, Пратеникот, а.с., дека се работи за група која ќе се разликува од исламското учење, и патот нивен ќе води во џехенем.
Денес е забележливо дека заради ваквите постапки и муслиманите и немуслиманите со негативно размислување и негодување гледаат во оваа појава која нема силна шеријатска поткрепа. Во денешно време муслиманите не смеат да имаат доверба во луѓето доколку не се сосема сигурни во исправноста на нивната вера, па дури и да се преставуваат како луѓе во кои има добро, доста ибадет и голема љубомора кон исламот. Шејхот ни сугерира за вакви сомнителни работи да се консултира улемата и да се моли возвишениот Аллах за милост.
На крај шејхот Февзан, кој често знаат да го коментираат и самите тие кои што повикуваат на вакви појави, вели дека таа група пред се се приклонила кон таквите идеи од незнаење, оддалеченост од улемата и не замање на знаење од исправната улема.
И како што рече Ремти, точка. Крај!