Еве јас ќе ти кажам зошто не се дозволува :
И самиот знаеш , а и многумина , дека според исламот Аллах е Еден и Единствен , додека според христијанството се верува во Тројство , а тоа во ислам е ширк ( припишување другар , во случајов син на Аллах) што автоматски се смета за голем грев .
А знаејќи дека во црквата ќе се слави Исус (синот на Бога , според христијанството) , значи дека се прави ширк кој е строго забранет во исламот , а знаеме дека КСА е света земја за муслиманите со 99% муслиманско население , дека таму е објавуван Куранот , таму е родната куќа на Мухаммед а.с. каде го започнал и завршил неговото пратеништво , таму е Каба , центарот каде и се обавува Хаџџот на муслиманите и т.н .
Е сега според ова образложеново , доколку се дозволи изградба на црква ( знаејќи дека ќе се прави ширк) со тоа се постапува спротивно на исламот па дури и со самото дозволување да се сноси одговорност како соучесништво во тој ширк од исламски аспект .
А тоа е навистина нешто кое е сосема спротивно на исламот како исток и запад .
Се надевам дека сте задоволни од одговорот .