До тебе Пикасо, биди умен...
Немора да се пикнеш таму кај што не ти е местото...
Сакам да знам дали со ова ми се закануваш?
Јас, лично и персонално како единка, која е независна од ниедна институција и држава, групација, национален идентитет и етникум, независен од верски и религиски институции и секакви нивни корелати, тука го претставувам мојот личен интелектуален и мисловен интегритет, кој до крајна мера е автономен.
Тука, пред ова место, брат ми, кој ми е брат роден од мајка и татко, ќе го пљукам ако сметам дека треба да се пљука. Тој е Христијанин (исто како и таткоми), и дома дебатите се сведуваат на ниво на силна расправија (во тој случај се 2:1, во однос на мене), и сепак ние на крај остануваме браќа и фамилија.
Тука, албанецот не ми игра, доколку тој не го дели истото мислење со мене. Да не си помисли некој дека ќе ме фати на тој сентимент, па ќе мора да бидам негова патерија.
Мразам кога поради свое лично мислење, некој ми се заканува, некој се обидува со ниски финти да дојде до мојот глас и така да ме освои. Јас за разлика од многумина, имам свое, автономно мислење и тоа мислење не можат десет Исусовци и уште толку Мухамедовци да ми го променат. ОВА Е МОЕ МИСЛЕЊЕ, затоа што тука јас сум репрезент на САМИОТ СЕБЕСИ, не на мојата нација, вера, религија, сексуално убедување итн. Зборувам во мое име. Сакал прифатете, сакал не прифатете, ви се молам само без закани!
Туку, хипокризијата* на страна, вие неколкумина кои се расправавте со два-тројца атеисти (нехристијани, во секој случај), притоа ги испонавредивте во многу постови Христијаните, само затоа што мислевте дека се расправате со Христијани.
Ве жалам, но тоа е - неинформираност.
Тоа е исто како јас да те удирам, а ти му враќаш на некој трет што врска нема.
Инаку тој со кој се расправавте го има навредувано, на овој форум, Христијанството многу повеќе од сите ваши смешни провокации и навреди.
*У Саудијска Арабија не може црква али у цел свет мора џамии.
Пријателе, овие луѓе имаат проблем со тоа што се нарекува ЛИЧНО МИСЛЕЊЕ, личен интегритет, лична автономија. Тоа не го разбираат.
Мислат дека ние тука, во случајот јас сум само ваш играч, поткупен, лицемерен, и сакам да им наштетам на муслиманите.
Тоа е грешката. Затоа нема дебата.