Да не знаете луѓе кои што планираат да се разнесат себеси, ако да ,кажете каде за да можам да ги избегнам овие места
![Возбуда :vozbud: :vozbud:](/styles/default/xenforo/emot/vozbud.gif)
Ооо, ... со оглед дека голем дел тука не крстија како муџахедини, терористи, бомбаши самоубијци, итн,ти препорачувам да бегаш од Кајгана форум.
![Тоа е :toe: :toe:](/styles/default/xenforo/emot/toe.gif)
:helou::
Немам се прочитано од темата ако можам да се уклопам у разговоро ок ако не само ќе си читам. Како прво бидејки е такава темата да се преставам дека сум христијанин. Ме интересираат и муслиманството и будизмот. Имам едно прашање според куранот кој ќе убие невин човек и кој по земјата неред шири има грев како да го убил човештвото . Значи прашањето е за што се обвинети т.е зошто се виновни цивилите од 9.11. И не ми е сватливо бомбашите се прогласуваат за маченици убиваат невини цивили и според куранот место да имаат грев тие се прогласуваат за маченици.
Зошто мнозина од муслиманите се терористи и фундаменталисти?
Прашањето за тероризмот често пати им е упатувано на муслиманите,директно или индиректно,во тек на било која дискусија за религијата или за светските збиднувања.Стереотипот на муслиманите е зацврстен во сите видови на медиуми,потпомогнати од тешките дезинформации за исламот и муслиманите.Што повеќе,таквите дезинформации и лажна пропаганда водат до расна и верска дискриминација и тешко насилство.
Во центарот на се е антиисламската кампања во американските медиуми(не заостанува ни Европа),кои,после експлозијата на момбата во Оклахома беа многу брзи-веднаш експлозијата ја поврзаа со “елементите од Блискиот Исток!”.Нешто подоцна,откриен е злочинецот за експлозијата кој бил припадник на американските вооружени сили.
Ајде сега заедно да ги проанализираме овие тврдења за фундаментализмот и тероризмот.
Д
ефиниција на зборот Фундаментализам
Фундаменталист е личноста која што верно ги следи фундаменталните (темелните)доктрини или теологијата која што ја следи.За некој да би бил добар доктор,тој мора да ги познава,следи и практикува фундаментите на медицината.Со други зборови,таквата личност мора да биде медицински фундаменталист.За некој да биде добар математичар,мора да ги познава,следи и практикува фундаментите на математиката како наука.Тој мора да биде фундаменталист во математиката.За некој да би бил добар научник,мора да ги познава,следи и практикува фундаментите на науката.Со други зборови,мора да биде фундаменталист во науката.
Несе сите фундаменталисти исти
Не можете сите фундаменталисти да ги ставате во ист кош.Не можете ,исто така,сите фундаменталисти да ги поделите на добри или лоши.Категоризацијата на фундаменталистите мора да се изврши врз основа на активностите или областа во кои тие се држат до фундаментите.Фундаменталниот плачкаш и разбојник му носи невољи на општеството и затоа е непожелен.Од друга страна,докторот фундаменталист е корисен за општеството и сите длабоко го ценат и почитуваат.
Затоа:
Јас со гордост велам дека сум Муслиман Фундаменталист
Јас сум муслиман фундаменталист кој,со Аллаховата Милост,ги познава,следи и практикува фундаментите (темелите) на Исламот.Вистинскиот муслиман не чувствува срамота да биде фундаменталист.Јас сум горд што сум фундаменталист муслиман,затоа што знам дека вистинскиот исламски фундаменталист може да му донесе САМО ДОБРО на човештвото и целиот свет.Не постои ниту еден исламски фундамент(темел) кој што на луѓето ќе им нанесе било каква штета или дае против некој народ во целина.Многу луѓе негуваат погрешни сфаќања за исламот и сметаат дека некои учења на исламот се лоши.Тоа се случува поради недоволното или неисправното знаење за исламот.Ако некој искрено пријде да го проучува исламот,без сугестии и предрасуди,мора да го примети фактот дека исламот е полн со повластици за луѓето,како на индивидуално,така и на колективно ниво.
Ј
азичкото значење на зборот Фундаменталист
Према Вебстеровиот речник,фундаментализмот е движење кое се појавило кај американските протестанти во почетокот на 20 век.Тоа движење било реакција на модернизмот,а ја нагласувало непогрешливоста на Библијата,не само во верските работи туку и како литерарно историски документ.Инсистирале на тоа дека Библијата е изворна Божја Реч.Значи,зборот фундаментализам во почетокот се употребувал за означување на група христијани кои што верувале дека Библијата е дословна Божја Реч,без никакви грешки и недостатоци.
Према Оксфордскиот речник фундаментализам значи “цврсто држење за старите,односно темелните доктрини на било која религија,нарочито на исламот.”
Денес,било кога ,кога некој ќе го спомне зборот фундаменталист,првенствено се мисли на муслиманот кој што е терорист.
Секој муслиман би требало да биде терорист?
Да,секој муслиман би требало да биде терорист!Но како?
Терорист е секој оној кој што предизвикува терор.Оној момент кога плачкашот ќе го здогледне полицаецот,тој се преплашува.За плачкашот,полицаецот во дадениот момент е терорист.Исто така,секој муслиман би требало да биде им биде терорист на сите антисоцијални елементи на општеството,како што се:плачкашите,преварантите,силеѓиите.Било кога кога таквиот антисоцијален елемент ќе здогледа муслиман,би требало да биде преплашен.Навистина,зборот терорист секогаш се користи за да се опише личноста која спроведува терор над обичните луѓе.Меѓутоа,вистинскиот муслиман би требело да биде тероррист само кон одредена група на луѓе-антисоцијалните елементи во општеството,а не кон обичните,недолжни луѓе.Што повеќе,муслиманот би морал да биде извор на сигурноста за обичните,недолжни луѓе.
Различни етикети за иста група на луѓе и за исти дела кои ги прават
Индија пред да ја стекне независноста од Велика Британија,некои индијски борци за слобода,кои не пристанувале на мировни спогодби,од страна на владата на Велика Британија се означени како терористи.Истите тие борци биле пофалувани од страна на индискиот народ,за истите тие дела,дури се нарекувани патриоти.(Потсетете се на Солунските атентатори,на Илинденското Востание,Гоце Делчев ,НОБ,итн,што биле овие за едната а што за другата страна,само ќе ве молам истиот критериум да го задржите и за борците во Авганистан,Ирак,Палестина,Чеченија итн).
Ова значи дека на една иста група луѓе,со потполно исти дела која ги правела,и се доделувани две спротивни етикети.Едните ги наречувале терористи,а другите патриоти.Оние кои што верувале дека Велика Британија има право на владеење со Индија ги сметале овие борци за терористи,додека другите кои биле на ставот дека Велика Британија нема право да владее со Индија,истата група на луѓе ја нарекувале патриоти и борци за слобода.
Поради тоа е многу битно да ја сослушате личноста,пред да донесете суд за неа.Мора да се сослушаат аргументите од двете страни,комплетната состојба да биде проанализирана,потоа мора да се земаат во обзир менталните способности и способностите за расудување на личноста,како и нејзините намери,па дури тогаш можете да се надевате дека ќе донесете исправен суд.
Ислам значи МИР
Зборот Ислам потекнува од зборот Селам,што значи мир.Ислам е вера на мирот,чии што фундаменти ги учат на следбениците да го обезбедуваат и чуваат мирот низ целиот свет.
Затоа немојте да се чудите што секој муслиман би требело да биде фундаменталист,т.е. би требело да ги следи и практикува фундаментите на верата на мирот-Ислам.Муслиманот може да биде терорист само према антисоцијалните елементи на општеството,како би допринесол за севкупниот мир и сигурност во целиот свет.