Björn
Does Your Mother Know?
- Член од
- 14 август 2006
- Мислења
- 45.052
- Поени од реакции
- 83.497
Воопшто не разбирам зошто цело време ми лепите етикета на мразач на Исламот и Муслиманите?Човече за жалење си! Твојата злоба и омраза кон исламот и муслиманите може сериозно да ти го наруши здравјето. Немој бре до толку да си го земаш на срце тоа, едноставно сфати дека ние сме реалност и помири се со тоа, бидејќи колку и да вложуваш напор да го промениш тоа, нема да ти успее.
-Затоа што сум против бомбашите самоубијци, чии убиства на невини луѓе се прогласувани за мачеништва?
-Затоа што сум пред се против оние кои ваквите гнасни дела ги подржуваат и со тоа го валкаат чесното лице на Муслиманите?
Бомбашите самоубијци кои убиваат невини луѓе, само му шкодат на угледот на Исламот. Од вас (а и на форумот ИЦ) добивам/читам одговори дека тие имаат право да го праат тоа. Дури и добив многу смешен одговор дека и јас тоа би им го направил на албанските невини цивили, доколку би решиле да го отцепат Бит Пазар! WTF? Зошто некој по било која основа би оправдувал убивање на невини цивили? Па уште во име на Бога!
Или дека за тоа ќе добиел награда од Бога...
Тоа ако не е создавање на лоша слика за сопствената религија, не знам што е.
Јас сум против тоа и не гледам ништо анти-исламско тука!
...а за израел е друга приказна а ќе ти ја доловам вака :
ВО БИТПАЗАР ЖИВЕАТ АЛБАНЦИ поголемиот дел од населениоето е албанско, е сега, ако овие албанци во битпазар се изградат во ѕидини и речат: ова од денес е своја држава, и нема да има ништо со Македонците и Македонија , нема да плаќа данок, нема да ги почитува изреченеите закони на оваа држава и тн....
ШТО ТИ , КАКО СОВЕСЕН И ЧОВЕК СО ЗДРАВ РАЗУМ ЌЕ КАЖЕШ НА ОВАА ПОСТАПКА И ОДЛУКА НА ОВИЕ ОД БИТПАЗАР !!!
-Никаде не реков дека сум против џамија на плоштад! Само прашав зошто хипокризија и двојни аршини по тоа прашање, со примерот на Саудиска Арабија.
На тоа добив одговор дека тоа е света земја, па затоа попусто им на Христијаните таму да добијат храм. Не добив ниту еден цитат од Куранот, каде вели дека не смее да се гради црква на Арабијскиот полуостров, или барем цитат од Хадис.
Наместо тоа добив навредувачка (за било чија интелегенција) споредба со Ватикан (со 0 Муслимани и површина од еден километар квадратен).
Тука исто така е смешно да се тврди дека станува збор за анти-исламско расположение од моја страна.
-Или за цитатот од Куранот за облекувањето на жената. Мое лично мислење е дека вие верските фанатици погрешно го толкувате тој дел. Толку. Можеби моето мислење е субјективно, но не е анти-исламско.
-Ништо анти-исламско нема ниту во фактот што барам да не го навредувате Господ во секоја тема, велејќи дека не е Бог. Тоа од вас го барам само заради фактот што и вие уште построго, ги барате истите работи од тие кои не се Муслимани.
Доклку продолжувате со тоа, не гледам зошто би се лутеле кога некој би го применил истото кон вас.
Но и покрај тоа, јас лично на пример, никаде не сум рекол ништо против Мухамед и го осудувам секој што го прави тоа.
Лепењето етикети и личните навреди (кои не ги ни спомнав до сега) ви се единствениот начин на одбрана на ставовите?
Прашањето е зошто двојни аршини и нетолеранција?